Дали некој ги користел овие производи Овде мислам на флуидот за коса овде мислам на спрејот за расчешлување на коса овде мислам за шампонот за раст и зајакнување на косата. овде мислам за спрејот за осветлување на косата Ми изгледаат со доста пристапни цени а сите тие производи ми се потребни па дали вреди да се проб,дали некој веќе користел нешто од овие
Спрејот за осветлување мене ми беше ужасен. Тоа е уствари спреј полн со хидроген внатре. Многу ми ја исуши косата, а скалпот ме печеше. Според мене подобро со фарба осветли си ја косата него со спрејов, ем е губење време бидејќи некој резултат нема да има од одма, треба да го користиш подолго време а ем нема да останеш со сува оштетена коса. А и мирисот на хидроген многу се задржува на косата...
Ова е како адвент календар? Го има кај нас и ако да, колку пари е да не знаеш? И што производи има внатре? Леле, 101 прашање ти поставив, сори. Со здравје да си ги користиш производите.
Да од кај нас е,знам дека е 1800 денари адвент календар е има 24 прозорчиња,до сега отворив 3 и ми се паднаа шампон,пилинг за тело и дневна крема за лице.Не знам во другите што има ден по ден отварам. Фала ти❤️
Ролонов за очи за 150 денари е искрено супер. Содржи глицерин, кофеин, ниацинамид, витамин Е и хијалуронска киселина меѓу другото. Топчето убаво го разладува, освежува и омекнува делот околу очите, поразбудено делувам откако ќе ставам. И доста споро се троши. Може да остави бело ако премногу се стави, ама откако ќе се подзасуши, може да се размачка и ќе упие.
Џабе фрлени пари. Не го бива. Јас грбот го мачкав со него. Имам акни во горниот дел. Демек ги сушел акните. Како не.
Ја има пробано некој кремава? Мислам ја има во флаеров сега, и баш беше ефтина, а ги видов и состојките на нет, ок ми делуваат:
од истава тема има травел сајз. Мало пакување ама мислам дека најдобро е така да го пробаш па потоа да си купиш. Јас не се сеќавам дали беше овој или крема со вит ц ама не ми одговараше . Среќа што беше мало пакување
Презадоволна од серумов,имам масна кожа и пори и многу убаво ми ја хидрира кожата а со тоа и ситните брчки околу очите ми се помалку видливи, па во лето за преку ден си го користам само него. Сум користела многу поскапи креми и серуми ама пак се враќам на овој производ, ова ми е 5 пакување
И јас имам проблем со ептен мрсна кожа,се мислам да го пробам серумов,ама прочитав дека е за сува кожа. Или грешка сум?
И мојата кожа е ептен мрсна со проширени пори и овој серум не ми ја масти дополнително и најбитно не ми ги затнува порите, лицето добива свеж и здрав изглед, мене ете многу ми се погодил, пробај па дури и да не ти се погоди барем не би фрлила многу пари, ефтин е
Го купив ова место Неостратата пената што ја купував со години. Се запрепастив колку е добра, и за дел од цената на Неострата, далеку е подобра.
Од балеа сум задоволна од лабелата за усни, геловите за туширање и таа маст од невен во големо пакување.