Девојки, мајки, Репив да отворам ваква тема, бидејки не сретнав во темите, (ако има, слободно тргнете ја), Посветена е на сите лежечки херои, кои лежат со месеци и месеци, без да се чуе нивното "се здрвив" "лошо ми е" "сакам надвор". И не, не зборувам за мирување од 5-7 смешни дена, зборувам за долги месеци. Нека стои како тема за сите девојки кои во моментов минуваат низ тоа, и за тие што допрва ќе минуваат, (посакувам да се се помалку) Секојдневно добивам пораки во инбокс, како да издржиме, па оттаму и идејата. Ако ништо друго, да си дадеме храброст, позитивна мисла. Не е лесно во јуни да си во пижами од ноември, со до пола спуштени ролетни и единствените нешта што можеш да ги допреш за твоето бебе се имагинарни онлајн порачки (од кои пола се "утка".) За сите, кои сфативме колку е важна слободата, но, уште поважно малото срце под нашето. Модератор: Споена дупла тема
Јас само да ви дадам поддршка на сите кои бременоста ја поминувате лежејќи. Една огромна поддршка Породена сум пред 1,5 година. Лежев 5,5 месеци и тоа строго мирување. Првите 2 месеци дури и јадев лежејќи. Се бањав седната на столче, со помош на сопругот. Мачно искуство и уште по мачно чувство кога се осеќаш неспособен, лежејќи и не можејќи сама да си ги вршиш обврските, да си излезеш да си купиш се што е потребно за бебе. Па праќаш маж, ти праќа слики, ти објаснува, ти бираш. Истото го искусив и во првата бременост, но лежев само 1,5 месеци. Но, делот со купување облека за бебе само преку слики го искусив 2 пати. Уште потешко беше дека имам и поголема ќерќичка која беше тогаш 3,5 години. Најтешко ми беше кога ме бараше да си играме и кога ќе и објаснев ми викаше "добро лежи не станувај, само збори ми" и гледаше жално. Кога не можев ништо да направам околу неа па цела грижа ја презедоа мм и неговите. Тој дел ми беше претежок. Претходно правевме се заедно. Единствено станување ми беше за до вц и на контрола. Станував со преголем страв. Во 35та недела ми дозволија да се движам, дури од страв првите неколку дена и не одев никаде. Се породив во 39 та недела. Ама се вреди на крај кога добро ќе заврши. Кога ќе успеете и кога ќе си го држите во раце тоа бебенце за кое сте направиле сеКое ве гледа милно. И кое не спие и ве држи будни во 5ч сабајле Од срце ви посакувам да си имате лесен пораѓај и да вреди секој еден ден поминат во кревет, да осетите дека сте направиле се во ваша моќ за да се роди тоа душиче
Подршка до сите , ве гушкам силно. Не сум имала таква бременост, но сум имала шанса на интезивна во Скопје да видам таква мајка. Не смееше никаде да станува, лежеше со месеци , леженката и ја миеја косата Кажа она дека цела бременост морала да мирува. Гушки многи и бацки , издржете после е многу поубаво со радост во рацете
Темава се надевам дека нема да ја затворат бидејќи многу од тука тоа го минуваме. Колку е тешко може да знае само оној што го минува тоа, ама за жал и најблиските околу нас го преживуваат тоа поради целата ситуација. Да се плашиш кога одиш и во вц, исто и јас се бањам седната на столче и ми помага мм. На мајка ми исто срце и се кине кога ме гледа, ја гледам колку и е тешко и неа покрај мене. Јадам легната исто... И на сето пазење пак малку сум отворена претходната недела ми кажаа. Психички е премногу тешко да се издржи, треба ептен јак карактер и поддршка. Иако мислите се секогаш кај бебето и те води единствено помислата да си гушнеш на крај право и здраво чедо, некои денови е претешко и се попушта психички. Најтешко ми е кога ќе видам на прегледите трудница во одмината бременост со огромен стомак и толку лесно се движи, мислиш лебди... А јас од 6ти месец не можам да се исправам што се вика.
Затоа и ја отворив драга... Не најдов на слична...и ги почитувам сите трудници, сите во себе носат еден мал живот, но ова е сосема поинаку... Есинствено е чувството кога ќе се разбудиш наутро, а знаеш дека плановите за тој ден ти се "побрзо да помине"... Знаеш колку се радувам кога ќе дојде мм од пазарење па ги разгледувам продуктите? Wow сум... Кажав, ова ми е најтешкиот период во овие 33 години... но, ќе издржиме. Мораме.
