Колку што успеав да видам ваква тема немаше никаде отворена... па бидејќи постојано на фејсбук ми излегува за бели бандит појасите.. реков да прашам дали некој има искуство со овие појаси? Мене ми изгледаат примамливо.. би сакала да земам.. ама сакам да си прашам претходно )) Јас никогаш сум немала стомак, сум дебела во бутовите... ама после бременоста не сакам да ми остани стомак.. се случува. Тетка ми е коска и кожа и пред бременоста и сега.. ама има стомак ко да е 5ти месец бремена. На мама.ламол пишува дека многу брзо се враќа стомакот во нормала и дека многу помагале кај оние жени кои се породени со царски рез. Скапични се, ама што знам...
и јас сум ги видела на фб и ама не знам која цена се?? А ако се навистина ефикасни па вреди да се вложи во нив
Појасот кој се носи и за време на бременоста и после породувањето кошта 4499 денари. Јас ќе си купам... ништо не губам ако купам.