Јас не лежев така, тешко ми беше (иако ми рече докторот), само на страна со перница за трудници меѓу нозе. Ако ти е згодно со перница под гз треба да ти е поткрената карлицата.
Гледај филмови, читај книги, на форумов дремни малку па на соц. мрежи, најди си некоја игрица на моб и ова она бака така поминал денот
Отворив најспецијално да ви пишам овде... ЌЕ БИДЕ СЕ ВО РЕД, верувајте во тоа... Пред два месеца ја начнав темата, како под друго име, но поентата е таа... Од 15недела во кревет, 19та контракции, бед рест најстрог на свет, со контроли секоја недела, утрогестан 600мг, дабростон 2×1, прогестееон депо 2 пати неделно, магнезиум 3× 400 мг... Среќата, 38+3, 3300, бело, чисто, меко бебе... Кога на се ова излезе добро, ќе биде. Бидете силни. Борбата не прекинува по раѓањето, само добива смисла...
5ipol meseci lezev den i nok so pernica pod zadnik,poshiroka najobichna kako za spienje.Si vikav lele kako ke se naviknam,a sega chudno mi e posle tolku vreme druzba so nea da spijam na ramno Chitaj kniga,reshavaj sudoku,krstozbor...nekoja serija zagledaj i vremeto ke pomine.
Контракциите никако не ми врват еве втора вечер кај што немам склопено око, ме ставија на цтг баш тогаш бебе реши да прави салта и пластичињата да ги турка, една контракција не успеавме да фатиме, надвор дури чекав имав 5 во 10тина минути.. Телото ми е уморно, стомак ме кини од константно стегни пушти на 10тина минути душата ми спие сакам да се изнаплачам.. Цервиксот е затворен не се продуктивни ама мене цел утрогестан и магнезиум на светот не ме спасуваат од болката.. Смртно сум исплашена за бебе, не сум мирна а од друга страна не ми се ризикува пат до Ск.. Не знам каде би отишла има ризик дс не ме примат и џабе да ми е се.. Џабе ми е цел бед рест ова чудо не се смирува со лежење, немам мрднато и џабе џабе и џабе.. Безизлез тотален, не знам каде веќе да се обратам душа ми плачи и за мене и за неа Им велам дека не знам кога да одам па кога ќе прават промена или ке прокрвариш или водењак ќе прсни.. Добро супер фала Само се ова да заврши добро
Јас сум со цервикс 27 мм, денес влегувам 28 недела, се беше добро наеднаш ете се намалил кај мене. Лежам постојано, од терапија земам магнезиум 2х400,утрогестан 2х200 орално. На 9 ти август сум на контрола да видиме,ж како ќе биде. Гледам и депо примате ќе инсистирам и јас.господ напомош
И јас сум со толку 27мм, 22+5 недела. На 10 август на преглед. Лежење и позитивна мисла ќе биде се добро.
Здраво мешиња Денес на преглед супер сме засега, бебка си фатила позиција надолу се надевам нема да се изврти Инаку примивме зреење докторот превентивно вика иако се е во ред, па примив денеска, утре пак.. Да се надеваме вака ќе останрме како и до сега Убав ден галете мешиња
Труднички да ве прашам дали некоја од вас мирува поради тоа што и рекле дека цервиксот е поправ отколку што треба? Јас бев со крварење од 19 недела, па лежев месец дена, па ме пуштија да се движам со осет нели, им беше страв да ме гледаат вагинално па преку абдоминално ехо ми измерија во 22 недела околу 34 цервикс, па во 25 поради болки добив вагинален преглед со рака и абдоминално ехо по што ми кажаа цервикс над 30мм и сакрализиран и убаво затворено. Денес 26 недела кај матичниот бев за микробиолошки брисеви поради исцедок со мирис и му кажав на докторот за сите претходни прегледи. Он ми рече дека мора да провери со вагинално ехо за цервиксот и ми кажа должина 37мм што било супер само дека рано почнало да се централизира, односно цервиксот требало да биде свиткан како кифла а кај мене почнал да се исправува по што ми рече да мирувам 70% од денот и да лежам на страна. Не било страшно ама можело да дојде до предвремено породување особено во случаи како мојот каде што плодот е ниско поставен и со главчето врши притисок врз цервиксот. Никаде на нет не успеав да најдам за централизирање на цервикс, па доколку некоја од вас знае нешто повеќе упатете ме.
Да не е бебето централизирано спуштено во карлица со главчето т.е engaged што го викаат америте па затоа да притиска. И јас прв пат слушам за централизиран цервикс.. И не се плаши од вагинална сонда, мене еднаш неделно ми мерат грло пострашно било тоа што со раце те прегледале, тоа немој да даваш ако скраја да е има нешто на вагинално ќе покажи почетни промени.. Јас сум со болки целљ бременост и со контракции од 20та наваму и само еднаш на државна ми рекоја да ме проверат со рака не дозволив пошто приватно кај што одам ми вели дека ако има нешто ќе се види на ехото..
Здраво феминки, секоја чест за групава баш е голема подршка. И јас поради скратен цервикс (најверојатно поради зафат кој го имав Лапаро и хистеро) сега 30+ недела сум под строго мирување,станување до тоалет и за јадење. Лежам веќе една недела и за среќа добро го поднесувам сето ова психички(освен што боли секој дел од телото). Јас од паника и страв кога слушнав од матичната дека имам скратено грло не ја ни прашав колку ми е скратено. Наредна недела сум на контрола и ќе видиме дали ќе треба да примам за зреење на бели дробови . Некој совет плус од Вас? Со лесно да ги минеме овие денови
Совет плус нема нешто, тоа е лежи си одмарај си примај си ја на време терапијата што ти ја препишале и ќе си мине времето, со добра мисла само
А дали навистина со одмор и терапија се враќа во нормала? Примам утрогестан вагинално 2*200 и магнезиум
Со согурност незнам да ти кажам ама како што сум читала наназад од членки има и на кои им се враќа во нормала, т.е се зголемува должината, сепак тоа е индивидуално секој организам различно реагира. Терапијата е таа и јас тоа примам плус имам серклаж, досега да ти кажам не сум прашала должината како ми е, докторот вика таман си е и не ни прашувам дали се потскратило за некој мм или се зголемило.