1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Benzoyl peroxide или Salicylic acid

Дискусија во 'Лице' започната од IM.TMKQ, 17 ноември 2020.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква тема. Тука ќе можеме да дискутираме за предностите и недостатоците на Benzoyl peroxide и Salicylic acid, како и нашите искуства со истите.

    Според тоа што го читав, Salicylic acid повеќе се користи за blackheads и whiteheads отколку за проблеми со веќе постоечки акни. Ги одзатнува порите, ги отстранува мртвите клетки, што сепак е добар начин да се спречат акни во иднина или останати неправилности. Од друга страна Benzoyl peroxide ја убива бактеријата која предизвикува акни, со цел да се спрече настанување на нови акни. Salicylic acid ја смирува кожата а Benzoyl peroxide може да ја иритира кожата особено на почетокот од користењето, додека кожата се навикне на производот.

    Лично јас имам користено Benzoyl peroxide 4% во вид на гел за измивање. На почетокот кожата ми беше иритирана, црвена и сува. Го користев заедно со антибиотик, а предноста била тоа што Benzoyl peroxide е отпорен на бактеријата, во споредба со антибиотиците, кои по некое време може да престанат да имаат ефект. Друга работа што прочитав е дека овие производи ја стареат кожата, но не наидов на научни факти за истото. И за двата производи треба време за видливи резултати.

    Кои се вашите искуства? Кој производ повеќе ви одговара за акни, blackheads, whiteheads и останати неправилности на кожата? Дали самостојно се доволни за лекување на вакви проблеми?

    Би сакала да слушам мислење за Salicylic acid, како ви делуваше, за колку време имаше ефект, дали трајно ја користите и дали е еднакво добра за акни?
    Од кои брендови сте задоволни?

    За тие кои не се запознаети со производите, можете да го прегледате видеото на дерматологот Dr.Dray: