Стомачен танц (арапски: رقص شرقي) е западен термин за традиционалниот арапски танц познат како ракс шарки (رقص شرقي; буквално „ориентален танц“) или како ракс балади (رقص بلدي; буквално „танц на земјата“, или „фолклорен“ танц). Некогаш во Соединетите држави се нарекува и „Танц од средниот исток“.[1] Карактеристичен за Северна Африка, Азија и Средниот Исток, а сега популарен ширум светот, стомачниот танц има различни регионални форми, и во костимите и при начинот на танцување, што е доказ дека посебни потези во танцот можеби се пренесени во овие региони и се вклопени во локалниот начин на танцување. „Вистинското потекло“ не е јасно, но можеби е Египет или Индија. Денес постојат две форми на ориенталниот стомачен танц: ракс балади, друштвен танц кој го изведуваат и мажи и жени од сите возрасти за забава, најчесто на славења, како свадби или други собори. Втората форма, потеатрална и денес попопуларна на запад, е наречена ракс шарки. Како и ракс балади, и ракс шарки ја изведуваат и машки и женски танчери. Потеклото на овој начин на танцување најчесто го истражувале. Денес Египет се смета за срцето на стомачниот танц. Како и да е, се тврди дека потекнува од свештеничките во храмовите во Индија, и го ширеле ромите и други групи со потекло од јужен Пакистан, како што патувале преку Азија во Европа и Африка. Исто така може да е пренесен со трговијата со робови во Персија од Узбекистан, или преку Александар Велики. Обожавам стомачен танц. Од секогаш им сум се восхитувала на овие танчарки. Често си играм по дома нормално кога сум сама Моето омилено видео со стомачен танц. Како игра типкава алал да и е, фантастична е! http://www.youtube.com/watch?v=LJjD3PVS-d8 Еден од најинтересните начини за суптилно заведување на вашиот партнер, несомнено е ориенталниот стомачен танц, кој како да е посебно создаден за женското тело. Еротичните движења и егзотичното придвижување на телото целосно го маѓепсува посилниот пол. Сепак овој танц е идеален начин за обликување на телото, доколку не сте љубител на потењето во теретана или пак сала за вежбање. Посебноста на танцот се состои во специфични движења на стомакот и на женските облини со помош на кои се истакнува убавината на женското тело. Благодарение на стомачниот танц, жената ја зголемува својата самодоверба и воедно ја открива егзотичноста на ориенталниот исток која го плени мажот.
Уште од мала кога баба ми гледаше Ибо Шоу, секогаш имаше најразлични стомачни танчерки. Најпознатите беа Асена и Дидем, мене лично Дидем ми е најомилена. Понекогаш ја гледам Дидем по јутуб видеа, многу ми се допаѓа овој танц. Не практикувам веќе ваков танц, ама сакам пак да вежбам. Омилено парче од Дидем. http://www.youtube.com/watch?v=NWyavDzBJjc http://www.youtube.com/watch?v=Iyy_E6QP ... re=related И други... http://www.youtube.com/watch?v=0Nx7VvXJlNM http://www.youtube.com/watch?v=QPYUTU_2 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=QaAVQnyVjYs
Од неодамна се заинтересирав за овој тип на музика и танц. Случајно видов на youtube и сфатив дека јас всушност сум не откриен талент. Значи од никаде нигде имам способност да правам триста чуда со стомакот и слични ствари, дури и не гледав турториали како да играм. Играв како што ме водеше ритамот и бев воодушевена. Музиката ме крева од столче. На оваа играм најчесто: http://www.youtube.com/watch?v=x7AEV7kKifo
Јас обожавам да танцувам,пасија ми е. Танцов го знам од одамна ама никогаш и не помислив дека можам да играм вака.Неодамна бев на свадба и пуштија малку ваква музика,а јас таква целата расположена почнав да и мешам на мајка ми и сфатив дека имам дарба да играм стомачен танц. Сепак мислам дека музиката најмногу ме води додека играм и расположението исто така.Туторијали не гледав,едноставно играм така како што сметам дека треба и музиката ме води. Задоволна сум од себеси. http://www.youtube.com/watch?v=oKFKRaC64T8
Тајните на Мариса Томеи за секси тело Четириесет и пет годишната актерка ги открила тајните за совршено тело и тие вклучуваат стомачен танц, вртење хулахоп и секс. Таа вели дека не само што е добро за одржување на телото, туку дека стомачниот танц бил добар за репродуктивните органи на жената, а хулахопот и сексот се еден вид на игра за неа. Денот го започнувала со една чашка топла вода со лимон и високо протеинска закуска. http://www.youtube.com/watch?v=4DHHbKsxjLg
Сакам да научам стомачен танц, незнам баш да играм, еве со зумбава некако плус се учам, дека има и дел за стомачен танц, а и добро се обликува телото,сега баш видов има на јутјуб и вежби за стомачен танц, па нешто и од песните на Шакира колку што знам таа повеќе има такви песни,па си поднаучувам, од време на време
Неодамна открив дека имам талент за стомачен танц, јас се изненадив а и другите околу мене беа изненадени. Инаку многу ми се допаѓа, прекрасно делува и е супер за обликување на телото.
