Здраво Пак и јас ќе ти кажам ИЗДРЖИ Колку и да е тешко што се мора се мора, за првото дете во цели 9 месеци, еден месец само можев да станам и да се движам ( а тоа беше 9ти) после обилни крварења цела бременост хематоми, во 8ми ме фатија болки и контракции на 1мин и какви не чуда, во 9 ти не му се излегуваше до крај остана во меше За вторава бременост ПОВТОРНО лежам не е толку опасно ама морам да мирувам, станувам само по потреба ( да му спремам јадење на син ми и околу него ситни обврски ) преостанатото време лежам... Ама не се жалам, тешко е ама ќе се издржи We are strong
Само да биде се како што треба се ќе се издржи, после тоа раце полни радост ќе бидат. На почетокот ми беше потешко сега се залегачив некако освен што ме болат колкови од лежење друго се привикнав Јас не само што ми беа хематомите стигнав до кратење цервикс 10мм, па серклаж. Ама само бебчо нека седи внатре се ќе се издржи. Фала ти на поддршката, со лесно да е, ќе издржиме. Stay strong
@eli25 имаш слика или линк да видам какви се перниците и како одат цените? Од оние што се како банана форма или од поголемите имаш?
Jas cela bremenost koristev ,deka bese lezecka.Ja poracav od pillows lala.Gi ima na Instagram.Prezadovolna sum.
Изгледа ке ви се придружам во оваа тема. Трета бременост ама пак почнав да крварам.Предходните две ми беа такви лежечки, втората неуспешна за жал, сега се зареков дека нема да лежам дека ке терам нормално ама изгледа нема да имам избор. Минатата недела имав розов исцедок, ме гледаше матичната ми рече најверојатно од полип кој го имама во грлото на матката. Се смири неколку дена сега пак се појави. Ме водат од сам старт како високо ризична бременост ама несакав да почнам патолошка од психички причини, побрзо ми минува времето кога одам на работа, позафатен ми е мозокот и мислев дека така ке ми биде подобро, ама ова ми личи дека сепак ке мора да лежам изгледа. утре сум на контрола во Систина па ке видиме. Може ли полип неккао да се третира во бременост или да се отстрани?9+1 сум иначе.
Сега видов дека немаш одговор. Полипот мислам дека може пред или после бременост да се третира, ако не прави проблем докторот нема ни да ти напомене дека ствара ризик.
Женче зошто одиш на работа? Ем тешко тргна со бременоста ем одиш. Оставај се, остани дома. Исчувај се. Работата нема крај и никој не вика фала.
Zdravo majki, dali ima nekoja so slicen ili ist problem kako mojot? 24 nedela sum, od pred 2 nedeli mnogu pocnaa da mi trnat racete odnosno prstite na racete vo spienje, a vekje 2 veceri po red imam bolki-na levata raka strasno me boli zglobot kaj dlankata a na desnata raka me boli gore kaj ramoto. Dali e mozno bolkite da se od toa sto sum na strogo miruvanje( so serklaz) ili e normalno vo bremenost? I ako znaete lek kazuvajte bidejki ova ne se trpi. Ne mozam od bolki da spijam navecer.
Извинете што ќе ви се тупнам на темава ама ми буди емоции и сите ве разбирам како ви е. И мене втората бременост ми помина во лежење и тоа во болница. А твоево мислење како да сум го пишела јас. Од многу лежење ме болеше левото рамо ама толку неиздржливо, до тој степен да не можам да спијам ноќе,на која страна и да се свртев болеше како оси да ме искасале. Ништо посебно не ми кажаа докторите, само дека болката е од многу лежење т. е закржлавеност. Дури и сега после толку време од пораѓајот знае да ме здоболи. Немам што да те советувам, јас не најдов чаре, само да ти кажам дека ист случај бев како тебе.
Magnezium pijam po 2 kesicki radi serklazot ama ne pomaga za racete. A mast ne sum probala ama ke pobaram uste denes da probam. Fala ti ❤️