Јас го имам користено. Преубаво ја топи и вади шминката, ама одвратно мириса. Не би го земала поради тоа.
Јас ја користам пената и можам да кажам дека досега ми е најпогодена. Имам комбинирана кожа и пената е супер за моево лице. Дава чувство на чистота и свежина, не ми го суши лицето како што од Алверде пената ми се правеа лушпи.
И јас моментално ја користам пената, преубаво мириса, многу убаво ми го чисти лицето и воопшто не ме затега по миењето.
Ја купив пред некој ден и мене ми се погоди многу,и мене ме интересира за тоникот ако го користел некој нека пише.
Jas gi kupiv vcera i penata i tonikot i zatoa prasav tuka za mislenje ... mene mi se pojavi crvenilo od koga go staviv tonikot . Se izmiv so penata i staviv tonik i za 15 minuti dobiv crvenilo ... ama mene mi e problematicna kozhata ... retko naogam nesto so mi odgovara .. Moze nema na drug da deluva taka . Ke probam sega samo so penata da se mijam i nema da go stavam tonikot .. da vidam dali povtorno ke imam takva reakcija
И мојата е проблематична. Пробај го тоникот на Афродита, Young&Pure. Имам комбинирана кожа и мене ми е супер.
Дали некоја го користела ова и дали го има во ДМ во Капитол? Не можев да најдам ништо од оваа мед линија минатиот пат, па не знам дали се потеошиле или воопшто не ги носат таму.
Го има видено некој серумот Витамин Ц од Балеа во некој ДМ? Го барав во гтц и кисела вода кај адора, нема.
Не сум користела ништо од оваа линија, но имам слушнато многу убави рецензии за оваа линија, дека има многу добар состав. https://instagram.com/miss.recenzija?igshid=1hqlra8o25pjl Ова е профил на докторка од Загреб прави рецензии, кај неа имам читано. Дава доста корисни информации.
Balea masloto,rozevata pena mi se must za double cleansing. Najdobra sheet maska od nivniot asortiman definitivno e korejskata Aqua Tuch. Serumot Aqua Tuch prekrasen. Od Med linijata gelot i kremata ultrasensitive predobri. Piling maska so ovosni kiselini vrv,ja koristev porano sega pocnav pak. Eliskir za kosa so kolagen,za vrvovi top. Balea soft krema za telo,nezamenliva za sveza i hidrirana koza. Losionot so kokos favorit so godini. Mlekoto za kosa so mango,za rascesluvanje i omeknuvanje super. Momentalno isprobuvam sampon na balea,sega za sega e okej. Sekako deka imaat i losi proizvodi,ama sepak e pogolema brojkata na dobri. Opsto sum prezadovolna od brend koj e so tolku niski ceni a dobar kvalitet.