Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby shower party...бебето доаѓа

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 18 април 2013.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Особено ако е машко, до дома ќе ме носат:smoke:
     
    На Mr. Right, Sesil и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.215
    Допаѓања:
    111.961
    Пол:
    Женски
    Нз за мм каков бил, ама знам сестра ми каква била :rofl:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.787
    Пол:
    Женски
    Ајде сеа, па што и да се очука, и тоа е за татковци:D
    Кај нас бабите даваа мекици, таткото скара и пиење во кафана.
     
    На duffi и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.700
    Допаѓања:
    174.808
    Пол:
    Женски
    Ама ок е сфативме сите, интересно и забавно ви е. И јас немам против забава. Кому што го праи среќен.
    Ако ме поканат, секако ќе испочитувам, дури и ќе организирам без проблем ако некој очекува нешто такво од мене. :)

    За себе, не ми значи апсолутно ништо и ми е скроз непотребен евент, и генерално сметам дека е скроз исфорсирано, неинтересно и неинвентивно. Исто како девојачките, префорсираните родендени, имендени, крштевки, матури...
    Пак ќе кажам, кој како си милува и што го праи среќен.
     
    На Cosmi, CameliaMiller, ocicka2014 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Што знам, од сегашна гледна точка многу повеќе би сакала нешто вакво, отколку повојници. Страшно се нервирам на секоја најава на луѓе. Беба ми е растревожена после тоа, бидејќи нели не треба да се учи на тивко, ама не можеш да ги убедиш дека неартикулисано дерење е нешто сосема друго. А плус и мачно ми е и досадно спремањето, па раскревањето, па бебе почнало да пишти, па што попрво да правиш...
     
    На Dalia93, drugarka, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.886
    За мене не знам како било, за сестра ми татко ми организираше дома кај нас :)
    ХПЛ беше, тоа памтам :)

    Да бе да се очука, многу убаво ]:)

    Тетово, Гостивар натаму немаат класични повојници, туку ги збираат сите на "бабино" ваљда нешто како бејби шауер ама откако ќе се роди бебето :)

    @Sesil мислам во ваше село се "љуљаше" бебето? :D
     
    Последна измена од модератор: 14 мај 2019
    На joy1 и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.890
    Пол:
    Женски
    не се лула кај нас, мислам кај @Alishan30 е тоа, колку шо ми има кажувано блиска од нејзиното место, во бела кошула на таткото го лулале бебето

    Ај коа више влегов на темава, да не останам не доискажана... мене ова ми е америчка измишљотина која лека полека се населува и кај нас.
    Од една страна ќе собере мајката поклончиња и ќе докупи шо и треба, нема да и се трупа. Од друга страна во такво стање шо знам на некоја дали е до журки правење :^)
    Јас лично не би правела вакво нешто
     
    На referentka, Mr. Right, kikin и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.790
    Пол:
    Женски
    Јас за ова првпат слушам, ниту сум била ниту сум гледала лулање:lol: искрено бејби шауер ми е по америчка режија и никогаш не би правела вакво нешто;)
     
    На ocicka2014, Mr. Right, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Не треба да го правиш туку треба некој друг за тебе да го направи и да покани твои блиски.
    Мене и за синот и ќерката ми правеа и си поминавме супер забавно време.
    Преубав настан пред крајот на бременоста со најблиските.
     
    На Coco31, eli25, emkaemka и 6 други им се допаѓа ова.
  10. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Две различни појави се, кога ќе
    Се роди доаѓаат за бебе пак
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.700
    Допаѓања:
    174.808
    Пол:
    Женски
    А што се тоа повојници? Стално ги слушам по форумов ама никогаш не сум била, поима немам што е тоа. Или бабино што вика Каме, прв пат слушам, а богами и пола фамилија ми е во Тетово и за таму не знам за такво нешто. Се изродија бебиња годиниве, освен класични мекици ништо друго немало и тоа во ресторан, никој дома не иде. Братучетка ми дури чекаше 4 месеци за да може и сама да дојде на мекиците, бебе остана со татко му.
     
  12. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.790
    Пол:
    Женски
    Ок не го правам јас, но и да ми прават треба да сум присутна таму, нели? Не би одела.
    Пред пораѓај славење, по пораѓај гости, на повојница гости. Овој период би требало да биде релаксиран.
    Јас моето мислење си го напишав, имам право на тоа. Вие кои сте правеле немора да значи дека се согласувам со вас.но така јас би одиграла, другите, како сакате- ваше си е;)
     
    На ocicka2014 и Sesil им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Yowannty на повојница, а во некои места е познато како 'виѓа' се оди после 40 дена и најчесто одат жени и носат подароци за бебето и нешто благо. Подалечните одат и по 3-4 месеци.

