Нема да враќам луѓе бе. Значи повојница е всушност посета на гости кои идат не организирано во еден ден,туку кој кога може. Хм, тоа мене не ми личи на адет. (Можеби затоа што не им придавам значење) туку едноставно гости ќе ми дојдат, ќе си поседиме кафе-мафе, муабет и ќе го видат бебето. Не знам, навистина не ми изгледа како адет. А за макици, пак ќе кажам сум да се прослави раѓањето,кој како сака, не мора со мекици. (А и со мекици другарка ми сега треба да се породи со трето дете и му вика на маж и овој пат барем една мекица да проба, значи мајката не е дел од ова па baby shower мене ми изгледа како мекици за мајката )
Како бе мекица не пробала мајката :geek: Тука кај нас прво на мајката се дава мекица па после другите да јадат, Дека тоа е за бебето и се што се носи за бебето треба прво мајката да проба, а после останатите ах бе секоја куќа свој адет значи!
Затоа што мајката и бебето уште се во болница кога се прават мекиците. Значи има и некои кои ги прават мекиците кога ќе дојде мајката дома (или во болница и се носи?) Море, секој ден учам нешто ново. Спојлер (ако би сакал мм да прави мекици, а не сака :up: ќе му кажам нека прави додека сум во болница. не сакам само што ќе дојдам дома да морам да забавувам 20-30луѓе, и не сакам толку гужва околу бебето толку рано)
да да во болница и се носи па потоа таткото си собира роднини и пријатели па јадат мекици Ги прави свекрвата ако е тука, мене ми ги правеше тетка
Добро утро женски. Јас будна веќе 3ч уште малце и време за ручек ќе ми биде Сите спијат по дома (мм и гости) па викам ај да споделам искуство од вчера. Супер беше. Ептен убаво си поминав. Секоја донела од дома нешто што направила за мезење (салати, благо, кифли ваму-таму занете како одат тие работи) Тие пиеа мимози а јас скоче од црвен портокал Игравме неколку игри и беше ептен забавно. Да погодат колкаво ми е мешето, па од исечоци од слики од мене и од мм прават како ќе изгледа бебто, квиз...Абе смешки. И си добив супер поклони, секој од нив ќе го отепам од користење (кортице,душече за пресоблекување, постелнини, торба за пелени...ама од сите најслатко ми беше едно боди, му пишува I love my mommy може дека беше иста боја како блузата што ја носев или дека е минијатурно за 0 месеци) Сега на ред е на мене да организирам, и тоа 2 И да ви кажам иако се беше супер, супер најсупер она што највеќе ми се сивѓаше е тоа што бевме собрани женски, најблиски пријателки (посебно на крај кога повеќето си отидоа) и муабети муабети...мераци
Јас сум била еднаш на ваква собиранка, скоро беше, пред неколку месеци. Дефинитивно е попрактично од повојница затоа што пред време ќе имаш се, додека повојница почнува по 40 дена од раѓањето на бебето, а до тогаш веќе секако мора да имаш се, тогаш многу помалку ти треба поддршка Само традиција си е традиција, повојница не може да се избегне Интересно беше тоа што имаше некој квиз, половина за прашања поврзани со бебиња, половина општи работи, па се разви натпреварувачки дух, а тоа секако те полни со енергија. Тоа што не ми се допадна многу беше лигавењето при отворањето на подароците. Лелееее, ама е цаканкоооо... Генерално се ежам од такви појави кои мислам дека се неизбежни на бејби шауер, ама тоа што не ми се допаѓа лигавење е првенствено мој проблем Го препорачувам како собиранка со најблиските другарки - убав настан е, а тие секако нема да ти дојдат на класична повојница после 40 дена... барем моиве не издржаа ни 2 саати после породување, одма ми дојдоа во болница И откако дојдов дома со бебето беа со мене речиси секој ден.
