Meне ваквите луѓе ми се одвртни, насила се право шармантна и она нејзино демек секогаш сум насмеана среќна и весела ми е лицемерно и лигаво.Општо не сакам луѓе кои постојано имаат блага насмевка на лицето, колку и да сакаш не може секогаш да си вака насмеан.Мислам не дека не ми се во ред модните блогови и видеа, ама девојкава конкретно ми е одбивна.А и стилот не и е нешто оргинално и посебно и нешто што остава впечаток, просто видено милион пати.
За стилот не е нешто wow типично tumblr и weheart it,но за почит е тоа што се пробила и направи милиони од видена на јутјуб и за тоа секоја чест малку и е одбивна на тие видеата како цело време некако ми се преправа,глуми на некој начин
Мене пак ми е многу мила и слатка . Има интересни видеа и сите ми се допаѓаат. Стилот исто така многу ми се допаѓа, прави многу интересни и убави комбинации и е природно убава а не со тон шминка како многу што знаат да ставаат . Креативна е и има многу добри идеи.
Што и да кажам малку ке е. Девојчево едноставне е прекрасно. Секое ново видео го чекам со нетрпение. Ги имам изгледано сите видеа. Многу ми е природна и своја. Секогаш е позитивна. Колекциите и се преубави.
^Да,божем зафатена е,ама сепак не е убаво. Инаку,јас ја сакам Бетани,особено и ги сакам старите епизоди за Нова Година,односно кај нив Божиќ.Сега зашаметува изгледа и удри славата во глава. Ми беше омилена,но сега омилена ми е Zoella,секогаш ме смее со нејзините видео особено кога е заедно со дечко и,брат и и другите од друштвото тоа нели. И,уште нешто.Бетани се пре пре пре пре убаво облекува.
И јас и ги обожавам новогодишните видеа, и оние за декорирање на собата. А, за Зоела, навистина и мене ми станува се поомилена.
Јас многу ја сакав порано. Но, откога стана славна престана толку да се замара со Јутуб и тоа е стварно не во ред. Па заради Јутуб таа е тоа што е сега. Се сеќавам порано во видеата се извинуваше кога само 3 дена немаше објавено ништо. А сега со месеци ништо не става... Ми делува ко само за пари се да прави. Колекции, турнеи, па дури и песни почна да пишува и да пее. Некако вештачко делува.