Здраво жени, Како се справувате со лежење во кревет и плус дете година и пол? Докторот ми рече да мирувам,да лежам, бебе ниско долу, строг одмор…
Јас лежев цела бременост,дома со мало дете.Имав помош од мајка ми и сопругот.Мора некој да помага.Психички е заморно да чекаш од некој друг ама мора да се издржи
Jas imav pogolemo dete 6 godini..mora da baras nekoj da ti pomaga Jas imav ogromna podrska od soprugot i majka mi. Ako ti e za uteha lezev 6 meseci.. se izdrzuva i se zaborava. So maloto igra v krevet, citaj mu, gali go..drugite obvrski ke mora nekoj da ti gi prevzeme. Zavisi kakov odmor ti imaat receno, jas samo do toalet stanuvav
Јас лежев во првата бременост и така е секако полесно, на тебе со дете сигурно ќе ти треба помош. Доколку сама ќе ти биде многу потешко и напорно… Пробај со малото во градинка, помош од домашните и ќе истуркаш до крај. Која недела си?
И со првата бременост лежев ама тогаш бев 27ма недела и бев сама, без обавези кон друго дете, сега сум 15та недела и претешко ми е дека чекам од сите…
И јас ви се приклучувам овде .. Лежам од 30та недела тогаш бев и хоспитализирана на ГАК неколку дена.. сега сум 32+1 .. Со ин витро сум,имав хематоми и крварења па така од прв ден на трансвер па се до 4ти месец бев на строго мирување .. потоа ми дадоа дозвола за раздвижување до дома и до дворче .. се до 30та недела кога добив контракции и болки и завршив на ГАК со измерено грло 19мм .. Сега сум на строго лежење дома,терапија со магнезиум, Циклогест, и Но спа таблети .. единствено станување ми е до тоалет .. Ајде заедно ќе се подржуваме и ќе поминат и овие денови .. заедно ќе броиме,ќе си даваме утеха .. мора да издржиме се за полни раце среќа на крајот... Со лесно на сите
Исто и јас со првата бременост завршив како тебе, јас бев хоспитализирана 27ма недела, премногу ме извадија таблетите но спа, кога и да имав болки ги пиев нон стоп, исто така магнезиум 800мг дневно и ферона земав јас, со инфузии,со строго лежење изгурав 36+4 се породив спонтано.. Со леснооо
Од Ск си? Прашај во аптеката на Систина или на Жан Митрев Крајно ако не успееш да најдеш за да не ризикуваш нека ти боцнат во приватниве клиники,скапо е 800ден ама додека најдеш инекција за следно боцкање
Здраво на сите. Јас сум нова на форумот. Во 10недела имав силна болка во јајникот и подоцна во два наврата крварење. На еден ден хиспитслизирана во државна не успеаа да утврдат ништо само хиперстимулација( со инвитро сум) на јајник После во Њу Борн открија дека крварењето е од полип на цервиксен канал кој излегува малку од ксналот( кажаа дека ова се случува во бременост) Претходно можев да движам сега ми кажаа лежење и шетање по 15 мин но никако седење и стоење Јас живеам ви куќа во која има скали и морам да се качува за во спална соба Дали е ризик калувањето по скали? Некој со мојата состојба да сподели искуство? Инску сега сум 12+0 недела
Јас имав така исто, ми ставија и серклаж.,лежев цела бременост станував до вц само, и мојата спална е на спрат а дневната ми е доле, спиев во дневна не се качував по скали никако.,се тушира набрзина и тоа седната на столче, јадев во кревет подигната на перници. Тешко е многу ама се издржува.
ти благодарам на одговорот ❤️ кај мене вајда уште е рано и заради тоа ми рекоа дека можам да пешачам по 15мин два пати во ден( јас одлучув да не пешачам ама се раздвижувам по дома) Сега немам болки, немам крварење ама вајда како ќе расте бебето ќе претиска на каналот. Не ми кажаа дека имам отворен цервикс 12 недели сум по скалите надолу нагоре и се качувам многу бавно ама вајда ќе мора да остснам на еден кат.
Здраво Јас лежам од почеток на бременост (моментално сум 35та недела). На почетокот имав хематом кој се повлече, дополнително на првиот скрининг исто така се утврди дека имам полип на цервиксот. Бидејќи сум со историја на едно предвремено породување во 17та недела и аномалија на матка докторот одлучи веднаш без чекање да направиме серклаж. При самата интервенција делот од полипот кој излегува од цервикалниот канал е одстранет и серклажот е поставен. Она што ми го кажаа е дека полипот може да го ослабе цервиксот дополнително па затоа е најдобро да се реагира благовремено. Би ти предложила да следите должина на цервикс на идни контроли за ако има промена да се реагира со серклаж. Инаку да симнување/качување скали не се препорачува но штом ти е таква ситуација гледај барем што е можно помалку да одиш горе доле. Со лесно
Ти благодарам на одговорот. Мене ова ми е прва бременост преку ивф постигната. Наредна недела сум на преглед па ќе видиме што ќе ми кажат. Не ми е проблем да лежам, само да знам дали треб или не треба. Реално само за јадење станувам и тоалет, и што ќе се симна и качам по скалите така да 80% од 24ч сум во кревет ама доколку треба и тоа движење ќе го намалам
абе заборави скали жено, со полип, со инвитро, не прави експерименти ако сакаш бебе, ти се скарав сега ама ова ми е болна точка јас едно бебе изгубив од тоа раздвижување.Ти посакувам секое добро, лежи, гледај сериии, се издржува
@Baby Girl123 Здраво, заради bed rest толку многу го засакав форумот и направив толку многу мислења и се под ред. И јас лежев. И јас бев инвитро, NewBorn ,и уште на почеток, не се ни секавам која недела бев, исто имав крварење. Аспиринот го заменив со Клексан/Фраксипарин крварењето изчезна. Потоа лежев цела бременост и спиев во дневната. Исто живееме на трети спрат мислам дека само неколку пати излегов надвор цела бременост. Сепак јас бев со близнаци и 6ти месец само што ми дадоа одобрение да движам, се отворив, и потоа лежев на ПИН месец и пол. Така да, ако ти кажале да си мируваш, мирувај си. Ама.. сега си имам две дечиња кои само што ги испратив на училиште. Секој прележан ден, си вредеше максимално. Додека лежев и растурав по форумот, една феминка ни пододели книги од https://sakamknigi.mk/ и стекнав еден куп пријателки со кои се бодревме со иста приказна. Ако ти е прво дете, максимално користи го секој ден. Работи на себе, на трпение... Искрено толку многу трпение извежбав, што многу ми е мило колку убаво ми влијаеше паталошката, на трпението на кое се научив.
Фала ти на мотивацијата❤️ Кога ќе прочитам вакви нешто се охрабрувам. Искрено јас ќе лежам колку и да треба, ама др.ми нема кажано дека мора цело време да лежам, ссмо да не стојам и седам долг период заради полипот да не се иритира. Ама за секој случај, подобро да спречам отколку да лечам, веќе скали за мене нема Ќе направам се за да го родам ова бебче а верувам и дека и Господ ќе ми помогне се да биде во ред