Јас имам ,,лежечка бременост” или на англиски bed rest. Убаво е и да ги кажеме и причините во кои не довела оваа бременост во ваква ситуација/положба. Јас од старт лежам поради (incompetent cervix) или по наше некомпетентен цервикс и сум со серклаж. Од почеток ми беше супер, одмор конечно Но, потоа од ден да ден секако стануваше по напорно. Те болат коски, мускули се живо(не е лесно да лежиш). Иако веќе со месеци лежам, јас сум психички супер и сум среќна што лежам за убава работа! Фала Богу не сме ниту инвалиди, луѓе со попреченост и сл... Јас искрено така си се тешам. Само кога ќе помислам дека после некој месец, ќе си барам вака да одморам се смирувам и уживам во тишината, мислите, книгите, сериите Така што се ова на крај ќе ни донесе само убава работа. Да лежиш и да не се чувстуваш неспособен, бидејќи носиш живот во тебе и на тој начин допринесуваш да биде здрав и жив. Непроценливо... гледајте малку позитивно И со лесно на сите
И јас сум во клубот на "лежачките".Моето лежење се знаеше уште пред бременоста,бидејќи сум со конизација.Второ ивф,прво успешно и од Декември почна лежењето.Со ептен кратки прошетки.По ставање серклаж во 16та седмица одење само во вц и на преглед.Ретко паѓам психички поради лежењето,тука е бебка да ме клоцне и да си го гледам мешето со саати.Одењето на преглед ми е како празник.Си викам ништо не ме боли,ќе издржам уште два-три месеци.Можете да дадете предлог за филмче или книга
Jas lezhev odreden period pa posle mi rekoa mozham da se dvizham pa pak da odmaram pa pak dobra sum da se dvizham i se izmeshano. So lesno na site majkiii za bebushkite ke odmarame shto ke pravime Ve gushkam ❤❤
И јас сум една од оние кои што цела бременост ја поминаа во хоризонтала . Значи буквално цела, од трансферот, бидејќи бев на ин витро, па се до пороѓај. Станување само до wc, бањање со помош на мажот ми, значи он ме соблакаше, он ме облакаше...и кога одев на контроли... Цела бременост ја поминав легната во оние трудничките перници. Али вредеше се . Совет за оние кои што сега се бремени и мируваат: наспијте се, наодморете се, зошто кога ќе се роди ќе ви фалат тие две работи .
Devojki,so lesno da vi e na site.Ke izdrzhite!Koga ke si pomislite deka Celo toa lezhenje e za dobroto na bebencata se se izdrzhuva.. Sakav neshto da ve prasham.Jas imav kafeav iscedok vo osma nedela I ushte ednash vo 21.Matichnata me prasha Dali Koga otidov mi merea cerviks,no ne mi izmerija I reche sledna kontrola ke merime.Pod terapija sum,primam utrogestan od 200 mg. Dali vi merat cerviks poradi Nekoi problemi?Primer krvarenje,bolki Ili nekoja druva prichina Ili vi mirat rutinski na kontrola pa doznavate kolku cm e? Pishav I vo trudnichki,malata mi e Edna godina I pet meseci I postojano mi e v race Koga ja zaspivam... Dali mozhebi I zatoa imav taka kafeavo ne znam.
Mene mi merea na vtor skrining vo 21 nedela, ne pobarav jas, del od pregledot ai bese toa i vidoa deka e 30mm, mi rekoa da odmaram poveke, da ne krevam teshko i da se sledi cesto na kontroli dali se krati ili si e ist ili pak daj boze da se potkrenalo bebe i da e podolg, vo vtornik sum na pregled 23 nedela ke pobaram pak da go izmerat i ke spodelam iskustvo,
Кај мене бидејки бев постојано со болки, прокрварев во 15та, но свежа крв, не кафеаво..тогаш ми беше 38, после во 19та контракции, и така на една-две недели се до сега...
Јас сама си побарав на последната контрола имав болки долу и излезе дека е скратено, кај сите е различно, но мое мислење е на секоја контрола да се мери нема штета од редовно мерење.
Девојки здраво и со лесно на сите! Јас на регуларен преглед во 29та недела сама си побарав мерење цервикс и испадна 15 милиметри + голем funneling. Примив одма инекции за зреење на бели дробови и строго мирување. Во 32ра недела на преглед, цервикс 1 сантим + уште поголем funneling. Пак инекции за зреење и дома кревет. Денес бев на преглед 34+3 сум, цервикс испод сантим. Од кога сум во кревет пијам утрогестан по 2 и магнезиум по една кесичка навечер. Па се надевам да се истера уште недела две...
Исто мислам треба од старт да се мери. И тоа јас онака прашав ни болки ни ништо немав. Докторов ми вика ауу ко да си знаела. Негово мислење по ситуацијата беше дека многу брзо ќе се породам ама еве се тера..
Даа нема грешка од мерење, некогаш и самата интуиција ќе те натера да речиш да измерат, оти не сите го мерат не се замараат
Ќе истераш само строго одмарање и ако можеш со перница под газ да не се прави притисок на цеервиксот, исто во 34 побарав да ни мерат цервикс заради болки ниско , и бев во право должината на цервикс 14mm , грло омекнато и подотворена, ми рекоа строго мирување да издржам бар две недели, сега сум 36 + се надевам уште дека ќе истерам ,само позитивна мисла и одмор
Не ти препорачаа прогестерон депо инекции? Магнезиум можеш и до 1000мг дневно. Јас пиев по 2 ќесички од 375мг. И сабајле и навечер ставав утрогестан од 200мг. Станување само до вц и за на контрола. Со скратено грло од 20та недела,се породив во 39та.