Јас утрогестанот ги пијам не ги ставам како вагиналети, на 12h по едно од 200mg. Магнезиум немам потреба за повеќе од една кесичка навечер, има и во фемибионот и плус препорачана доза е 350mg за трудници до 30 години. А за прогестерон депо инекции воопшто не станало збор..
На мене ми рекоа дека подобро дејство имаат вагинално. И јас немав некоја потреба за магнезиум,но по совет од доктор пиев по 2 ќесички. Кај што правев емг на матка таа докторка ми кажа дека може до 1000мг за трудница. А по мене прогестерон депо е најважното од терапијата, примив 5 инекции,по една неделно.
Јас се знам дека е обратно Можеби зависи од случајот и уште повеќе од докторот. Не сум доктор ама гинеколози не можам да набројам кај колку сум била заради пцос и секундарна аменореа и можам со две раце да потпишам дека 80% се неписмени и немаат поима што праат. До степен што дел ми рекле да се помирам дека никогаш нема да имам деца а од прв покушај останав трудна кај Лазаревски..
Логично ми е орално да е делувањето посигурно од вагинално каде се случува да истече содржината за разлика од орално каде се апсорбира целосно. Сум чула поради малку лоши нуспојави некои преферираат вагинално а не заради појако дејство. A тоа можам и да потврдам, малце се шизнав од кога ги пијам
Можеби имаш право а и има логика дел истекува при мокрење и на веш да, јас од старт ги примам утрогестанот прво ги пиев немав никакви нус појави, но откако морав да лежам ми рекоја вагинално да ставам така да...
Вагинално имаат подобар ефект и делуваат локално каде и се аплицира прогестеронот. Секогаш докторот ми ги дава вагинално, појак ефект така имаат.
Сепак индивидуално е од доктор до доктор некој така мисли некој инаку... а наше е да послушаме, и мене и матичната и на приватно ми рекоја за вагинално имало појак ефект и си ставам утровечер.
Со акцент на "мисли". И они и ние можеме да мислиме што сакаме. Сум читала и обемни студии на темата ( од што сум на bed rest па се занимавам ) Има различни резултати. Науката не може да докаже, ние ич!
И јас на стого мирување сум и само читам свашта. Едни студии(америка) препорачуваат само вагинално и инјектирање мускулно, Европскиве повеќето комбинираат. Јас два ставам вагинално, едно пијам и плус се боцкам на 5 дена
25та недела сум, ама веќе 5 месеци лежам Модифициран bed rest па сеа веќе морам само до вц плус со серклаж сум… колку време ти лежиш и која е причината? Утепува ова лежење и се боли ама за убаво е фала Богу
Oхоо јака ти душа. Браво! Ќе биде се добро сигурно. Те прашав ради терапијата што ја пиша претпоставував дека си од почеток легната и со серклаж. Јас сум од 29та на строго мирување ради цервикс сантим со funneling. Изгледа затоа ми се орално препишани утрогестанов. Утре сум 35та недела, па малку ми подолесна..
Супер, во безбедна зона си немаш гајле Плус многу лесен пораѓај ќе имаш, ќе видиш. Ради тоа дека имаш фунелинг не ги примаш вагинално. Но, обично даваат на такви резултати и појаки терапии прогестеронски. Ама добро е битно истеравте во супер недела
Мене овие денови страшно многу ми се спие и многу уморно се осеќам ( не знам како кога лежам цело време ) Нешто читав дека неколку дена пред пораѓај повеќето се осеќале уморно како во прво тромесечие.... дали е така не знам... И нешто паника ме фаќа на моменти.. не знам што да очекувам ако тргне возот..
Барем не е жешко овие денови мислам дека се преродив и поспијав некој час плус. Нема што да те фаќа паника веќе се бројат денови, само по себе ќе си дојде се како што треба на време
Eve me i mene zenski,37+ na strogo lezenje pominav 5ipol meseci so pernica pod karlica postojano den i nok(stanuvanje samo za wc,tush i kontroli),serklaz postaven vo 16nedela.Se do 16ta nedela bev na 80%miruvanje,bremenosta mi e postignata so in vitro.Teshko e mnogu,no vredi za nashite dushichki se ke izdrzime,hrabri sme i so gospodova pomosh ke uspeeme.Golem e gospod.
Изгледа многу време имаме за размислување Да сме у движење ќе не фатат болки и ајде на раѓање .... а вака мисли мисли....
Браво бе мајка, многу ми е мило и утешно кога вака ве читам ми давате сила Нели ти рекоја тебе да движиш веќе?