http://www.bell.com.pl/en/ Нова Полска козметика забележав во Космо,цените се баш ок (мислам дека се беше до кај 300-400 денари ако видов убаво),јас планирам да пробам нешто наскоро па може да коментираме тука,ако веќе некој пробал нека сподели.
Во моето маало се отвори нова парфимерија и при разглед на истата ја сретнав оваа козметика. Имаше доста убав избор на пудри, маскари, туш по симболични цени. Инаку накратко за оваа козметика да напишам дека е од Полска. На нивниот официјален сајт ја има и нашата држава. Мене многу ми се допаднаа мат пудрите со симболична цена од 260 денари, избор на нијанси 5 од кои кога ќе нанесеш брзо се впиваат и го има тој мат ефект. Продавачката беше љубезна и ми објасни дека пудрата стои и повеќе од 5+ часа, можев да забележам на неа и воопшто не и беа истакнати порите. Вие што мислите за оваа козметика? Дали би пробале нешто ново?
Темава е најј активна па реков тука повеке би знаеле да ми кажете шминки на бел освен во космо, во Скопје каде можам да најдам?
Јас колку што знам, само во Космо ги има. Можеби @marama би знаела да ти каже најточно дали ги има на друго место.
Во Космо е достапен целиот асортиман, но дел има во Еликсир и во парфимерија Ри-Ма во Бисер. Ако нешто конкретно ти треба можам да те упатам каде точно го има. Можеш да си направиш нарачка на dekorativaklasik.mk
Сакам да ја пробам пудрата што ја користеше,дали е за комбинирана кожа? И дали може слика да поставиш.
Ги имам користено повеќето, но оваа ми е омилена и претпоставувам на неа мислиш. Според мене е за секој тип на кожа, за сува со добра хидратантна крема, а за масна со сетирање. Јас имам комбинирана, не ја сетирам и одлично се држи 7,8 часа на мојата кожа. Имам целодневно носење и таму најдобро може да се види како се носи. До крајот на месецов ако не се лажам е на попуст во Космо. Јас ја користам нијансата 03, тебе би ти одговарала 04, малку си потемна од мене. Еве и линк од видеото https://www.instagram.com/tv/CMiGJYLnXBr/?utm_medium=copy_link