Девојки дали некој го има пробано спрејот од Balea Trend it up за заштита од топлина и дали е ефикасен? Видов на нивната страна дека деновиве е на акција 129 ден.
Досега имам користено два производа,ме привлекува амбалажата и цената,поевтини се,ама не ми се допаѓаат многу. Понатаму ќе купам нешто друго па ќе пишам овде
Дали некој има искуство со кремите на Балеа за изедначување на тен? Не можам да најдам слика, во темно розево пакување се
девојки како сте задоволни (секако ако имате користено) balea мицеларна вода или Маслото за чистење лице. За мицералната вода пишува дека е за комбинирана кожа, мојата е нормална не е ич мрсна а и не многу сува. Јас сакам за чистење нешто да си земам, онака за пред спиење.
Здраво девојки, случајно открив еден крем за коса на балеа, поточно млеко за коса кое премогу ми се допадна и кое за среќа е фантастично без силикони и нафтени деривати. Од аспект на декларација не е органско, ниту комплетно природно, ама сосема е пристојно и ок за косата. Го пробав и многу сум задоволна од ефектот па помислив да го споделам ова со сите оние кои бараат нискобуџетно убаво средство за нега и стајлинг на косата кое се нанесува по миење и не се одмива. Поздрав.
Презадоволна сум од геловите за миење лице, исто и од регенераторите. Евтини се, но сепак нудат квалитет.
@Biodevojka , пред ова,имаше едно со манго и алое вера.Јас го имав тоа и навистина беше прекрасно,штета што го повлекоа и мислам дека не се произведува повеќе.Ова не би го користела,затоа што на висока позиција има алкохол,а на должината на влакното алкохолот е многу поштетен отколку силиконот.Еве го составот.Секако не мислам на Cetearyl alcohol, туку на Alcohol.
Здраво драга, присуството на алкохол (означен во декларацијата само како Alcohol) е минимална со оглед на тоа што се наоѓа под Cetearyl alcohol кој во флуидните формули се става најмногу до 2%, ако се стави повеќе се добива погуст производ. Со оглед на тоа што структурата е флуидна според мене нема повеќе од 2% на Cetearyl alcohol. После него доаѓа Citric acid кој нормално се употребува секогаш под 1% во козметиката и служи да се ацидифира пх вредноста на производот за да одговара со природната пх вредност на делот каде го нанесуваме (во овој случај косата). Така да алкохолот во производов е присутен максимум 1% или под 1%. Страшно е ако алкохолот беше на првите три позиции тогаш значи дека е користен како конзерванс и количината мора да биде поголема од 15% инаку нема моќ на конзервирање. Овде како конзерванси се додадени и Sodium Benzoate и Potassium Sorbate кои обично секогаш одат во пар двата заедно. Така да во оваа формула алкохолот воопшто и не се чувствува нема никакво штетно дејство врз косата и служи за подобро поврзување на екстрактите и секако ја подобрува структурата на производот. Поздрав.
Што функција има серумов знае некој? Нов производ е, имам ептен мали трепки не знам дали е за тоа и би ми го решил проблемот до некаде.
Овие производи до сега ги имам користено и сите ми се одлични освен еден шампон, не беше лош но изгледа не ми одговара на косава. Штета што во мојот град нема ДМ, ама наредно одење во ск планирам да изнакупам производи