Никогаш нема да разберам уништување нешто што не е твое. Зошто ? Која е таа сатисфакција да направиш штета на некој што воопшто не ти е крв ? И после ќе слсушнеш муабет ама зошто кај нас не инвестираат , зашто кај нас нема ова ? Ете зошто. Пештерски луѓе.
Не знам што очекувавте од народ кој споделува лажни наградни игри и од народ кој остава простачки коментари под објави на фб.
Сега налетав на еден фб статус https://m.facebook.com/story.php?st...b7jsLbGRjeiDp1nl&id=544679910&mibextid=Nif5oz
Тротинетите се супер идеја, поготово за навечер. Цената е малку повисока за наш стандард, ама не е воопшто скапо кога ќе се спореди со такси ако си сам. Поготово за навечер, кога ни такси не можеш да најдеш како што треба, а не ти е за премногу далеку. Ако имаш 4 километри за возење со тротинет, ќе те фати некаде 120-150 денари. Со такси не е 4 километри, бидејќи возиш по булевар, а некои улици се едносмерни/заглавени па најчесто се кружи, туку може истата рута да биде 5-6 км, што е веќе 220-230 денари минимум. На крај краева, не е за секој и не треба да се вози секој. А за уништувањето не знам што да кажам. Не дека не се случува и во Европа, ама ние дефинитивно ништо не заслужуваме, ни технологија, ни спорт, ни инвестиции, ни ништо. Да има закон каде што сѐ што ќе биде оштетено или уништено, да биде наплатено 10 пати повеќе од реалната цена, само тогаш мислам би се довеле во ред дивјаците. Вака ништо.
Не нормализирајте возење со тротинетиве по тротоари жити мене. Некој исто рече, немаме соодветни патеки за овие што обично ги возат ко луди на пешачки места.
Многу ми е чудно ова што го читам (не се сомневам дека е така), но голем пропуст е што фирма сака да работи во Македонија, а нема корисничка поддршка на македонски, во Македонија, не знам како е ова дозволено, пех невиден. Инаку во Шпанијa се решава со телефонски повик кон корисничка поддршка, и агентите во секое време прават kill ride за да се запре возењето доколку во апликацијата имa bug. Не знам што да кажам освен апсолутно и големо не од мене, не може да нема опција да се сопре возење, ако тоа не го знаат агентите што работат со брендот, недозволиво е да не го знаат и да не постои начин за системско сопирање. Катастрофа.
Лажат, не може да ти земе повеќе пари од кредитот што ти е внесен на апликацијата, а тие сигурно не внеле повеќе од 500 денари.. Ова е за публицитет, еве да речеме не лаже, нека стави извод од банка да видиме каде и на што и колку пари му земало..
Не лаже, вистина е. Ама се чудам зошто не се јавиле на бројот за помош, па они можат да го исклучат од таму. Инаку @Munchmallow20 на болт го видов уште вчера ама ме мрзеше да пишувам, таа слика се вртеше и кај нас Се им е системски поврзано на еден софтвер. Ние имавме до лани на ваков начин рентано кола и баш се случи случка како случајот погоре и се јавивме на бројот они од таму го стопираа. Е сега не можам да кажам дека за секоја голема трансакција мора и банката да реагира и да ги стопира средствата.
Не знам како функционира плаќањето и дали имаш само e-wallet и дали е тој поврзан со сметка, картичка и слично. Инаку да, во право си, ако функционира по принцип на "припејд" тогаш веројатно не е можно. Како и да е, недопустиво е да нема корисничка поддршка на јазикот на земјата во која се работи и да нема телефонски број или макар чат за одма да се интервенира во вакви ситуации. Не се сите итни, ама оваа и слични, мислам дека се. Мејловите се работат како backlog за 24 или 48 саати, што е исто poor customer support. Лошо.
Што се малтретирате со изнајмување тротинети, појдете во било кој продажен салон на техника и купете во готово или на рати XIAOMI тротинет и уживајте. Три години го возам и презадоволен сум, батерија држи како првиот ден, единствена маана е што неколку пати ми се има дупнато гумата, но и тоа го решив со ставање полна гума.
Најлесно за Скопје како град е конечно да се опасуљи и да го оправи јавниот превоз, единствено така ќе се намалат гужви, загадување и секој ќе стигне таму каде што треба in no time. И ќе остане повеќе простор за велосипеди или тротинети, иако на поголем дел од градот инфраструктурата е непостоечка, и пак има куп проблеми.
Затоа што не е иста ситуацијата. Точно, те вози од А точка до Б, ама поентата е дека го користиш таму каде што уствари не можеш да мкнеш тротинет. Пример идеш во град, или ресторан не знам, појма немам, и го оставаш пред локалот, и си бегаш. Нит го мкнеш со тебе, ни се секираш за батерија, нит дали ќе ти го украде некој. Исто, од град се враќаш некаде си бил, глеаш тротинет пред тебе, се возиш до дома, го оставаш пред зграда и тоа е тоа. Поскапо е отколку твој тротинет да си купиш, ама за неколку пати месечно се исплати и тоа како. Друг муабет е тоа што кај нас оваа идеја нема да успее ради народот, кој патем ги прави истите глупости низ Европа, да не биде дека само кај нас ги обвинувам. Не сме ние за подобри услови, сѐ се злоупотребува од страна на голем број поединци. Ни јавен превоз не заслужуваме, ни автомобили, ништо. Пешки пушти ги, па нека си ја тупат главата да стигнат некаде.