мене баш нешто ова и не ми се свиѓа шо знам не го гледам како некој вид на уметност незнам.........ке бидам воздржана од коментари
http://www.youtube.com/watch?v=0Z9w8s2l8NM http://www.youtube.com/watch?v=cRJE52eP9ao Кој не сака да знае да танцува стомачен танц (од девојките мислам )... И јас сакам. Ми се допаѓа.
Јас отсекогаш сум го сакала овој стил на танцување ,исто акко и ориенталната музика . Не знам зашто , постои нешто необјасниво што ме крева однатре и ме тера да играм .инаку , си играм по дома , на забави , кај ке ми текне и сум презадоволна . А освен тоа што расположува , дава прекрасна дефиниција на телото . И морам да признаам , најјака песна за стомачен танц ми е "Eyes like yours" или "Ojos asi" на Шакира.,.закон е момето!
Симнете го видеово.Саат време трае,супер е! Научив доста трикови. Спојлер http://thepiratebay.org/torrent/5002226/Cardio_Bellydance_Workout_with_Dolphina_DVD_Rip
За нова година во еден хотел имаше танчерки и си играв јас на масата и танчерките поиграа на нашата маса и после ме викнаа и со нив си играв во средина и тогаш сватив дека сум не откирен талент .Најчесто си играм како што музиката ме води http://www.youtube.com/watch?v=9FzDXvYAKEA http://www.youtube.com/watch?v=YamDoDK71Ds http://www.youtube.com/watch?v=vJsZR3w7 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=UWs-XgQA ... re=related А знае некој каде можам да си најдам облека за стомачен танц?Имам голем кејф да си купам таква облека вака нешто сакам
Облека имаше порано во Прилеп во една специјална продавница за ориентални сувенири и слично,чинеше околу 50 евра и повеќе ,зависи од моделот. Сега не знам дали уште постои таа продавница,одамна немам поминато оттаму,ама ќе прошетам деновиве и ќе ви соопштам за сигурно.
Отсекогаш сум го сакала овај танц, и како мала се качвав на маса и играв, море и ден денес така, ..Прекрасно е ..Едно прашање дали активно ако се занимаваш со овај танц се слабее??
Ја сакам музиката и танцот. Со каква леснотија се движат, виткаат и плеткаат мислиш боже колку е лесно. Учев порано, сакам повторно да се вратам на вежбање. По мене едно од подобрите видеа: http://www.youtube.com/watch?v=jG-w-Tt0 ... re=related Омилена песна за belly dance: http://www.youtube.com/watch?v=x7AEV7kKifo
Значи,го обожавам танцов, и многу сакам да почнам на часови, ама не знам каде. Ако знае некоја феминка,нека каже! А слушнам ваков ритам, одма ама одма телово само почнува да ми игра,да мрда. Уф,само да најдам негде!
Инто ми треба помош Здравоо фемина пријателки Дали некој може да ми помогне да најдам БЕДЛЕХ (Облека за стомачен танц) или да ме насочи во некој клуб за стомачен танц во Охрид или Битола.ХИТНО Е пОЗДРав и однапред фала