1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Bellina парфеми

Дискусија во 'Парфеми' започната од Neven@, 15 ноември 2016.

  1. Neven@

    Neven@ Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојќи.

    Во темата „Женски парфеми“ веќе беа споменати овие парфеми, односно некои се интерсираа за искуствата со овие парфемчиња кои се имитации на оригиналите.

    Јас лично имам купено 3 до сега, имитациите на Hugo Boss Jour, Hugo Boss Nuit и на Lancome La vie est Belle.
    Искрено презадоволна сум од самите парфеми, речиси да не се распознаваат со оригиналите (јас го имам оригиналот на Lancome дома) и што е можеби најважно, траат по најмалку 10 часа. Обично голем проблем е долготрајноста кај овој вид на парфеми, кај овие очигледно е супер!

    Малце е незгодно што функционираат само како онлајн продавница, па оние кои не сум ги користела ниту како оригинали, а би сакала да ги пробам, не можам да ги мириснам. Ги видов и на Fashion Week имаа штанд, исто како и на фејсбук кога нарачав имаа многу профи однос со клиентите и генерално настапот им беше впечатлив.

    Цената им е 799 ден. за 100 ml. и за тој квалитет што се добива реално топ!

    Сакав да прашам, дали некој од вас има користено некој друг парфем од овие и можеби да сподели искуство. Сакам да си изберам ново парфемче, но не знам кое. :))
     
    На ZojaP му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам една колешка нарачала од нив и парфемот навистина трае,сабајле како што ќе стави и се осеќа до 4 саат.....еднаш и ја си ставив и на мојата кожа е траен а и стварно мириса на оригиналот.Она го нарачала оној на Lancome La vita est bella
     
  3. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Нарачав за маж ми и ептен сум задоволна од квалиетот и од односот и тоа што ти го носат до врата. Го нарачав оној што мириса како Blue на Channel.
    Сега планирам за мене но се размислувам кој
     
  4. Heart of Steel

    Heart of Steel Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Темава е подзаборавена.

    Може ли некој да сподели искуство во поглед на трајноста на парфемите.
    Колку што можам да забележам цените во моментов се приближни со оние на парфемите на Зара. Можеби некој може да направи компарација помеѓу трајноста на парфемите на Зара (или други парфеми со слична цена) и оние на Белина?

    Инаку, можам да потврдам навистина мирисаат слично на оригиналите.
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    85.228
    Пол:
    Женски
    Не можам да извршам споредба со парфемите на Зара ама на Белина имаат трајност.Го имам Anathea,копија на Olimpea.
    Солидно држат најмалку 8 часа.Испробано.
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    C'est La Vie ама не класичниот што е копија на тој од Lancôme-La Vie est Belle... туку bouqet, цветната варијанта од парфемов. Леле, се презаљубив. Многу е цветен ама премногу трае и летен ми е, па и за пролет го бива. :inlove:
    Следна прилика го купувам.:f:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    7.201
    Дали го имаат La Vie Est Belle и дали може онлајн да се купат со достава?
     
  8. Кена Рис

    Кена Рис Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    2.672
    Пол:
    Женски
    Го има, само под различно име: “C’est la vie”. 895 денари е со вклучена достава.
     
  9. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    97
    Ако ги имате користено, како сте задоволни од овие парфеми од Белина? Дали се трајни, дали имаат сличен мирис со оригиналот и дали вредат за цената?


    Screenshot_20200807_105807.jpg Screenshot_20200807_105924.jpg
     
  10. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Сподели искуство ако си земала веќе, и јас сакам да нарачам ама се мислам кој да го земам.
     
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    16.416
    Јас веќе неколку години редовно користам нивни парфеми, многу ми се убави и трајни. Ги имам користено Good Life, Anathea, Moon Water Intense Elixir, Ardagio No more the same..овие ми текнуваат. 100ml се и за 895 денари вредат според мене. Еве конкретно кога го користев Anathea случајно го видов оригиналот во Космо и мене поубаво ми мирисаше мојот отколку оригиналот. А со No more the same растур направив кога одев на училиште, пола школо ме прашуваше што користам.:D
    Сега за сега ми е омилен Moon Water Intense Elixir.:inlove:
    s-l300.png
    Screenshot_20200816-131838_Samsung Internet.jpg Screenshot_20200816-131808_Samsung Internet.jpg
     
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    14.597
    Пол:
    Женски
    Како мириса првиот ? Дали е лесен?
    Нз дали од орифлем да си нарачам или од белина,
    Од белина до сега го имам само овој користено
    Мириса слично на каролина херера 212
    lg_5e8356e0053e6.png
     
  13. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    Гледам дека се фалени по трајност, кој е нежен од овие, не сакам благи и тешки
     
  14. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    16.416
    Дури сега гледам дека си ми реплицирала. (facepalm) За кој прв мислиш Good Life li? Ако е за него, не е баш лесен, ама не е ни многу тежок, според мене е зимски и ноќен, јас така и го имам користено. Премногу е траен.
    Пробај го Moon Water Intense Elixir, многу е убав, нежен е а сепак траен. Ептен женствен. :)
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    На толку парфеми не знаев кој да одберам, за некој ден ќе кажам импресии :angel:
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sebby

    Sebby Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki, sakav da prasam dali nekoj od vas imal parfem od bellina dali se dolgotrajni i koj parfem e najdobar i mirisa kako nekoj originalen( bas sega za zima ) nekoj da mi kazete ve molam
     
  17. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    За таа цена се супер, по неколку денови се чувствува мирисот на облеката.
     
  18. Lola.Luna

    Lola.Luna Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Некој многу убав парфем од Белина да ми препорачате??
     
  19. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    No more the same (ако е достапен) мириса слично на Armani Code Cashmere и е супер за овој период есен/зима. Ако сакаш за цела година парфем Le Chel Madame мириса на Coco Madamoiselle слично.
     
    На Lola.Luna и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. Lola.Luna

    Lola.Luna Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Колку се движат цените?
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.