Не гледам ништо лошо во еден повод за прослава и забава. Секако се купува од напред за бебе. И моминските забави се "дојдени" од надвор па никој не се буни толку. Дали јас би правела не знам уште, ќе размислувам за тоа ако се одлучам да имам дете во иднина.
Па тоа ми е зборот, вака најблиските ќе и донесат што и треба пред да се роди. Таму немаат повојници.
Па подобро на повојници да ми доаѓаат отколку на неродено дете. Извинете ако некој навредувам ама многу е глупо ова на неродено дете забава да му правам. На неродено...
Првпат за овој поим слушнав пред 2 години кога и правеа на золва ми. Ама не е она во Мк таква била традицијата кај неа.Таа беше среќна дека ќе има таква забава и доби бебето многу облека. Доаѓањето на бебето е секако е прекрасно и треба да се радуваме и славиме . Кај нас е само поговорката на нероден петко капа му кроиш.Па јас мојата мора во градинка да ја запишам кога бев 13 недела трудна инаку немше да најдам градинка.На кој кажав сите исто кажаа на нероден петко капа му кроиш Си кажав не дај Боже да се слѕчи нешто ќе го откажам местото, па се излезе на добро
Рефке се прави бејби шауер крај на 8ми - почеток на 9ти месец Кога веќе Петко на велико се очекува Секако на бебињата пред да се родат им се купуваат работи, а бејби шауерот е настан за мајката, мене ми е многу симпатично.
Можеби тебе ти е симпатично,некому не. Нека се роди,па ќе славиме....ама прво да се роди и се да е во ред Јас не би вакво нешто. На скокањето и ОП мислев не жената да е пред раѓање, туку да се роди бебушот ,се да помине ОК, па и расположението и поклоните се добредојдени. Помодарство ми е.
Е ако де. Нема ништо лошо... Јас со другаркиве за сите што беа бремени правевме Тоа си е ден за идната мајка, за бебе отпосле си има и мекици, и повојници и свашта... На кој не му е симпатично - не прави. Тоа се барем работи кои сами ги бираме и од ќеиф ги правиме.
Е ај, не си правела, не си видела и знаеш? Да, за бебето се подароците, ама денот е за "бебешки" игри, многу смеење, и "размазување" на трудницата
Еден куп работи што се купени за бебе, од транспортер до цуцли и шишиња. Познаници што живеат во Америка правеа, ги имаше сликите на фб. Не знам, можеби ти и твоите другарки за мајката сте купувале
Па еве пред да се роди ќерка ми, јас купував креветче, кoличка, алишта, постелнина. И ова е слично. Не знам зошто така пишувате кога сите предвреме се спремате/ме
Абе и за моминска/ергенска не мора се прави. Ние ако мислиме на лошо, и пред свадбата може да се случи нешто или некој да се остави ден пред свадбата и џабе моминската.