1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доделено Balea млеко, шампон и балсам за сува и оштетена коса

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 10 ноември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    Големо браво за ДМ за соработката со фемина , имам користено неколку производи и сум задоволна и се надевам дека наскоро ќе дојдете во Велес :D

    п.с Вчера си ја изгорев косата со фигаро па добро ќе ми дојде вашата колекција :lol:
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Браво за Фемина и браво за ДМ маркетите, ова е многу привлечен и позитивен начин да се доближете до нас - купувачката маса. Жестоки коментари и рецензии постојано се пишуваат на фемина од многу членки, па ова е многу паметен потег кој е во корист на двете страни, и нашата и вашата.
    Јас лично ги немам користено овие производи на Балеа, а имам сува и оштетена коса, пошто 3 години по ред ја фарбав косата, а таа и самата од себе си е сува, па штетата е дупла значи.
    Пробувам различни производи, па супер би било да ја пробам и оваа колекција. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Браво и од мене за фемина и дм, едвај чекам бебешка тема :)
    Што се однесува до балеа, балсамот го имам користено и многу убаво мириса, долготрајно, а и маж ми кога ќе ми ја помириса косата кога лежиме вели ммммммм
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Баш пред некој ден го купив балсамот бидејќи многу сакам козметика со овошна миризба....Преубаво мириса!
    Е сега наменски го купив бидејќи сум во фаза на постпородилно опаѓање на косата и многу ми е сува до тој степен што почна да ми се заплеткува да неможам да ја расчешлам...

    Можам да кажам само после прво користење дека супер ми омекна, само со прсти ја расчешлав, не ми требаше чешел! :party:
     
  5. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355
    Производите на Балеа се одлични, и задоволна сум од сите прозиводи кои досега ги имам пробано, и имаат достапна и примамлива цена за сите :D :D
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Од колекцијата погоре, го имам користено Balea млеко за сува и оштетена коса со пумпица.
    Прват го купив во летниот период, кога ми требаше дополнителна заштита за косата, зошто и онака ми е сува, а во лето знае да биде и како метла.
    Прво, мирисот е одличен, се задржува во косата после фенирање и трае уште подолго ако ја носите косата полуфатена. Летен е, егзотичен, на самата линија да биде премногу сладеникав.
    Понатаму, густината на призводот е како маска за коса, дефинитивно погусто од млеко, по кремасто, така што делува како да ставате нешто слично како маска, ама не го плакнете. Јас го нанесував од половина на косата и надоле до врвовите, и тоа кога косата е веќе подзасушена кога нема капки вода на неа.
    Воглавно сум задоволна од резултатот после употреба. Врвовите се меки, дури толку меки што мене ми претставуваше потешкотија да ги обликувам. Но убаво мириса, се гледа дека косата свети. За трајни резултати не би можела да гарантирам, зошто го истрошив цело, но косата си го има тој ист квалитет, постојано бара некаков плус третман. Ама, кога ќе се земе во предвид дека цената му е и повеќе од пристапна, пакувањето е практично, млекото има стандарден квалитет, тогаш производот за мене е сосема добар.
     
    На Victorian и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    доаѓа зимата а на косата би требало заштита од времето.Би било добро да дојдат во мојата колекцја:)
     
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    17.203
    Како ми треба во моментов не сте свесни. :D
    Си имам виткана коса баш како мојот аватар. Познато е дека витканата коса е посува од останатите и без вакви производи не сакам ни да помислам како би ми изгледала. Балеа производите ги употребувам подолго време, но конкретно оваа колекција не. Баш сум љубопитна каква е :lol:
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Огромна поддршка и големо браво и од мене, не само што ќе се добпижите до нас потрошувачите, и ќе ги рекламирате вашите производи, ќе поттикнете и да се развие блогерството во поглед на правење резенции за декоративна и препаративна козметика, па конечно ќе можеме да читаме рецензии и на македонски, редно е да ги баталиме американските и српските блогови. :lol: :clap:
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Штета што само во Скопје можите да се почастите со овие производи барем така јас знам дека ДМ маркети само таму има ако сум во грешка исправетеме...
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Овие трите од Балеа ги имам користено, од шампонот уште имам. Млекото за коса е преубаво. Ја омекнува и хидрира косата. Инаку јас сум од најчестите посетители на ДМ, дури и многу убава награда си имам добиено од таму :mm:.
    Само последниот пат кога бев во ДМ во ГТЦ сакав да купам маскара и одма ми рекоа да не ја отварам, не смееле да се отвараат производите. И како ќе ја купам кога маскарата што ја користев тогаш ја немаше и сакав да најдам соодветна замена, ама без да ја видам четкичката?? Многу луѓе се имаат пожалено од тоа во последно време.
    Инаку производите се топ.
     
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Заводливо интересна понуда.
    :wasntme:
     
  13. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Јас досега не сум имала можност да ги користам овие производи :) Имам сува и оштетена коса, а досега никој производ не ми помогнал да ја скротам. Би сакала да ги пробам и овие производи. (y):l:
     
  14. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Баш во моментов сум во потрага по соодветна нега која ќе ја одржи мојата коса во живот до матурата, бидејќи е минимално оштетена, а ако ја скратам, нема да порасне до тогаш колку што сакам. Мислам дека токму ова ми е потребно, не се сомневам во производите на Балеа! :P
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    За Балеа шампоните прв пат слушам но не си го менувам мојот Head&Shoulders за ништо.
    Туку, коментариве на темава добро ме насмејаа, мислам дека ќе бидат одлични за реклама за споменатиот шампон, нешто во стил-потрагата по совршениот шампон за мене заврши со Балеа! Балеа е совршен за мојата коса! Балеа би бил одличен предновогодишен подарок за мене! :D:rofl::P

    Шала на страна, мојата коса и скалп се проблематични кога станува збор за шампон. Досега променив многу и секогаш се враќам на Head&Shoulders, кој и ја дава потребната нега и волумен на косата и што е најважно спречува перутење. Ако и шампоните на Балеа се со таков квалитет, треба да им се даде можност да се докажат, бидејќи секоја коса не е иста.
     
    На anuskaNESTLE и simoncelicius им се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    САКАМЕ ДМ ВО БИТОЛА! Не сте свесни колку промет ќе имате :lol:
     
    На anamarija..xD, BloodElf, Mimi123 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ALEXXX

    ALEXXX Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ги имам користено скоро сите производи на Балеа и премногу сум задоволна,производите имаат цени кои се повеќе од прифатливи,можеш да си дозволиш да си купиш се,инаку шампоните а посебно регенераторите се многу ефикасни,јас имам руса фарбана коса и веќе долго време ја одржувам со шампоните ,маските и регенераторите на Балеа,јас само би им се зсблагодарила на ДМ што имаат продавници кај нас.
     
  18. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Balea е одлична марка можам од искуство да кажам. Сум пробала многу производи од оваа марка и тврдам дека се одлични и имаат достапна цена. Оваа колекција која ја давате како подарок не сум ја пробала со оглед на фактот дека имам нормална коса, но не се сомневам дека и таа е исто одлична. Ако ја имам таа шанса да ја добијам би ја подарила на мајка ми која ги користи истите.
     
  19. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Јас досега ги неамам користено производите на Балеа но знам дека е добра марка и вреди да се проба:) особено јас како што имам сува коса овај производ супер би ми дошол(y)
     
  20. plava.90

    plava.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Секакви пофалби за продуктите на Балеа, имам корстено скоро се и сум презадоволна :) Поклонот добро би ми дошол. Браво за ДМ и приклучувањето на форумот за да биде поблиску до нас феминките :*:D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.