Мене ова многу интересно и забавно ми изгледа. Убаво е што сите се собираат, вклучувајќи ја мајката. Прашање на време е кога ова општо ќе биде прифатено и кога ќе се американизираме до максимум, со агенции за организирање и се со ред. Мислам дека дури тогаш навистина ќе има жестоки полемики дали да се прават мекици или не. Како за сите работи, свадби вакви - свадби такви, момински, ергенски, брајдсмејдс... чуда или не сакам свадба па сакам ама не ваква, или не венчаница, фустанче бело (да го износам повеќе пати , како никогаш да не сме купиле алишта за една употреба ) Тука не зборувам за прескапите венчаници и китенки со Сваровски од женски пазар . Или сакам мекици ама не традиционални, нека бидат ванилици или ѓевреци... мекици се ту мејнстрим. Лично не знам дали во иднина би правела baby shower, ама во секој случај е интересна идеја. И тука најмалку се работи за подароците според мене. Тоа би било едно убаво дружење во секој случај и не мора да се вика baby shower.
Свеки моја бидејќи имам спомнато дека живее у странство, оди на вакви работи, и сега мене ми кажува колку било интересно сето тоа,. И мене ми е интересно, повеќе практично (кажа некоја погоре) затоа што ем ќе ги собереш најблиските на повојница на еден трошок,па не мора да се чекаат 40 дена, па да собираш секој ден гости бла бла. Е кај нас ова со мекиците, не се мекици, туку КРОФНИ, и ги прават мајката и свекрвата, значи се собираат само жени на двете места и се прави седенка(притоа без обврска да носат поклони за бебето, и никоја не носи) а мажот прави забава(доколку е во можност и му е кеф) во кафана со најблиско друштво, па ние често знаеме да се насмееме дека мажите крофните ги јадат во кафана : . Додека пак, свекрвата носи крофни веднаш наредниот ден по пораѓајот во болница кај мајката, да се почастат сестри, доктори и присутни во собата, а таткото носи на работа и кај него и кај сопругата. Порано, се јаделе само крофни со шеќер, но сега се е измодернизирано, па покрај крофните се ставаат и кифли, оредвери се прават слатки и секакви други работи. Мене лично овој обичај ете ми е посебен, без разлика во колкава мера се одбележува и пак ќе кажам само со добра мисла да помине се.
Мене лично воопшто не ми се допаѓа овој вид прослава. Непотребно притресување, украси во бебешки стил, па китење, па одбирање локација, па трошоци за пиење, јадење, ако е дома, па дали е во ред на трудница дома еден куп жени?? Па гракање, муабети околку бремености, бебиња, пелени. Мислам во ред е да се види трудницата со блиски луѓе пред породување, да добие кураж, поддршка, ама големи славја со жена чиј водењак ќе пукне во секој момент...I don't think so. Сум ги слушала тие што организирале ваков вид забави, па такво потресување какви ќе биле масите, столиците, украсите, оф мори мајко, па тематски забави, па лигавење, па сечење, лепење... Свадба кога правев бев попрактична од ова. Патем, немав повојници, блиски луѓе дојдоа кога ги поканив, кога малку се прибравме со бебето, не сите во исто време, ама секако во време кое нам ни беше најпогодно.Падобранци немав и фала Богу немам такви во опкружување. Што се однесува до практичните поклони, прашање е колку ќе ви завршат работа. Ви купиле комплет Бекутан, ама брзо потоа не ви врши работа, зошто ви треба Еуцерин, или не знам што. Ми купија Мустела, ама ич не му пријаше на детео. Па колку утки во облека, тамам стасало за неа, се сменило годишно време. И самите на неродено дете му купуваме некој пат утки, не па некој друг.
Мене не ми се допаѓа и не би правела ваква забава. Нека се роди бебето па после забави од секаков тип. Неубаво ми е да се прави забава за сеуште неродено дете. Можеби сум традиционален тип и тешко прифаќам вакви работи, ама ми е нелогично да ми доаѓаат со поклони а јас сеуште бремена. Од страна гледано изгледа симпатично, ама јас не би сакала
Не ми е ни симпатично. Ги гледам трудни на фотки,ќе препукне од стомак, а овие околу лиги и прават со коктели, винца и што уште не. Не дај Боже, па да и разврзат муабети за тоа што ја чека, за тешки породувања и не знам што. Ритуалов ми е безмалку ,, пагански,, ќе играме и се веселиме чекајќи го бебето да го види светов.
