Малку покасно но гледав да одговорам. @kala21 Гелот го користам затоа што имам комбинирана кожа, и комбинацијата со салицилна киселина ми помага во чистењето на порите. Комбинацијата со ситни гранули е добитна. Не сум ги пробаала розевото пакување, со лотус за осетлива кожа и оној синиот, но велат дека сите се добри.Можеш да го пробаш, 120 ден е, и бавно се троши. Со него го измивам лицето наутро и навечер, со тоа што ако имам пудра ја измивам со него.На очи не го ставам, туку вадам шминка со мицеларна вода.Декларација мора да има на нет, од некој пост на блогерка. Ќе беше добро да ставев слика, но ако чекам да сум во можност , ќе чекаш цела вечност.
Пред некое време го купив скработ за тело на Балеа во ќесички, со кокос и кафе. Одличен е за поткожни влакна, вади се на површина. Јас имам сува кожа, потенцирано во зимскиов период, и морав да правам пилинг малку почесто отколку во лето, оти ми се лупи на места. А од депилацијата ми се прават поткожни влакна. Скработ е одличен, па го препорачувам. Доволно е еднаш на десет дена, обичен пилинг да е, треба два пати неделно да го користам. Јас и сама си правев дома, со шеќер, масло и млеко, ама ова ми е подобра варијанта, содржи сол и е посув. За овој скраб од десно конкретно е муабетот.
Здраво до сега не сум користела некоја помада маст ништо конкретно на балеа дај препорачајте нешто за лице имам акни и комбинирана кожа до сега што користев некако не сум нај задовлна од некои има нешто или
Која е разликата помеѓу овие? Јас го имам тој лево и го користам за фиксирање на шминката, односно да не изгледа прашкасто, но сакам да пробам и друг.
Исти се сосема. Само мирисот е различен. Јас ги имав Aqua и Cocos, разлика не приметив, освен мирисот. Ама јас не ги користам како фиксатор за шминка пошто не се шминкам. Само за освежување.
Не би ја препорачала за секојдневно користење бидејќи е премногу мрсна, сепак е маст, но за суви, иритирани, изгорени делови е супер.
Многу многу мрсна и тешка. Пробував за стапала да јуа користам ама престанав.После долго перење, едвај дамки од мрснотии излегуваа. За друго , не знам што може да користи толку мрсна крема. Како мелем е.
Не е крема, маст е. Јас ја користам за на усни, повремено ставам на образите на сувите делови, повремно низ должот на нозете после депилација (кога имам време да чекам да упие), итн. Топ е, многу е корисна и бидејќи многу малку нанесуваш, а големо е пакувањето, трае 100 години.
Иначе, мене доста работи ми се погодиле од Балеа. Одлична е сината пена со алое вера за миење лице: Омилен производ ми е, добри 2 години ја користам. Убаво го мие лицето, нежна е за кожата, ниту ја суши, ниту ја лепи. Едноставно, топ пена. Уште еден предобар производ за миење на лице е зелената 3 во 1 гел/пилинг/маска: И овој производ го користам долго време, повеќе од 2 години. Пената ја користам секој ден, најчесто и 2 пати. А овој пилинг го користам 2-3 пати во неделата, иако е доста неженн. Сум ги пробала повеќето маски на Балеа за 2 употреби и ретко која ми се допаднала. Но оваа е повеќе од одлична: Најчесто ја нанесувам откако лицето ќе го измијам со горенаведениот пилинг. Имам сува кожа (со исклучок на челото кое ми е нормално, периодов) и маскава е одлично хидратантна. Не знам дали е пласибо ефект, ама првиот час по користење особено, лицето ми е како побело, поизмазнето. Од истава линија, одлична е маската марамица: Преполна со крем, одлично хидратира! Мислам дека оваа линија е најдобра од се‘ што нуди Балеа. Азијците особено ги откупуваа СИТЕ, буквално СИТЕ ампули во едно доаѓање. Ми се допаѓа и оваа крема за очи: Најмногу ми се допаѓа бидејќи дава чувство на затегнување. Многу многу многу ми се допаѓа кремава за раце: Жими се, кремава ја измазнува кожата! Плус, има некое масло во неа и е совршена комбинација на крема и масло. На врв на се, прееееееекрасно мириса! Всушност, мирисот ме потсеќа на уште еден преодличен производ. Пена за тело која се претвора во масло при нанесување: Чуството на пена која се топи и се претвора во масло е преубаво. Маслото прелесно се размачкува и веднаш упива. Самото нанесување е одлично, право од шишето расшприцувам насекаде и потоа само мачкам. Тоа е уште една причина зошто го обожавам овој производ! И секако, мирисот. Преубав, сладок, но бледо сладок. Покрај пената за лице, ова ми е омилениот производ од Балеа. Уште еден одличен производ за тело е гелот со алое вера: Започнав да го користам додека бев на одмор и е прекрасен за после сончање. Има (логично) гелатеста текстура, а при допир на тело се топи. Го користев цело лето и го чував во фрижидер, за дополнително разладувачко чувство. Остава некое лепливо чувство, но на добар начин. Наспроти овие, одвратни ми се оние стандардни гелови за тело. Ниту еден не ми се допаднал, а многу имам пробано. Премногу се гелатирани, често ми се случувало да ставам на рака и да ми се излизга гелот пред да успеам да го размачкам. Многу чудна текстура имаат. Исто така, не ми се допаѓаат ролоните и антиперспирантните спрејови. Ниту еден не ми помогнал баш многу, а доста имам пробано. Истото е и со шампоните. Ги имам пробано и оние стандардните и оние во туба "professional" линијата. Имам пробано многу и ниту еден не ми се допаднал.
Скоро сите работи шо сум ги купила од балеа ми биле океј. Мицеларната вода воопшто не ми се допаѓа печи на очи, многу е пенлива, еднаш ставив и толку беше ја користам за бришење прашина.
Јас го користев и многу бев задоволна. Исто и од туферите што се натопени, од истата линија. Добро ме потсети да си купам
И мене воопшто не ми прија на кожа. Пече да, а и ми се исфрли цело лице со ситни акни после само два три дена употреба. Откако прекинав да ја користам ми се смири црвенилото.
За лице не би користела балеа, бидејќи за малку повеќе пари има нешто многу подобро. За тело ми се допаѓаат геловите за туширање. Сакам да земам некој пилинг за тело ама да е со убав мирис. Кај нас во Штип имаше пред месец време некои со кокос не знам дали мирисаат убаво? И некое млеко за тело би сакала ама да не е мрсно.