Јас ја имам користено мицеларната на Балеа со виолетово капаче и исто така имав осетено печење при бришење на очите. Но сега ја заменив со Балеа мицеларната со розово капаче и досега не ми предизвикала реакција и слободно и маскара можам да вадам со неа. Таа со розовото капаче е без алкохол.
За иритирана кожа е супер. Нема подобра маст за црвен нос при настинка Јас ја ставам на тело, а понекогаш и на лице. Ама имам исклучително сува кожа.
Пилингов го земав пред два дена. Сега за сега сум презадоволна. Ништо посебно всушност не е, маслен пилинг со сол. Ама маслото толку убаво ми делува на сувата кожа, и мирисот толку ме потсетува на море, уживам кога го ставам! Единствена мана му е што од него кадата се мрси, па се лизга.
И јас ја купив таа со розово капаче на балеа но некако откако ќе го избришам лицето со неа го осеќам како лепливо ,претходно користев на гарниер и немав чувство на лепливо лице.
Zadovolna sum od brendot generalno-pogodeni mi se penite za cistenje na lice,mleka i losioni za telo,odredeni maski i pilinzi,oils za kosa,mleko za nega na kosa,turpii. Mnogu bev skepticna za odredeni proizvodi bidejki se poeftina kozmetika no se potvrdi praviloto,deka ne sekogas cenata go odreduva kvalitetot
Лично го немам користено но Kattzia го препорачува како дел од двојно чистење на лицето. Иако содржи комедогени состојки, баш пиша дека не е толку опасно затоа што одма после него се користи гел за миење лице
Јас го користам моментално. Се изненадив од конзистенцијата, мислев дека ќе е погусто, но испадна дека е „потечно", како вода. Што се однесува до вадењето на шминка, ја вади, само ќе треба неколку пати да испумпаш, баш поради тоа што е толку „лесно".
Па, масло е, технички ЈА мрси кожата кога е нанесено, ама не е тешко масло што не би можела да го измиеш после тоа. Со други зборови, нема да ти остане на лице после вториот чекор на миење на лицето, исто како да не си ставила масло пред тоа .