Овие производите од Balea ги има на други места освен во ДМ маркетите, мислев за кај нас во помалите градови ?
си купив део-спрејчиња Балеа кога бев во Виена, за помалку од евро а многу ми се допаѓаат,нежни и овошни мириси
^ добро е, и јас ќе го шибнев истово прашање, за тоа дојдов на темава уствари инаку од досега пробаново, јас сум заљубена во балеа, супер цени имаат и ептен добар квалитет (посебно за таа цена, исклучителен квалитет според мене!). досега се за тело сум користела, ама кај и да е ќе испробам нешто и за лице, гледам многу се фалени
Како сте задоволни од кремава за тело од кокос? Обично не купувам креми со некој јак мирис повеќе сакам обични, што мирисаат онака на чисто само, ама оваа некако ми дојде убава летна, ама плус сакам да е и убава хидратантна, па ако некој ја користел да сподели искуство
Убава е,мирисот и е прекрасен,не е воопшто тежок,туку е онака летен. И прилично долго се задржува и што е најважно не го менува мирисот кога ќе се нанесе на кожата. Хидратантноста и е просечна. Ако имаш сува кожа ништо посебно нема да ја потхрани.Ама за нормална е супер. Сосема доволно хидрира,а нема да изгледа мрсно и да свети телото после.
^ бекутан млеко за тело совршено за лето! Ептен хидратантно, а и овој од Балеа е прекрасен исто и преубаво мириса : http://www.pinkmelon.de/wp-content/uplo ... -klein.jpg
Во темата ДМ маркет има прокоментирано за Балеа.. Инаку доколку сакате да ми кажете Се какви шампони има ,за што се нaменети
Ги има овие балзами за уста кај нас воопшто? И ако ги има, дали знаете колку пари се? http://3.bp.blogspot.com/-_aJXA5GHBN8/T3LZOzrpb-I/AAAAAAAAB3U/L2CDJgfs5j0/s640/IMG_9020.jpg
^Ги има. Знам дека од портокал има сигурно, за од лубеница немам видено. Цената мислам беше 89 ден , но сепак поскапо од 100 не е.
Јас го имам пробано само гелот за туширање на Балеа, со ситни маслени зрнца и сум преееееемногу задоволна. Преубаво мирисаше, кожата ми ја правеше свиленкаста и цената му беше сосема пристапна. Си го купив за на одмор и за само 10 дена веќе го немаше. Инаку многу го сакам ДМ, не постои можност да се враќам од ГТЦ од некаде, да не брзам а да не влезам демек да разгледам нешто и излезам со 2-3 производи. Дечко ми ме зафркава ми вика кога ќе ми бидеш жена нема вака.
Користам лосион за тело и лабело, лосионите за тело ем се ефтини ем преубаво мирисаат и има доста избор, лабелата исто, и доста споро се трошат поготово како што ставам јас на секој пола саат.
Предлог за крема за лице од Балеа за комбинирана кожа,кремов да не биде ни многу мрсен ни брзо да упива фалааа
Вашето козметичко катче (низ лични фотографии) Незнам дали е соодветна темата, но би ве прашала од кај ги купувате Balea производите во Скопје пошто не сум од Ск кога ќе дојдам да си купам