Е арно де Биљарке. Не се форсирани мајкиве, сакаат Премногу значење давате на се'. Ми е гајле за традиција искрено. Ако не ми чини не правам. Ако ми чини правам. На другаркиве им чинело, се радувале, сме ги тинтареле тој ден, сме се смееле до солзи и што? Не мора да е "бејби шауер". Предпородилна дружба ако не. Што е воопшто важно "чие е", додека на сите засегнати им е убаво? Еве и околу еха и сл. Па мајка му на беблак после прво "гледање" одма ми прати слики од ехото. И на секое беше така. И бев со неа на "гледање". И таа скоро и не памти, оти зашеметена, дека кога и го донесоа бебето фејс тајм ми го пушти Јас од среќа на се' ова плачев. Можеби сме различни, ама дека "фалабогу" некој прави како мене, не би рекла. Таа немаше ни најмалку страв или лоши мисли "што ако нешто се случи".
Штета, баш ме интересираше дали ова сеуште се практикува. Кај мене овде има бејби шауер парти оддамна. И мачки има по улица се шетаат по своја желба. Впрочем адетите им се скроз модернизирани. И купените колички дома си ги носат. Прв пат слушам да германец остава кај стрина количка и креветче пред породување. И дека стрина му баш блиску до него живее. Интересно. Се задржала фамилијата на мал метар квадратен. Остатокот е по желба се разбира. Ти ако не сакаш секако е твое право ти си мајка на тоа бебе.
суеверието е страшна раб.Кај нас честа појава е и криење на бременост.Јер ако кажеш одма постои ризик дека ке се деси нешто
Ама Џојке, не дека ќе кажеш па нешто ќе се случи, туку постои ризик дека нешто може да се случи. Не правам муабет за магии, вадење жива или штотијазнам, ниту за метли и што уште сенешто што првпат на форумов сум прочитала дека постои. За ова што ти го кажуваш, не гледам суеверие, реално и медицински докажано, првото тромесечие од бременост е неизвесно. А и раѓањето да беше така едноставно немаше да се бараат болници, подобри и најдобри доктори. Малку повеќе воздржаност никогаш не е на одмет. Прво скокни па речи оп. Речи го суеверие, јас го викам здрав разум.
скокнав јас одамна Имам 4 бремености зад мене Две изгубени две еве ги до мене лежат Врска немаше дали кажав некому пред тоа нешто или не
Јас не знам како се прави шаор во Мкд. но еве ќе ти кажам за Македонците во Америка дека ги тераат сите македонски традиции, мекици, повојници па збирање гости денот кога се родило бебето со 300 музики, тапани,јадења пијанчење до трт и назад , значи традициите се поштуваат плус си прифатиле и американски работи и прават и шаори. Пак за американциве зборувам, нај блиските и од како ќе се роди бебето пак од мерак купуваат по нешто а не од е како да појдам сега со празни раце Шаор се прави за прво бебе ради тоа што ги добиваш нај битните работи што ти требаат од креветче, количка, транспортер итн. и со истите ќе поминеш и за второ па и трето дете. Сега за нашиве, нај блиските и кој што му е мерак прават дупли трошок не дека мораат туку дека сакаат, на болница сите идат со благо, мече и балони плус на повојница со алиштенца и такви работи а пред тоа ти биле и на шаор.
Јас не го сметав, купував х2 па се деси што се деси и после уште потешко ми беше кога требаше да го земаме во транспортер кој имав предвидено и за другото, па со плачење реков да се замени. Нема врска, ама боли ете кога ќе ги види човек работите што ги купил. За наредна ништо, си реков оддамна тоа. Здрави и живо, нека е и жеснко, во плаво ќе си ја облекувам, ќе си спие во количка од братче. .
Не знам јас како би постапила. Да дознаам дека сум бремена, шансите дека после мим и семејство и другаЧка, вас прво ќе ви кажам во 40ка... се огромни. Еве замислувам. Сосе тест, сосе чорпи сосе се' Мислам дека ќе бидам толку возбудена, што нема ни да мислам на друго.
Немој само да се зафркнеш како мене Кажи си ти прво на мт, семејството, после тука.. зш тука шпиони има Кои ке истрчаат пред тебе да кажат
Ако се предомислиш, прво тука да кажеш, после дома. Разбра? Бејби шауер ми е ок како идеја, иако јас не правев (искрено не ни помислив). Ама зошто да не, ако тоа ја прави среќна идната мајка, go for it. Не сум била на ваков тип на забава, никоја од другаркиве со деца не правела такво нешто, а баш би сакала да одам. Кој што си сака, тоа нек си прави
Тука ке кажам само, после дома немора да кажам, таман олесната работа. Пиши и сите знаат За baby shower јас лично не би правела, што знам.. зашто не е наша традиција, не сум ни помислила на таква забава (а две родив). Ама па не сум против, баш би сакала да одам на таква забава, баш како што кажа некој погоре, тоа би било нешто како собиранка пред мајката да се породи, повеќе како дружба.. во која ете ке си добие некое поклонче.
Ама ова најлошово како го доживувате? Криете дека сте бремени до крај? И никој не би знаел за најлошото?! Тие 5 - 6 другарки со кои сме правеле шауери ми се една од најголемите поддршки и во најлошото. Или "малерот" е во самата забава? Демек дека прави забава затоа следи лошо?
Ако неќиш нешто да го прајш - не го прајш. Едноставно е. Не мора и средината околу тебе/ мене, да се прилагодва, средината прави како што им е подобро, како што и јас одлучувам да правам како што ми е подобро. Жал ми е што си се нашла во таква ситуација. Навистина. Ама како мајка (колку шо сфатив си, или ете, потенцијална мајка), кога остануваш трудна мислиш дека можеби нема да бидни или сакаш да живееш во моментот и се шо ќе ти фати око за малецкото го сакаш? Исто така, како поќе се ближи мајка до пораѓај влегва во период на "nesting", кај шо сака да си го среди "гнездото" за малото. Малку, бар мене, ми е апсурдно да некоја се спротиставува на тој едноставен инстикт. Се најдобро!
@theowndemon сум, да Со голем мерак и превртување на очи кога ќе ми кажеа не брзај, ја со толкав стомак купив дупли раб. На крај излезе да раѓам пред време, а дома ништо средено. Додека лежев во болница маж, свекрва, мајка,татко, сестра се спремија. Дојдов дома и рикнав да плачам. Мерак голем, ама бебе во инкубатор. На крај викам со кој памет (+12кг во стомак) јас се малтретирав. Ако гледаме така со оглед на ситуација мене ни до мекици не ми беше. Ама ете, друго дете живо, здраво,исто и јас....така и за ова. Кој сака нека си прави, среќата е огромна, ама јас наредна бременост ќе си ја поминам како да не сум бремена да се замарам со ситници. Ќе си галам стомак, ќе си уживам со синко. Поводи за славење има милион. Конкретно baby shower ми е како наметната америчка глупост, исто како она со балони пукање (не ми текнува како се викаше) за полот. Врескаат и за машко и за женско. Демек полот не е битен, ама ајде сите да се соберат да дознаат.
Зависи од организаторот Дали е замислено како дружба со ситници, или прав шауер, односно поклон сега, а не за повојница.