Само еден лосион имам користено од balea и беше очај. По 15 минути откако ќе ставиш смрдеше ништо не ме привлекува од оваа марка.
Тукушто чув на вести: во еден од течните сапуни на оваа марка, кој во состав има путер и лимон, пронајдена била бактерија, некоја високо резистентна на антибиотици ентерокока, која предизвикува исфрлања по кожата, и бидејќи отпорна, многу тешко се лекува, а може да предизвика дури и септикемија (труење на крвта) и да заврши летално. Не знам дали ја има оваа линија производи во dm маркетите кај нас, но за секој случај, внимавајте! Едит: најдов слика на нет, стануваше збор за овој течен сапун:
@kim.k дали го проба спрејот на Балеа за тело од кокос? Се мислам дали да го земам тој или тој со лубеница , сакам нешто појако
Ако мислиш за новиот (розевиот), јас се разочарав. Цела среќна отидов да го купам, очекував некој убав и нежен мирис на кокос, а ме удри во глава мирисот. Не знам дали е до мене, ама воопшто не мириса на кокос, туку на нешто многу тешко. А гелот и лосионот не мирисаат лошо
Имам користено повеќе работи,некои ми одговараат,некои не.Маските за коса ми се допаѓаат многу..Имам користено и гелови за туширање,од тие со зрнца (dusche & olperlen пишува на нив) и тие ми беа убави,мислам дека се околу 100 денари.Имам пробано и два лосиони од limited edition.Едниот многу ми се допаѓаше,малку беше леплив ама кога се впива не е таков,а го купив 70 денари мислам. Добро хидрираше и не му се менуваше мирисот. И другиот ми се допадна дека ја правеше кожата многу мазна,само мирисот ми беше јак. Скоро мислам да ги пробам овие производи. Морав да редактирам,заборавив да напишам дека и пените за бричење им се многу убави,преубави,а баш се евтини.Убав мирис,нема шанса да се испосечам и ја оставаат кожата многу мазна.
@teteks Лево , златниот спреј е прекрасен , мириса убаво баш летно и остава доволно светки тоа десно го немам пробано ама штом има ананас сигурно убаво ќе мириса
дали некој има користено маски за коса од balea? сакам да знам какви се и која им е цената сакам да земам
@Nigredo Odor не се сеќавам на цената исркено ама да навистина остава светки @marchi-cool да јас имам користено ама не бев задоволна. Пробај ги тие на Калос
Јас моментално ја користам маската за коса од ванила и за таа цена е супер. Косата ми ја прави мека, немам проблем со расчешлување и мирисот и е прекрасен иако не е баш најтраен. Единствен минус е што не му дава баш некој сјај на косата.
@koritsaki mislite na ovie? http://www.ebay.pl/itm/KALLOS-SERIC...TIN-LATTE-PLACENTA-ARGAN-BANANA-/321610721060
Кремата за раце со мирис на ананас е прекрасна! Јас ја купив неодамна заради амблажата а и поради фактот што ми недостасуваше некој баш тропски летен мирис за да ме одржува во расположение. Фина кремичка, стандард како и сите останати продукти на Балеа наменети за нега на раце. Фино навлажнува, не лепи и не ги намрсува рацете, бргу се впива, ама не е за некоја длабинска нега како онаа моја ол тајм фејв, кремата 48. Сепак оваа со ананас е супер, мене многу ми се допаѓа.
Јас ја користам оваа само баш оваа со банана ја има во Тинекс. Во дм ги има другите мултивитаминската и кератинската. Ги имам испробано сите и сум многу задоволна , плус 1 кило е и е околу 150 денари
Јас би го пробала ме привлекува Не е проблем да сакаме да го купиме проблем е да се убедиме да ог купиме
dali nekoj ima koristeno krem za telo od balea so miris na kokos?sakam da si zemam bas od kokos samo ne znam kakvi se ovie od balea
Јас ја имам користено жолтата од ванила и кокос мислам 500г дека е и мене не ми се допадна многи е тешка и интензивно мориса на хемикалии и се лепи по велото тело, во главно пд ниеден производ на балеа не сум задоволна ...