    Најблиските, како тетки и кум/ старосват одат и на видување, тоа е пред 40 дена, а потоа на повојница се оди пак. Е ако крштевката е по 40 дена, се договараат. Ама ако тераш според правилата, дете се крштева на 3 недели од раѓање и на 40 дена со мајката оди во црква да се причести (по 40 дена жената се смета за чиста бидејќи нема веќе мензис- генерално земено).

    Мекици (може и крофни, тесто пржено) даваат бабите веднаш откако ке се роди бебето, додека мајката и бебето се во болница.
    Вака е ако тераш адет, сето останато е модификација.
     
    На Alishan30, Yowannty и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.093
    Допаѓања:
    87.787
    Пол:
    Женски
    Повојница кога одиш со подарок за бебето.
    Се е многу слично.Во Тетово сум била на бабиње, така го викаат, се оди со подарок и благо на мекици во ресторан.
    Секој регион си има свој адети.
     
    На duffi, Alishan30 и Yowannty им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.886
    Па тоа е тоа ваљда.
    Во Скопје на повојница се оди со кутија најчесто, во неа облека за бебче и плус пари, ама после 40 дена од раѓањето.
    Јас на класична повојница искрено не одам, кај тие што не ми се блиски не ми паѓа на памет на нецели 2 месеци бебето дома да им се тупнам, кога ќе пркне одиме со мим на кафе и даваме пари секогаш, во тутурутка.

    За најблискиве другарки бебињата ги видов малтене 2 дена откако се родија, за беблак спремив поклонот главен, торта, мече огромно, цуцли, такви за гризење, лигавче, чорапчиња... ама не беше во "пакет" туку аранжирано, ама тоа од ќеиф пак.

    Мекици кај нас даваат кога ќе се роди бебето, додека е мајката во болница, обично таткото (или бабите) организираат. Мајката од очигледни причини не присуствува :)

    Е сега, тетовчани тоа "бабино" им е баш како бејби шауер, се собираат само жени и носат подароци за бебето. :)
    Не сум присуствувала, ама ме поканиле па се подраспрашав што е тоа уствари.
     
    На Alishan30, joy1, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Да дополнам, порано се одело на мекици дома, а сега тоа е видоизменето и се дешава у кафана. Дома да не циркулираат толку луѓе а за ден-два ке си дојде бебето, а да не биде у кафана само на тесто има и салати, даски, скари.

    Порано вака правеле - се раѓа бебето сабајле, се вртат телефони во тек на денот - 'Ни се роди внуче, дојдете на мекици'. Има само сок, кафе, мекици (јогурт и сирење), седиш пола саат- саат и си одиш.
     
    На Yowannty, Alishan30, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.890
    Пол:
    Женски
    Toa (с)повојницата не мора да биде баш после 40дена. Цела година се оди.Па секако ќе им отидеш на пријателите/роднините на гости, да го видиш бебето после некое време. Ако сакаш да однесеш поклонче океј, ако не, не мора. Ете традиција некоа останала прв пат коа се глеа бебето поклонче да му се однеси. Јас со пликце одам. Од дека да знам дали ќе ми бендисаат тоа шо носам и дали им треба.
     
    На Mr. Right, Yowannty, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.886
    За оваа работа осеќам ќе се борам со мим :)

    Јас не сакам собиранки дома, а не па да ми се клацкаат цела ноќ, кафана се знае, 01:00 сите по дома :)
    А тој вика ако некогаш имаме дете мекици дома сакал.

    Како па да не. Не знам кој ќе исчисти после доволно само.

    Златна кафана...
     
    На Mr. Right, joy1, Sesil и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.700
    Допаѓања:
    174.808
    Пол:
    Женски
    Кај нас на мекици се оди на недела-две евентуално 3 откако ќе се роди бебе, значи тие веќе се дома, пуштени од болница. Жени одат, носат подароци и е во ресторан. Во Тетово имам поише братучетки исто беше, само една од нив што имаше желба да присуствува и самата, се одложија мекиците за 4 месеци подоцна.
    Повојница не сум знаела што е. Значи и повојница и мекици се чека? Или ако се чека за едното тогаш другото не?

    Знам дека во Охрид е уште истиот ден мекици и одат и мажи и жени. Снашка моја беше, па раскажа.
     
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Откако се родило бебе на некои блиски, си била кај него да го видиш и подарок да му однесиш? (најчесто по 40 дена)?....епа тоа е повојница, гости со подарок за бебето доаѓаат да го видат. Секој ден по некој (facepalm)