Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Bed rest - мирување во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Bonnie Top, 31 август 2019.

  1. Light star

    Light star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Јас на 2 недели одам на контрола,и кај мене беше во 30та недела скратено па после 2нед одмор се врати до 35мм. Вчера бев пак на контрола и повторно е скратено 30мм ,и баш моето прашање беше како кога одмарам и таа рече не е до нас си се крати и сега до 36 та недела пак треба да лежам. Не се плаши само најди занимација да ти минува времето. Лежи како ти е најпрактично и најудобно,како и да одмараш ќе имаш подобрување. Се согласувам со Ивани30 многу е на 4 недели контрола.
     
    Последна измена: 7 септември 2021
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    2.358
    @ivani30 @Light star девојки ви благодарам за брзите одговори :hug::hug:

    Некако ми олесна денес откако сварив информацијата. Не е проблем за времето, работам од дома така што ќе помине времето, нетфликс е тука :D за преостанатото време.

    Моментално некако се исплашив иако матичната рече дека нема потреба 24/7 да сум врзана за кревет, но да гледам што е можно повеќе да одмарам. Терапија да примам и тоа е тоа.

    За контрола во 32 недела сум во Систина на скрининг, така што ќе ме види и докторот таму, ќе му кажам како стојат работите па таман ќе имам и второ мислење. Се надевам се ќе биде добро.
     
    На S.o.F.i и Light star им се допаѓа ова.
  3. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Се се издржува борци!!
    Конечно му реков чао на креветот после 27 недели, големи хематоми, обилни крварења, кратење на цервикс па враќање во нормала, endless контракции веќе 16 недели..
    Полна 36та од денес:inlove:
    Бебе спуштено и наместено, до каде истуркаме до таму(fingers)
    Ви посакувам на сите леснотија, никоја веќе да не пиши во групата и да гушкаме здрави прави бебиња:hug:
     
    На Marii12., Bebulleee, демотивирана и 22 други им се допаѓа ова.
  4. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.936
    Знаеш колку ми е мило мила, што се не истрпе и ти.:hug:
    Веќе сте сигурни и со Господ напред само.:angel:
    :inlove::l::hug:
     
    На Be-yO-nCe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.165
    Пол:
    Женски
    Со лесно мила сега си во сигурна зона и затоа опушти се и чекај бебко да дојде на свет :* гушки
     
    На Be-yO-nCe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Light star

    Light star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Браво :hug::l: сега уживај во чекањето и подготовката околу бебуш . Господ на сите да не чува и со лесно
     
    На S.o.F.i и Be-yO-nCe им се допаѓа ова.
  7. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    3.800
    Пол:
    Женски
    Здраво мами, воопшто не ми е мило што пишувам тука, ама на жалост се придружувам и јас во групава лежачки :D
    Јас сум 22+ 2, вчера бев на скрининг кај Адела Стефанија на ГАК, ми рече дека мојот дечко ниско го носам и повеќе да лежам. Од терапија ми даде само магнезиум, а јас од претходно ставам утрогестан ×1 навечер. И контрола за 3 недели.
    До сега болки, крварења сум немала, и пред две недели кога ме гледаа не беше доле бебуш, сеа незз шо му текна да се сврти.
    Јас секако работам од дома, ама тоа со перницата под газ незз баш како оди ни дали правилно го правам.
    Пробав вчера лежев ама ме искина кичма.
    И како да ги поткренам нозете не ми е јасно.
    Она ми рече да не ти се доле само.
    Дали може да си лежам нормално само со перниче под газ или некако да ги поткренам нозете?
    Ќе си земам масичка за лап топ за оние за на кревет што се, се надевам дека ќе биде изводливо така да работам.
    Некој совет мами вие како поискусни?
    Мислите дека ќе се поткрене бебко?
    Целата сум у паники и грч од вчера, само предвремени пораѓаи ми се вртат у глава.
    А утре треба да идам на гак за брисеви да ми земат и ми е страв да не му напраам нешто на бебуш од што ќе се движам ;(;(;(
     
  8. Lolipop796

    Lolipop796 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, ништо страшно не е ако го носиш ниско. Важно е цервиксот да е цврст и долг, ние не лежиме ради ниско поставено бебе(јас едното го носам веќе 2 месеци ниско а лежам 24/7) туку ради скратен цервикс или некомпетентен.
    Перничка не мораш да ставаш под задник ако ти е непријатно(јас не можам така ради кичмата) Само можеш во текот на денот неколку пати, да дигнеш нозе на ѕид како свеќа да правиш чисто да го поткренеш погоре. Но, ти си второ тромесечие и има бебето уште доста простор да си пливка и нема да остане сигурно цело време ниско, не се секирај. А и да остане ниско, имало толку многу мајки што знам што бебето им било ниско поставено, но си функционирале најнормално. Според мое мислење не мораш цело време да лежиш, но сепак пешачење и тешко кревање избегнувај до крај. Со лесно
     
    На S.o.F.i и Light star им се допаѓа ова.
  9. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    3.800
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила, многу ми помагаат и смируваат ваквите одговори. Бидете ми добро со бебуш :l:
     
    На Lolipop796 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Во која позиција мирувате во кревет, легнати на грб со перница за подигната кралица или на страна со перница меѓу нозете?
     
