До 25та е дозволено да се стави серклаж. Без оглед на неделата,мене ми рекоа дека серклажот е меч со две острици,кога ќе го ставаат може да се закажи некоја инфекција а од неа да дојде до пукање на водењак. Јас овој разговор го правев со докторката од систина и заеднички одлучивме дека нема да ставам. Си ги одлежав 5ти и 6ти месец, си ја примав потребната терапија и се породив 39+1.
Цело време ли лежите скроз легнати?Јас лежам претежно на грб,покрената на перници, кога сум скроз легната на страна ме боли глава,вака ме боли грб и кичма многу,комбинирам и така и така со зор.Седнувам само за јадење.И кога ке станам имам болки како менструални и половина ме боли,и раната ме боли и пече,тоа ваљда од времето што се смени.Никако не ми е удобно,сто перници имам околу мене.
Херојки, само да Ве поздравам и да си кажам да ми олесни на душата , 29та недела сум лежам од 6та и овај период тешко ми е и вртење во кревет и лежење и се,ако издржам треба барем уште 1 месец да лежам. Ама ајде што се мора не е тешко ќе стискам заби.
Јас почнав да станувам,лежам подкрената на перници,седам за јадење,седнувам кога син ми јаде,седев надвор во двор овие денови,не ме фаќа место,а после ме гриже совест да не се случи нешто.Во вторник ке одам на контрола кај матичната,се надевам дека се е во ред.Со таква дисциплина како твојата ке издржиш,верувам во тебе,ситно броиш веќе,браво за издржливоста.
Девојки како претежно лежите и спиете на грб, на страна? Јас мирувам лежам по цел ден на грб и се вртам на страна чат пат. А гледам да спијам на лева страна. Веќе влегувам во 20та недела и имам болки во половините.
Јас спијам на страна и преку ден лешам на страна само кога седам сум на потпрена на грб инаку спиев претежно на лева страна ама веќе неможам многу брзо ми чука срцето и се консултирав со доктор ми рече слободно си спи на десна страна
Здраво храбри борци Гледам темава веќе подолго време не е начната а потребно ми е вашато искуство. Пред десетина дена кај матичната ми мереа цервикс кој беше 36мм. Вчера бев на контрола во Систина и др Димитров ми рече цервиксот бил 27мм по што ми препорача мирување две недели и да не одам на работа, а по две недели пак контрола. Сега сум 28 недела и ме интересира какви се вашите искуства? Дали мирувањето значи дека постои можност да се врати пак во нормала должината? Исто што значи мирувањето? (бидејќи не ми дадоа повеќе насоки, сали само лежење или може и да се седи со испружени нозе, дали да се зголеми дозата на магнезиум зошто сега пијам 400мг дневно и сл)
Здраво, цервиксот да се зголеми не може особено веќе во неделите во кои си. Ќе ти кажел ако треба плус терапија, не знам утрогестан дали примаш можеби за тој едино да прашаш ама ако нема отварање и омекнато грло сигурно поради тоа и не ти дал. Гледај да лежиш 90% од времето, да не стоиш долго на нога, движење сведи на минимум барем до следна контрола, седење исто нека е кратко време на меко, бебе допрва расте нагло ќе врши притисок на цервикс ќе го крати грлото. Гледај да си истераш што подалеку со мирување за да не излезе ептен рано малецко бебче. Фала богу веќе и во побезбедни недели си но подобро да се превенира да си задржи 28мм барем некоја недела. Магнезиум јас никогаш не земав повеќе од 400мг, мада на своја рака си почнав ферона од 20та недела и еве ја терам 32ра таа има во себе магнезиум и помага за грлото ептен а се витамини
Ти благодарам, не ми кажал гинеколог да ги земам до сега ама ќе прашам на наредна контрола. Исто би сакала да ве прашам дали е штетно често мерење на канал. Зошто на две недели одам во Систина на контрола таму ме мерат, а измеѓу кај матичниот гинеколог што доаѓа дека секоја недела ми мерат канал. Матичната ја прашав дали ја доаѓам и кај вас измеѓу ми рече како сакаш и јас одам од што ми е мисла (и сега секоја недела имам контрола всушност )
Па не е баш добро секоја недела чепкање мерење. Не гледам ниту поента тој не може толку во краток период да се скрати доволно е на 2 недели, а за фероната ни мене не ми ги препишаа во Систина тоа е од доктор до доктор јас матичната ја прашав тогаш и почнав да пијам за свој мир иако бев доволно покриена со утрогестан и магнезиум.
Здраво, пак јас со консултација Како поминувате тие што сте на bed rest, со скратен цервикс. Последно време ми се случуваат како слаби менструални болки (чудно чувство во стомак како пред добивање)? Дали е нормално, во понеделник сум на контрола
Sme gi cuvstvuvale site, ako zgolemuva cestota i intenzitet, treba doktor da vidi..inaku da site sme imale takov moment
Тие што примате утрогестан при скратен цервикс што ви кажаа до која недела треба да се прима? Добив различни одговори од матичниот и докторот во Систина што ме следи па затоа ме интересираат вашите искуства