А дали се користи секој ден ? Те напнав со прашања,ама сакам да го земам па да знам како да го користам
1. За чистење секој ден - наутро и навечер. 2. Како пилинг или како маска 2 пати неделно. На пакувањето пишува да се користи пилингот на секои 2 дена, ама пилинг се препорачува да се користи 2 пати неделно.
Јас, задоволна бев од него. Ретко нешто од козметиката за лице од Балеа што ми се допаднало. За мене подобар од ревокс пример што е слична цена.
Фала ти. Какво лице имаш? Мене не знам што ми се случува последно време, лицето ми е чисто , никогаш почисто не ми било, исто немам проблеми со флеки и сл амаа, почна многу да ми се мрси , сабајле кога ќе станам како зејтин да имам на цело лице буквално. А и преку ден нешто сл. Од секогаш сум имала мрсно лице ама не знам зошто се смени на 35 год Се мислев дали салицилна да земам или нијацинамид, реков ајде второво, а пред неколку години користев на Ординери и ми излегуваат ситни бели акни насекаде од него и го прекинав. Сега викам овој на Балеа е и така евтин па и да не го бива нема да ми биде криво. Ама супер што си задоволна, ќе го пробам.
Комбинирана кожа имам. Салицилна и нијацинамид и заедно имам користено, исто од балеа bha peelingot, преку една вечер, а нијацинамид наутро. Ама во глобала кај мене имаше резултат кога покрај чистач, користев само ова, минимално, без да се шлакам со секакви препарати.
@koritsaki има една Хрватица на Insta прави добри рецензии на производи од ДМ. Има баш мрсна кожа (според нејзини кажувања). Види и таму препораки за производи. Профилот е skincare akademija.
1. Дали сте користеле од Балеа серум или крем со AHA или BHA но со поголемо количество и дали сте биле задоволни? Ако да од кој? (Потребен ми е за мозолчиња, црнки и подкожни влакна) 2. Дали сте користеле пилинг појак (исто со AHA или BHA) и дали сте биле задоволни?