а во Pull&Bear? Нешто ги смешав изгледа, сите ми се исти тие мене некако. Ама, и да е така-нигде ги нема работите што вчера ги гледав. Не е можно сѐ да се испродало за 12 саати.
Во P&B до 27.08. И да, чудно. Омилени артикли провери, да не ти се таму ставени, или останати последни парчиња нешто па ги нема
Нееее... Буквално имаше над 10 разни патики што ги видов. Баш си реков еј, може е подобро да одам во живо деновиве да пробам. Сеа сакав да нарачам, оти стварно имаше патики по ниски цени. Нема ништо...
Исто и мене. На 22ри требаше да стигни, нема абер никаков. Не знам по кое карго е пратена нарачката за да им пишам.
Преку ELS. Кај мене од 22ри еве утре се договоривме да ми ја достават во нивниот магацин оти никако не можиме да се договориме, воопшто не се флексибилни. Најтешка брза пошта за соработка ми се.
Мојата пратка доцнеше 4 дена, за да денеска видам дека пишале забелешка дека ми ѕвонеле а не сум кренала.Ниту ме барал некој ниту порака ми пишаа.За Елс зборувам.
Женски,јас прв пат направив нарачка и требаше вчера да ми стигне. Дали знаете број од ксрго што ги доставува Бершка и дали може да не ми стигне нарачката?
Мене ЕЛС ми ја достави пратката од Бершка, барај број нивен на нет. И кај мене исто една недела доцнеа со доставата. Мислев нема да стигни воопшто.
Побезобразно карго ако има од ЕЛС вработените катастрофа. Па со тоа пораките ме нервираат јави се кажи, а не пише порака. Која е логиката имате пратка јавете се викам ок ви пишува за каде е, и на крај пак ја донесува кога може. А и често пишуваат дека не се јавувам и така по 10 дена од нив чекам пратка.
Здраво, направив порачка на Бершка за колку денови одприлика ке стигне ?Пошто читам погоре дека повеќе време каснеле