Касно одговарам, ама сепак. Истрошив една туба од ова, и ич не ми беше убаво. Имаше некој чуден мирис, како стоен сок од портокал. Го нанесував исто како пена за локни, ама тешки ми ги правеше, слепени. Си реков многу да не ставам, пробав ептен малце, ама џабе. И шампонот од истата линија не ми се погоди, краевите исти, локните исти, а скалпот многу ми се мастеше. Од балеа за локни пените ги бендисав само, една зелена со кактус, и една виолетова, јачина 4ка мислам.
На кој начин се употребува, за што служи и дали сте задоволни? Не ми се смејте, ич не се разбирам. И второ прашање, дали дезодорансите од Балеа се трајни и кој има најубав мирис?
Млекото за коса јас го ставам после капење на водена коса пред да ја расчешлам. По потреба и на сува многу полесно ми се чешла а воопшто не ми ја мрси косата. А за дезодорансите зависи мене лично ми траат и највеќе го сакам тој со кокос, додека пак на сестра ми воопшто не и се допаднаа. Пробај ефтини се ќе видиш дали ќе ти одговараат. Меѓутоа имај предвид дека се без алуминиум ако немаш користено такви ке треба време да се навикни телото.
За овој период од годината се добри. Кога ќе затопли повеќе, ќе видиш колку те штитат. Мене овој ми е најубав, многу пати го купувам. Има чист, пудрест мирис.
Јас имам вакво портокалово паковче од манго или нешто така и преубаво мириса јас највеќе го користам затоа што тешко ми се чешла косата и задоволна сум , ова конкретно од кокос го немам начекано во ДМ . Се става после бањање на влажна коса.
Дезодоранс од Балеа кој вреди да се проба и навистина штити е 5in1 мене ми е фантазија , другите ми се крш
Се трајни и штитат, ми се допаѓа што се без алуминиум. Magic wonderland мене ми е убав, сега не знам дали го има limited edition беше.
Исто и јас, ни Алверде не ми одговра од мицеларна вода на Алверде и Балеа алергија добив цело лице црвено ми стана.
Што ли тоа ставаат во овие линии на евтини производи, за да бидат толку КУЛ однадвор, а толку ЗАНИКАДЕ одвнатре? Дали се фини и поквалитетни во Германија? Чудно ми е како функционираат тие нивни линии на козметика, кога имаат волку никаков квалитет. СЕКОГАШ тврдев дека балеа линијата (било што од неа, буквално) е рамно на НУЛА. И престанав да ги купувам. Не знам сега што ме натера, земав еден дезодоранс (беше околу 55 денари мислам) машки, за тело и за под пазуви. Многу убаво мириса. Но, после 3 дена користење - целиот сум со брумчиња гнојанчиња по градите и горниот дел од стомакот. Кожата ми е мрсна, како покриена со некоја тенка фолија, лизгава... А таман си реков: Конечно нешто фино од балеа, супер!
Шампони, гелови за тело, дездоранси/антиперспиранти и мачканици за тело - катастрофа. Ама имаат пар добри ствари за лице - розевата и сината пена, линијата beauty effect, aqua серумот, ампулите.
Мене Балеа ми е скроз ок. Ефтини им се производите а имаат солиден квалитет. Го користам гелот за миење против акни, веќе второ или трето пакување и супер ми е, исто ја користев и кремата од таа линија, добра беше. Си купив и лосион за тело со кокос, 99 ден за 400мл, многу убаво мириса само што потешко се размачкува и доволна е мала количина да се стави, а јас шлапам по сто кила. Од дезодорансите без алуминиум баш пишував во друга тема, ги купив тој од мандарина, кокос и Magic Forest. Тој од мандарина веќе втор купувам, под мишка многу убаво мириса, се осеќа дури и од подалеку миризбата и не замирисувам и до наредниот ден. Magic Forest одвратно ми мирисаше а и за заштита не е баш најдобар. Тој од кокос преубаво ми мириса ама уште го немам пробано под мишка. Купив и два рол он дезодоранси, едниот со розево тропски, тој беше ужас, прејако овошно мирисаше, а под мишка тој мирис за 5 минути се губеше и веќе за саат време почнуваш да бздиш на пот, многу лошо. Другиов е sensitive со алое вера, вака ок ми изгледа, од вчера немам ставено и малку почнувам да замирискувам ама нормално е сепак, плус треба и време телото да се навикне на дезодоранс без алуминиум после години користење на обични дезодоранси. Геловите за туширање се исто добри, ептен слатко мирисаат, ефтини се а долго траат.
Сум користела порано од дезодорансите но воопшто не ми се допаѓаа..има ли можеби некој нов добар? Би сакала уште една шанса да им дадам..
Кремот може да се нанесе и на сува и на коса тукушто измиена или сушена со крпа. Добар е за расчешлување и уште подобар за мирис - кој сака кокос, ова е супер. Дезодоранс обично е само за мирис, не заштитуваат многу од потење. А мирисаат убаво. Претежно се овошни и потешки, а од оние кои се поумерени е BALEA Parfum Deo Pink Blossom. Ова може да се случи со било кој производ. Не треба цената да ти биде индикатор. Алергиска реакција може да се појави и од најскапите производи. Исто така се препорачува сите такви производи да се нанесуваат барем на 15cm оддалеченост. Дали некој реално ги следи овие препораки? Ретко. Евтини се затоа што се сопствена марка. За сите такви важи исто - не подлежат на дополнителни трошоци и затоа се поевтини. На другите доплаќаш за останати трошоци и марка (име).