Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby shower party...бебето доаѓа

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 18 април 2013.

  1. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Па повикана сум ама ништо не е нагласено и во мисл сум што да купам
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Јас како здравје Боже идна мајка во последно време како купуваме и се спремаме за бебе се соочувам со коментари од типот " не купувај се,ќе ти донесат нешто".
    Како да чекам да ми донесат нешто што ми е неопходно за бебе? Нормално дека се ќе купам сама,од облека,козметика,крупни работи,гаџети и сл. затоа што ќе ми треба,таман работа да чекам некој да ми донесе.
    Како што знаете кај нас "на бебе" на гости доаѓаат после 40 дена нели па секој носи нешто,најчесто облека па претпоставувам ни се трупа.
    Во принцип не сум за преземање се и сешто од странство и претерување ама "baby shower" собиранките се многу паметна работа,сите носат поклони за бепка па после си сумираш што ти фали и докупуваш,плус се избегнува тоа пречекување гости дома после со мало бебе.
    Би сакала да продискутираме на оваа тема.
     
    На Осе, Jana06, Pregmam и 9 други им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Сум видела дека веќе некој го практикуваат и кај нас, според мене паметна работа е толку глупости преземаме од странство па зашто да не и ова. Според мене ова е 100 пати подобро него глупости што се за откривање на полот на бебето.
     
    На PurpleMind, Dee*Tee, Pacient srna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Како да не купиш се, бебето голо ли ке е додека да дојдат гостите? (facepalm)
    Крупни работи, алишта за барем еден месец, козметика, каде без тоа? Малку е мачно по пораѓај да се справиш со болки, доење (кое може да биде предизвик), премор, можеби и грчеви, па уште и без целосна опрема да си.
     
    На Stressed Out и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас порано носев подарок за бебето на мекици кога ќе одевме. И чиста работа. Ниту осеќаш обврска дека мора да одиш, ниту ги ставаш родителите во брканица да пречекуваат гости. Искрено тоа ми е најубав дел од пандемијава, никој не ми дојде на бебе. Пред да се породам, најблиските (сестра ми, мајка ми, јатрва ми) ми купија некои работи од алишта и ми ги дадоа пред да се породам за да ги исперам. Родителите мои и на мм ни дадоа пари да си купиме креветче и количка. Пријателите, блиските роднини и кумовите ни пратија подароци кога си дојдовме дома од болница, се си беше наместено.
    Искрено не сум за правење помпезни забави со торти и балони за неродено бебе. Со блиските секако ќе зборнеш ќе прашаат и ќе им кажеш што ти треба, не мора да има забава за да се донесат подароците.
     
    На Осе, cresa-jagoda, BY<3 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 @Lovebug01 не мора да е помпезна собиранката,мало обележје.
    Таман работа да не купиш ништо,ама пример купувам подлога за повивање,играчки за над креветче и сл. е ако некој ми ги донесел претходно не би се изложувале на таков трошок,тоа ми беше од прилика поентата.
    Баш ќе ја расчитам темава,не видов дека има па отварав нова.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Погрешно си ме разбрала. Јас велам дека не може бебе да чекаш неспремен. А ваква забава е добра идеја.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Многу подобро е baby shower отколку после да трчам да пречекувам гости.Се ми се чини повеќе работа можев да завршам трудна :) Плус и ова со поклоните држи вода, ќе знам што да не купувам.
    Планирав да правам ваква забава, во потесен круг, таман и пред нова година кога сите нели се собираат во различни формати за да се видат, ама еве пандемијава ни ги смени плановите, не направив ништо.
    Нема везе, бебето и без тоа е здраво и право. Ја се опремив фул пред да се породам. Свекрва ми на време ми ги даде алиштенцата што го купила да ги исперам а мајка ми купувала поголемки парчиња намерно.
    Луѓе што сакаа да пратат подарок прашуваа имате ли ова, имате ли она, да не купуваат бадијала.
     
    На Осе, Jana06, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Ех што не се попорими во Мк, за една бебешка забава (Baby shower) сега.

    Јас не правев ваква забава. За време на пандемија, не смее да се собираме повеќе луѓе (иако во нашата земја е друга сликата) почнаа да се прават пак свадби (зашто инаку нема да е признаен бракот ако се прави само матично)

    Јас за децата правев забава за откривање на полот
    Screenshot_20210214_141621.jpg Screenshot_20210214_141420.jpg Screenshot_20210214_141355.jpg
    . Купив балон со конфети внатре, направив торта со m&m во боја внатре. И супер изненадување беше за децата.
    Поклони добивав после пород, најчесто беа пакет пелени или пари. Од најблиските бев прашана што ни фали и тоа ни донесоа.
     
    На mariz, Stressed Out, Fatalnata и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    9.209
    Ако некој сака да купи нешто има мекици и таму се носат подароци за бебето, така да најдобро е тие што планираат да одат и на повојница после месец или два подарокот да си однесат на мекиците.

    Поради ситуацијата ни носат дома што мислам дека е поинтересно и назад им праќам подарок.

    Глупо секоја вечер да ти доаѓаат гости и да го вознемируваат бебето.

    Јас сум против вакви работи. Откривање пол мислам дека треба да е во круг на фамилија, а не на фб и инстаграм.
    На другарка и кажаа женско се изнакупи, па после машко.
    Плус причина зошто сум против вакви објавувања и собирања. На нероден Петко капа му кројат.
     
