Не верувам дека треба некое големо објаснување. Серијава е приквел на Breaking Bad. Содржината е околу адвокатот Сол Гудман, шест години пред да се вплетка со Волтер (Брејкинг Бед). Започна минатиот месец, веќе има шест епизоди. Ја даваат секој понеделник на AMC. Значи за нас е достапна наредниот ден (вторници) со торенти. http://www.imdb.com/title/tt3032476/ Гледа некој? Давајте идеи како да го преведеме ова чудо од наслов.
Јас јас Баш неделава ја открив и сакав да ја пишам како препорака али ме претрка Многу ми се допаѓа. Ненормално многу ме потсеќа на Breaking Bad, разбирливо нели, истата екипа стои позади. Нема потреба од некое објасување плус, за сите фанови на Breaking Bad - this is a must!
Јас ја почнав, изгледав 3 епизоди но многу ми легна серијава иако сум на почеток. Со Breaking bad бев опседната, се надевам и оваа ќе е исто добра. Засега ме изненадува со настаните и со уживање гледам.
Да пишам апдејт. Искрено се заразив. Во BB, Jimmy ептен иритантен ми беше, адвокат во вистинска смисла на зборот но тука ептен ми стана омилен (после Mike секако). Ми остана уште сезона и пол, но некако сакам бавно да гледам, да не ја завршам одма.
Дали некој гледаше од последната шеста сезона од серијата? Гледам дека излегува, но не сум почнала мислам дека ќе почекам цела сезона да излезе.