Девојки ме интересира на оние две на крај од десно. Дали е тоа нешто како пудра? Вчера ги приметив ама дечко ми ме брзаше и неможев убаво да видам. Дали некој ги користел, ако е пудра, колку е добро за лице и колку е покривно?
Пудра е, ама јас не ти ја препорачувам.Ќе цитирам мое мислење за пудрава од ,,Производи кои не би ги купиле повторно''. 5.Balea soft&clear mattierendes make-up
Го купив првото и сум презадоволна! откако ќе си ја извадам шминката дополнително го мијам лицето со ова и веднаш забележав подобрување на кожата. Сега сакам и гелот да го земам, добар е?
Девојки да ве прашам, имам 14 години, за 1 месец ќе полнам 15, па да ве прашам да не сум мала за користење на кремов? Сакам да си го купам, бидејќи ми е сува кожата на лицето
ivchee.ivche Балеа имаат посебна колекција за млади, Balea young, мислам дека повеќе би одговарала таа. Има различни, во зависност од типот на кожата
Ја имам користено оваа крема, за сува кожа е супер, хидратира, и дава многу убав свеж сјај на лицето, има гелна структура која е многу лесна. Сама одлучи си која ќе ја купиш дали оваа крема или овие од Elence93- кои исто се добри.
Јас еве морам да ви го испофалам серум од Балеа, кој е всушност два во еден: серум+крема. Летово се ми смета на лицето, колку и да е лесна некоја хидратантна крема, лицето ми се мрси и поти (посебно таа чувена т-зона). Читав добри рецензии за серумов и решив да го пробам. Пред се, бидејќи серумите се поконцентрирани и полесно се впиваат во кожата па тоа беше првата причина да барам серум. Не ми се даваа многу пари за нешто што можеби нема да ми одговара (мада кога ќе дојде поладно време се ќе искористам, тогаш дури лицето ми станува суво и се се брзо впива). Ама сепак сакав да пробам со ова и да не жалам. Е сега, на серумов пишува дека е од 35 години нагоре. Јас немам толку (ама не сум многу далеку ), ама тоа што го прочитав за серумов е дека не содржи ништо што не би можеле да го користат и помлади девојки, пример од 25 години нагоре. Како прочитав добри критики, така и кај мене се покажаа. Многу добро. Веќе после некои десетина дена користење приметувам разлика (што немам приметено ниту со една друга крема претходно), барем не во лето. Лицето ми е такво затегнато, со здрав сјај, баш се приметува дека е освежено и хидрирано. А порано ми беше како омалаксана кожата на лицето, дехидрирана, уморна, барем јас така ја гледав и чувствував. Серум ( а вооедно и целата колекција Cell energy) содржи некој екстракт од зелени јаболки, за тој патент имаат добиено и награда, и мирисот е токму тој, на јаболки, мене не ми се многу допаѓа, ама не ми ни смета, бидејќи брзо се губи. Не остава леплив слој после, како што имам пример случај со Афродита хидра термал која ја земав баш за лето, ама не ми е баш погодена. Супер е и како подлога за шминка. И дефинитивно ќе продолжам да го купувам, и во зима може да го користам, само додатно ќе ставам и некоја крема преко бидејќи нема да ми е доволен само серум тогаш. Во ДМ е 375 денари.
Од Балеа дефинитивно ке го препорачам балзамот за коса без измивање од манго и алое вера.Јас имам мрсна и тенка коса третирана, ама кога ке го нанесам на мокра коса, косата ми добива поинаква структура, лесна за расчешлување, ја заштитува од топлината на фенирањето, косата понатака ми е права и не се мрси брзо, дефинитивно најдобриот производ за коса со ниска цена. Дефинитивно пробајте го
Моето најново откритие од Балеа кое не би го заменила за ништо друго на светот од неколку причини 1. Баш одговара на мојот тип на кожа- комбинирана 2. Спаѓа во колекција за млада кожа - имам 20 год таман 3.Не е агресивен, има овошна кислина во него, не ми ја суши кожата воопшто тоа му е голем плус. 4. Ефтин е - 132 денари 5. Цел ден лицето ми има мат ефект. ТОП. 6. Има нежни гранули кои добро ја чистат кожата од нечистотии и од мртвите клетки. Морам да признаам можеби околку половина час барав нешто вакво низ рафтовите и се мислев и мислев ама потрошеното време се исплати. Производов ме плени во секој случај. Омилен ми стана.
Моето најново универзално кремче, за кое искрено се двоумев дали да му дадам шанска или не. Не дека ми се виде скапичко туку од лошто искуство со кремите кои сум ги купувала. Во Дм во Џамво беше останато само овој вид, а мене искрено по амбалажата која ја видов на официјалната страна на Дм на Фејс повеќе ме привлекуваше другото кремче. Нејсе, го купив ова и едвај чекав да го пробам и сега следуваат моите импресии преточени во неколку точки: 1.Се работи за универзален крем за лице, раце, лакти, усни. 2.Лесна структура која брзо се впива, поточно го пробав на лице и усни. ОДЛИЧНО. 3.Сладок мирис на цреша што го чувствував на лицето дури некое време. 4.Евтина цена 79 денари чинам. 5.Амбалажа никогаш подобра. Би го купила и друг пак не за постојана употреба на лице се разбира, туку од милина на мирисот и амбалажата онака за во несесерче за инцидентни потреби.