"На нероден Петко капа му кројат",многу мои роднини од странство прават baby shower,во ресторани накинџурено со балони,разгледници,шишињаи ред други работи.Не ми се допаѓа тој вид на прослава пред да се роди бебе.Ако е до толку за таква забава во ресторан подобро е бебето кога ќе се роди па и тоа да го има на слики, а не во стомак
Странците не размислуваат како нас мислам.Далеку се попозитивни и не размислуваат дека нешто може наопаку да тргне.Забавата секако ја прават во деветти месец само неколку дена пред краен термин .Ако гледаме како на нероден петко онда не треба ни бебешки соби предвреме да правиме ни тракатанци,играчки и куп алишта да купуваме
Се согласувам со @joy1 , ако е тоа капа кроење пред време, тогаш зошто купуваме количка, креветче, облека итн. пред да се роди бебчо? Еве јас случајно дознав дека моја братучедка организира да ми прават Baby shower и едвај чекам Зарем не е прекрасно чувството да знаеш дека некој помислил на тебе и сака да те изненади? Еве здравје, јас ќе споделам искуство... п.с. Сигурно нема да пиеме алкохол и да ми набиваат стресови за тоа што ме чека, си ги знам блиските
Другарките денес ме изненадија со baby shower и подарок за бебе ♡ Лани прв пат правевме на една другарка, со декорации, поклони и се.. така и за мене ама не очекував вечерва дека некако ептен рано 35+2 сум... Сакав да споделам дека баш преубаво беше и да прашам дали уште на некоја и правеле, ќе и прават или дали воопшто си правите меѓу другарките? Американска традиција е... ама ете ја затеравме во друштво
I jas nesum za praznuvanja na amerikanski obicai no ovaa za baby shower e nesto mnogu porazumno za razlika od nasata povojnica. Eve ke vidite (tie sto doprva cekate bebce) koga ke pocnat da ti idat na bebe posle 40te dena, ti uste ne si zakrepnala, uste se prilagoduvas na novata situacija, nespieni noki, umor, baska bebe uste cica moze na saat vreme-dva, pa tolku ti doslo do gosti da precekuvas na povojnica. Sepak koga si so bebe nemoze doma da ti e sekogas sredeno podredeno, pa i da raskrevas za gostite....ne, ne epten mi bese mene macno koga mi se zaredija na gosti za bebe, nemav sili i merak da sedam so gosti. Prv pat sum ZA. amerikanski obicaj i tradicija... i drugo, ne e poklonot najvazen, no i taka i taka na povojnica ne doaga nikoj so prazni race, site nosat podarok, pa taka na baby shower ke ti donesat pred vreme podaroci i ti nema da kupuvas ona sto veke ti go donele, ke ti pomognat i so toj del okolu neobhodnite bebeski raboti koi sekako site gi kupuvat pred da se rodi bebeto.
Јас ја сакам традицијата на мекици, сиренце и слично, но повеќе ми се допаѓа концептот на baby shower. Искрено денеска се претерува со мекицити и чекањето на гости по кафани, со јадења, меса, торти, музики, уште малку и мекиците како такви ќе ги заборават. За разлика од мекици, пр. baby shower е многу скромно во врска со јадење, секако има јадење, но тоа е обично шведска маса со јадења по избор, благо и солено и нема баш некои правила што треба да има или нема. И друга работа што особено ми се допаѓа, е тоа што baby shower се прави некаде околу 8-миот месец од бременоста, па сите подароци ги добиваш уште пред да се роди бебето, за разлика од мекиците кај нас што се прават по раѓањето на детето и на тој начин честопати се завршува со една иста дупла работа за бебето, па мора да се иде и да се враќа подарокот.
Za tradicijata so mekicite nemam nisto protiv, bas mi e ubava, (vo mojod grad ne e kako vo poveketo gradovi kako sto pravat, so bogata i raznovidna sofra, tuku se sluzat isklucivo mekici, sirenje i lokum-nisto drugo, se zacuvalo kako od staro vreme, ne e modernizirano, i odat samo zeni) I nenosat podaroci, a samo bonbonieri (vo posledno vreme stanuvat prakticni zenite i namesto bonboniera nosat primer vlazni maramici, samponce, ligavce...) no epten simbolicen podarok. No povojnica kako sto pisav i pogore za mene e poveke macenje za majkata i bebeto.
Секој град различни адети . Кај нас пример нема повојница, само мекици со подароци, а за дома се знае само ептен најблиските ќе ти дојдат, ама па најблиските не ги ни осеќаме како гости па не ни треба притресување.