  11. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Многу малку лежев на грб со перница под газ зошто влегов во третото тромесечие, 90% од времето лежам на лева страна со перница меѓу нозе (имам трудничка па доста ми помогна) но од 34 па наваму почна многу кичмата да ме боли и ја оставив трудничката само за преку ден а за навечер само со една перница меѓу нозе.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  12. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Не е фер и можеби себично е од моја страна што сум 7ма недела и 2 дена и лежам точно една недела и 3 дена ама ми е тешко и мачно. Јас сум мнооогу жива личност седнување само за спиење навечер ми било. Имам другарка на која и кажаа дека мора да лежи во бременоста, ја бев таа што и викаше ајдеее не се жали за лежење, за арно лежиш, лежи тамо и уживај си. Арно ама сега дојде ја да лежам и гледам дека не било така едноставно. За кое што и се извинувам на другарками по 100 пати на ден она ми се смее сега. Ама стварно друго е да си дома и да можеш да седнеш да појдеш до продавница едно чоколадо да си купиш ако ништо друго. Машина да си пуштиш. Тањири да измиеш. А мнооогу различно е по цел ден во кревет, убива ми се чини. На контрола одењето ми е провод ипол. Незнам до кога ќе трае,ме убива тоа ми се чини. Извинете на долгиот коментар али морав да си кажам зашто мислев дека не е толку тешко лежењето во кревет во бременост,а сум била грешка.
     
    На Blondie715, Zibiribi и Сара Лав им се допаѓа ова.
  13. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Исто и јас така мислев @демотивирана и сите истото ми го зборат сега...ајде уживај дур можеш, лежи си свиркај си за убаво е итд. Ама е тешко богами. Лежам скоро цела временост поради скратен цервикс со тоа што краток период 4ти месец беше добро а и претходно се придвижував по малку па после пак се скрати и еве сум сега 25та недела и лежам од дома не сум мрдната. И не само што ми е тешко него и немам кондиција до преглед да отидам, ми се слошува, губам воздух и сила од кола до дома, значи страшно. Како расте стомаков се потешко ми станува, се задишувам вртејќи се од една на друга страна а не па повеќе од тоа. Психичкиот дел и зависноста од друг и ај некако но ова со немањето сила незнам здравје 9ти месец како ќе станам од кревет да одам да се пораѓам:)
    Ама тоа е, кога се мора не е тешко:D
    Може ли некоја мамичка да сподели искуство дали исто се чуствува со заморот, неможноста 5чекора да направам веднаш се задишувам и ми се слошува. Да напоменам крвна слика, железо се ми е супер.
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Си најдов друшка со скратен цервикс. Колку ти е цервиксот, што терапија примаш и дали си правена серклаж?
    Во 21ва недела 19мм цервикс, серклаж, утрогестан 2х1,Мг 2х400мг, лежење. Сега сум 24та недела.
     
    На Mon223 и baby 5 им се допаѓа ова.
  15. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Немам серклаж иако незнам зошто не ми ставија:?:, на 3 места бев за консултација. Цервикс ми е цело време 27-28мм и во моментов сум 25недела. Терапија Утрогестан 2х1 и Магнезиум 3х1 од 250мг пијам. Следна контрола ми е 28ма недела, освен ми рекоа ако претходно не осетам болки или слично веднаш да одам на дежурен.
     
    На Zibiribi и baby 5 им се допаѓа ова.
  16. Zibiribi

    Zibiribi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Ne se normalni insistiraj serklaz da ti stavat. Jas i pokraj toa sto insistirav ne mi stavija serklaz dobro ti e grloto mi vikaa a imam konizacija i edno izgubeno bebence vo 21-22 nedela bas poradi toj serklaz. I ovaa bremenost se otvoriv vo 6ti mesec i odma iten serklaz mi stavija vo 26 nedel ama sto pokasno poveke rizicno e da ti prsnat vodenjak, mene vo sistina drakulevski mi go stavi
     
    На Сара Лав му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zibiribi

    Zibiribi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Eve sega si guskam bebence 13 dena ima okle malo najubavo vo 36 se porodiv
     
    На Сара Лав и LoveHope им се допаѓа ова.
  18. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на споделеното искуство :l: Немам конизација и други интервенции па можеби затоа и сите ми кажаа само со мирување и лежење ќе истерам до крај. А и грлото не ми се намали под 27мм. Морам да имам доверба во докторите, бев на 3 места за консултација. Се надевам ќе биде се океј до крај или до некоја безбедна зона. Сега сум 25та недела.
     
    На gothchick, Zibiribi и baby 5 им се допаѓа ова.
  19. Mishela88

    Mishela88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, сакам да прашам дали некоја има ситуација како мојата, се правев серклаж во 19 недела во Ремедика кај професорот Димитров, цервиксот ми беше 3 см, ме правеа серклаж бидејќи претходно изгубив бебе во 21 недела, во 21 недела бев на скрининг кај елена Петрова, го меревме цервиксот абдоменално и ми беше 3.85, сега сум 25 недела и бев на конторла ме гледаше професорот вагинално и ми кажа дека само траката од серклажот држи, кога го прашав колку е цервиксот ми одговори дека нема повеќе, што значи тоа? И ми кажа само мирување, дали на вас ви го мереа цервиксот после серклаж
     
  20. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.668
    Пол:
    Женски
    Jas bev so serklaz postaven vo 16ta nedela,preventivno poradi prethoden spontan,cerviksot mi beshe so dolzina 30mm.Bev na strogo miruvanje.Se porodiv vo 38+1 carski i togash cerviksot mi beshe 23mm.
    Inaku da mi go merea cerviksot vaginalno (so vaginalna sonda) na sekoja kontrola po postavuvanjeto na serklazot.
     
    На teddy85 му/ѝ се допаѓа ова.