Јас не гледам како неправење на забава ке спречи немил настан. Барем јас не сум од оние кои имаат лоши мисли и негативна енергија во себе. Дали мене ке ми прават ваква забава? Не знам, можеби, ама би ми било драго. Гинеколози имаат кажано дека бремена жена е 'мачка во вреќа' и никој не може да знае што ке се случи. Ниту за тие 9 месеци, ниту при пораѓај, ниту после тоа. Бремената жена само може да оди на редовни контроли, да јаде здрава храна и да е повнимателна од вообичаено. Од нејзина страна толку, останатото е на природата и телото на жената, и не е во наша моќ да го контролираме. А ако веќе збориме за глупи адети, има ли нешто поглупо од подавање на бебето од раце во раце на крштевка? Или мачкање со мензис? Оставање пари до него кога ке дојдат на видување? Сето тоа се адети, наши, ама дали се океј? Мене не ми се, а некои семејства уште си ги практикуваат.
Абе да требаа мекици да се правеа пред раѓање немаше да правите, али пошто ова американциве го прават, мора и ние
Грешка си, здравје, мекици ке даваат бабите, убав адет е. Ама убав настан е и бејби шауерот. И сеа што?
Уште некој ги прави овие адети? Освен пари за бебево ама ми ги давале мене, никој совесен не му оставил на перница. И ако не прифаќам бејби шауер не значи дека ги подржувам сите наши. Сакам да ја почитувам традицијата ама тоа што е океј. Се друго младите отфрлаат.
Што е целта на туширањево?Настан за што?Полупрослава на која се носат подароци. Собирање за бебе ,а без бебе . Да се припреми мајката за родителство? А таткото?Нели треба рамноправно да учествува?
Да да, ги прават, колку и да звучи налудничаво. Еве јас во една прилика ги подадов парите, ми рекоа во креветчето да ги ставам. За бебето биле. Јас не дека сакам-сакам бејби шауер, ама па и не гледам ништо лошо ако некој прави. Посебно не од аспект 'на нероден Петко капа му кројат'.
Извинете што се убацувам во темава ама какво е бре тоа мачкање со мензис? Се стресов од сама помисла.
Не знам, ваљда за здравје ги мачкаат... Ми текна уште еден адет - мачкање на бебето со прегорен зејтин да му се обнови кожата.
Jas vaka kako patalec koga so bebe vo raka sto pati spremav masa za gosti, i uste po zamorno repriziranje koga so bebe vo raka i usteno da mi se pletka niz noze pak sto pati pravev podgotovki. Jas sum ZA vakva zabava. sto znam , po lesno mi zvuci.
Баш ми звучи симпатично ова. Нормално е нови генерации да менуваат начини на прослава во нешто позабавно и модерно, како што се поедноставни и themed свадби наместо класични, така и за вакви ствари околу бебе. Модерно и странско не значи по дифолт погрешно и лошо. Во една тема не може да се искаже човек дека му се чудни обичаи во кои legit се верува дека имаат некакво дејство и придонес, посебно ако не е родител, сè се смета за осуда и навреда - а веќе во друга мајки оценуваат мајки во нивната радост, за обична забава, дека било помодарство и американизирано... Зарем не ви е и ова осетливо, посебно она нагласување на *неродено* бебе и дека може нешто да се случи? Стварно не ве разбирам.
Е ај ако не прогуглај, што да ти кажам? Ако планираш бејби шауер па идеи да ти дадам. Или дека туѓо па без врска? Па избор е. Во денешно време многу често и мажи учествуваат, сите пријатели на идните родители Има чудни обичаи... ама оти "наши" па не се чудни нели. А што е важно каков е обичајот? Забавата е важна...
Само сакам да ги прашам оние што се бунат против бејби шауер дека не е наша култура, дали носите веренички прстени? Не ни мора да ми одговорите
Јас не носам веренички, само бурма. Мене маж ми без веренички прстен ме побара. Не знам уствари како може да споредувате живо суштество со одмори, бракови и други работи
Може не се запросувале пред 20-30 год со слики на фб и чудби ама веренички имаат и мајка ми и свеки. Башка што нема врска едното со другото.
А што е проблемот со "живото суштество"? Ама сериозно не разбирам каде е проблемот. Класичните веренички прстени моето и твоето "да" се америчка работа Друкше се "верувале" порано, младите ќутеле како попчиња
поарно ова одколку забава пред породување. Или ај една забава по амерички стил за мајката пред пораѓај и една забава по македонски стил за таткото као давање мекици ова она му се родило дете. И ситр страни задоволни
@duffi Кога веќе се зборува за култури, примерот за прстените е сосема на место. Врска нема споменатото фотографирање за социјалните мрежи.
^ па да де, мајката пред да се породи, таткото после мекици си прави со баби и дедовци... Мислам реално, сите што имате деца ваљда пред да се родат им купивте работи, не е дека чекавте да се роди па ај.
Нема што да гуглам, небитно ми е. Има девојачка и момачка вечер туѓо е ама не ми е без врска. Не ми пречи што некој си се забавува (нели поентата е да има забава, повод ќе се најде каков и да е) ама овој повод ми е ... без врска. Ни во лудило не планирам бејби шауер. Мислам дека треба да е ок да кажам дека бејби шауер ми е без врска нели?