    На Gosh, Осе, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.008
    ^ па секако на другарката ако веќе и кажале нормално дека ќе се спрема, независно дали го споделила со други или не. Како се спремате поинаку за бебе кога е на пат? Купувате од како бебе ќе дојде?
    Јас не живеам Мк, од прво ми беше глупаво да правам Baby Shower, ама кога размислив поубаво баш е паметно. Јас секако мора предвреме да се спремам со работи за бебето, да имам се спремно за кога ќе дојде на свет, ако веќе размислуваме негативно тоа е веќе друг сплет на околности.
    Од голема помош е за родителите. Online си правиш листа од работи што ти требаат, ти купуваат од таму и ќе знаеш друго што да докупиш. Јас добив повеќе големи работи кои секако ќе ми требаа и би ги купила и сама.
    На мекици ќе дојдат сите со боди и алишта поголеми за следната година, што нема ни да ти служат тогаш кога ќе ти требаат.
     
    На ane.bella, CameliaMiller, Kaja991 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.446
    Пол:
    Женски
    Мене тие алишта од повојница поголемите супер ми дојдоа.
    За бебето се спремав пред да се породам што е нормално, ама гоелм дел од работите ги купував откако се роди и откако видов што му одговара на бебето. На пример добив релаксатор кој го бебето го користеше како коњ за јавање откако прооде зашто како бебе не можеше да го смисли. Ми го подари блиска другарка со две деца кои пораснаа во релаксатор.Мене ми беше релаксатор на список на желби. Ама ете бебе не го сакаше. И ќе го сфатев тоа и сама и ќе побарав нешто што повеќе ќе ни одговараше ако имав можност да бирам подарок по раќањето на бебето. Ќе побарав убава подлога за под (која подоцна и ја добив како поклон) и на која бебето буквално порасна зашто ја обожаваше таа положба наспроти мекоста на релаксаторот.
    Секако на повојница на блиските ќе им кажеш што ти треба, другите ќе ти донесат што мислат.
    Списокот онлајн може да се направи и за повојница, во некои градови на мекици се носат подароци од сите, на повојница доаѓаат само најблиски дома со претходна најава.
    Така што суштината е едно (кој што ќе донесе) формата е сосема различна работа (дали пред раѓање на бебето како што е традиција во некои земји или по раѓање на бебето како што е традиција кај нас).
     
    На Quincy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    И кај нас не е секаде иста традицијата... пр не секаде прават мекици, како во Скопје.

    Исто, на мекици се носи нешто благо и алкохол, за бебето се носи на повојница кај што секое семејство посебно оди нели на гости.

    Во западна нема повојница, има бабино, што е како бејби шауер ама откако ќе се роди бебето, исто само жени се собираат.

    Секој нека прави како му е ќеиф на душата.
     
    На ane.bella и Quincy им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.446
    Пол:
    Женски
    Различни градови, села различни традиции.
    Јас правев и мекиви во Скопје и мекици во друг град во Западниот дел од државата. Во Скопје се правата брзо по раќање на бебето и се носи благо и пијалок. Во градот каде што правев мекиците се по месец/два и се носи подарок за бебето (како бабиње наместо дома да се собираат по дома ова модернизација на традиција му доаѓа).

    Мене повеќе ми беше во насока дека не сме ни ние нешто многу далеку од тој тип на дарување на бебе само што кај нас „журката„ се случува откако ќе се роди бебето, не пред тоа. И не знам зошто би требало да менуваме нешто.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.777
    Допаѓања:
    266.808
    Не треба ништо.
    Како ни' е мерак така :)
     
  16. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.008
    Даруваат и овде после Baby shower од како ќе дојде бебето на свет да го видат, претежно носат алишта, пелени такви ствари потребни не останува само што ти донеле на таа "журка"
     
  17. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    3.775
    Пол:
    Женски
    Што подарок се носи?
     
  18. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Јас сум поканета на ваква забава меѓутоа мајката т.е. другарка ми сама си организирала и купила се,ние само да се појавиме,ама неможеме да одиме со празни раце некој предлог што да однесеме,инаку она си е маанџика затоа сама си организирала.Знам дека тоа треба да биде изненадување од нас исто како моминска невестата ништо не носи во случајов мајката ама ете така си сакала.Што мислите за ваква забава дали е подобро од одење на повојница?Јас мислам сепак ќе доаѓаат на повојница да го видат бебето ,пример кај мене за двете деца немаше ваква забава,за првото скоро секој ден гости а за второто одма после 40 дена направивме крштевка и ги поканивме сите блиски роднини.
    Немам против ваква забава ама па шубе ми е на нероден Петко капа да му кроиме.
     
    На sani99 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  19. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Искрено поглупа работа нема наметната од запад. Јас за син ми не правев. Мислам се носи нешто за бебето, ако знаеш пол купи му нешто комплетче алишта, играче. Да прашаш што им треба сигурно веќе имаат спремено се. Нека е и за поголемко аливце ќе им биде најискористено, оти бебе е се преслеква сто пати денот. За мајката можи нешто благо така, бомбоњера или мало тортиче,колачи, мафини.
     
    На Снегулк@23 и Pa8la им се допаѓа ова.
  20. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    И јас не правев за двете
    И јас не правев за двете,сега многу почнаа кај нас да прават.