А да не гледаме толку лошо на ова?! Да како народ не не бива ама пак затоа што не не бива незначи дека не треба да бидеме современи и да прифаќаме нови работи. Наместо да зборуваме лошо за апликацијата, за тротинетите, да збориме колку многу ни треба да се среди сообраќајот и да се додаде посебна лента за велосипеди и тротинети секаде. Еве како што е тоа средено во Анталија, да не одиме подалеку, затоа што е турска апликацијата. Или пак да речеме ако го прифатиме ова со отворени раце, наместо да судиме, можеби турците ќе се смилуваат па заедно со владата ќе го средат ова, а? Ај да бидеме малку позитивни ко за промена.
Овој случај за плаќањето дека му зимаат пари и после завршување на возење некако ме размисли, сум се возел само еднаш до сега па не можам да донесам заклучок дали се добри или не, али во секој случај ставам картичка, полнам кредит и потоа веднаш ја бришам картичката од акаунтот, е сега дали тоа оди после во минус штом уште му наплатува кога багира не знам, ваљда нема до извршители да стигне, мислам дека само после нема да може да вози пак додека не го исплати тој долг. А баш ќе ми требаше за вечер да одам до автобуска, ставив и 300 денари(за друг пат) ама сега некако се пишманив да не идам и јас у минус.
Обично праќам деца од маало да купат паштети и леб јас не излегувам, седам со спуштени ролетни дома, да не ме приберат луѓето во црно.
Не знам зошто коментариве колку сме ужасен народ, ок луѓе, секаде има некој што ќе ги искрши и ги украде, свесни се и тие што ги произведуваат. Само што нашиот град е ужасен, нема секаде патеки, како пешак и со точак не можеш да се движиш на тротоар а не па уште да има и зголемен број тротинети. Мора да се среди прво тоа.
Не е работата да гледаме лошо или добро, работата е што немаме инфраструктура, сообраќајна култура (башка скутери не се предвидени со закон за сообраќај колку што знам), значи некаде се третираат како велосипеди (во Шпанија), некаде веќе кко возила и задолжителна е кацига и слична опрема (мислам Англија и чак Хрватска), а најлошо е што ако имаш проблем, мораш да имаш начин некому, на ефективен начин да се обратиш за помош. Некако избрзуваме да сме современи, наместо да гледаме да го подобриме тоа што веќе го имаме како опција. Сеа фали уште метро да копаат, дека и тоа е модерно.
Сликите што ги ставаат дека биле вандализирани До толку немате видено што се случува низ европа со овие тротинети? На какви места ги имам начекувано нема да ви се верува. Башка што половина од сликите кои се објавени не се од Македонија. Така да, приберете се со коментари „ние сме стока народ“ само затоа што немате видено какви поголеми стоки постојат. Друго, прескапа е таа цена, ама можеби затоа што е монопол. Трето, Скопје нема инфраструктура за ова. Така да скроз ги разбирам овие што ги фрлиле во контејнери немој некој сериозно да ме сфати, секако не ги оправдувам. Некултура си е некултура. Нема место за пешаци, велосипеди немаат патеки и се екстремно незаштитени. Тротинетите мислам најпроблематични се затоа што ги возат и по тротоар и по улица и уште си носат лабавко слушалки, си штракаат по телефон, си ѕвонат додека управуваат со една рака на сред улица...... Почна да ми е страв да се движам по тротоар бидејќи од сите страни излетуваат со големи брзини. Па уште и ѕрнкаат!!! Метро не е модерно, напротив, многу стар концепт е. Дури ако размислам и решение би било за неверојатниот хаос. Ама нема зошто да се вознемируваме, секако нема да се случи.
Има на некои места да. На повеќето од коли паркирани и тесни тротоари не може ни со луѓе да се разминеме. Немаме добра инфраструктура, нема да се лажеме сега.
