БЕСТ, Борд на европски студенти по технологија, е интернационална студентска непрофитабилна и неполитичка организација, целосно организирана и водена од студенти. БЕСТ ги поврзува студентите од 96 технички универзитети од 33 земји во мрежа која се одржува преку многубројни заеднички проекти, интереси и пријателства. Секоја година се организираат преку 120 меѓународни курсеви, семинари и конференции, на кои студентите од различни европски земји учат и разменуваат искуства и идеи. Што мислите за БЕСТ ? Дали сте член,имате учествувано во нивните летни курсеви? Колку ни се потребни вакви организации во Македонија? http://www.best.org.mk/