Мое скромно и нестручно мислење, треба да се воведе City Bike, како што има во Виена. -Имаш станици со точаци кои се таму заклучени, може да ги користат само луѓе што имаат картичка од банка(имаш автомат за правење акаунтна секоја станица) -Првиот 1 саат ти е бесплатен, потоа почнува да наплатува по 1 евро на саат и достига до 4 евра макс на саат. -Точаците не може да се остават било каде, туку повторно мора да го заклучиш на некоја станица за да престане да ти одбројува време -Ако се осудиш да го открадеш би бил премногу глуп, затоа што картичката ти е поврзана така да веднаш ќе знаат дека ти си го украл, за секое зимање велосипед ти треба и пин. -Имаш мапа со ГПС на која гледаш каде колку точаци има слободни и плус колку слободни станици има во близина на твојата конечна дестинација, за да можеш да го оставиш, ако е добро испланирано ретко се дешава баш никаде да нема место, па да мора да чекаш да се ослободи или да бараш друга станица подалеку да го паркираш. -Плус после оставање, откако ќе изминат 15минути првиот час повторно ти е бесплатен, што значи може да возиш 1 саат, оставаш 15 минути, па пак возиш 1 саат, и така во круг додека не ти здосади и има слободни точаци, се бесплатно. -Ќе се намали гужвата во сообраќај, плус лугето се физички активни што е многу поздраво него ли електричниве тротинети -Е проблем кај нас е тоа што од таа работа не би имало профит и стрижење на овци, плус немаме доволно патеки или не се баш во сјајна состојба.
Ова кај нас е од приватна фирма, не дека нешто државата направила или овозможила.. А на приватната фирма, најважен и е профитот.
@Егеецот и @нина122 пред да има приватна фирма порано имаше и според овие информации уште има. МК (gradskiparking.com.mk) Било или е со смешна цена од 10ден од час. Што се случило и нешто повеќе информации околу ова немам, само онака пребарав да видам чии беа, дали на општините или на некое јавно претпријатие.
Немаме ние сообраќајна култура воопшто. Ниту со автомобил, ниту со велосипеди и тротинети, ниту пеш. Завчера со мм гледаме една со тротинет, земала у метеж измеѓу коли со тротинет, а покрај неа имаше целосно слободна вело патека.
Сигурно на типот му било досадно, па земал да си пишува глупости. Како прво, ќе пишел кај го земал тротинетот, кој тротинет, во колку саат, ќе го сликал, ќе направел скриншоти од апликацијата. Ништо од тоа нема, освен дека му цицало од картица. 10 саати да му бил активен тротинетот се 5400 денари. Да, многу пари се, ама не се толку многу, како да му изгорела куќата, станот, да му ја украле колата и слично. На објавата му се заклучени коментарите, и добива само поддршка од најблиските. Тоа е како ИнаМногуДебилна на времето кога се правеше активист за сѐ и сешто, и добиваше поддршка од 2-3 исти будали како неа во коментари, и сличните други што така си стекнуваат популарност. Сега и јас можам да зборам дека мене банкомат/автомат ми има украдено пари, а да не наведам ни банка, ни датум, ни ништо. Ајде ова и некако ќе се докаже, ама еве за нешто што нема конкретни докази, ќе си нагаѓаме.
Да се исправам, не се монопол, има и други слични фирми за изнајмување ама не со идентичен начин на работа. Така да, не знам дали можам да ги наречам монопол. Другите мора да ги земат од одредена локација и да ги вратат на таа локација, а овие можат да ги остават каде сакаат, на страна, на тротоар, контејнер, река...
Гледам пред 2 години имало некои субвенции за купување ел. тротинети од државата, само за Скопјани, ние другите смртници слабо. Од бројот на пријавени по општини во Скопје точно знаеш кој тип на луѓе каде живеат LGBT, SJW, BLM, Woke Cancel culture, Carbon footprint, Граѓани на Светот без национален и религиски идентитет, Feminists, итн. - Аеродром, Центар, Ѓорче ("бета мажи") Националисти, десничари, конзервативци, патријархат, итн. - Сарај, Чаир, Шуто Оризари ("алфа/сигма мажи" со голф 4ки TDI so crveno DI) Момци Македонци кај тераме вака наивно Нормално ова е некоја моја теорија(груба генерализација), не се однесува на секој од тие општини. https://skopjeinfo.mk/sites/default...ages/2021/juni/image-144025.jpg?itok=6xRxzXo5