И во скоро се има случено. Лопови. А ова со тротинетиве нели си ставаш парина апликацијата па само од нив се повлекува за возењето не и директ од картичката? Како јсп што е. Така видов на слика.
Не се за нас вакви работи, одма ќе се најде некој да ги украде тротинетиве. Плус нема многу избор на места каде да се возат....
Во Чаир кај Вива Фреш на паркинг стојат 3 тротинета и свиткат во функција се уште не се украдени и расипани.Ама навистина претеруваат со нив на тротоар кога ги возат брзо и не се слуша.Со таа брзина ќе удри некого недај Боже, на улица кога се не можеш да го разминеш со кола се раширил на сред пат па мисли му ја ти.
Многу се практични ама ние едноставно немаме инфраструктура за нив и плус немаме никаква култура. За нас ништо не е.
Претерувате со негатива. Камо да имаше волку негатива за коли. Поради нив гинат повеќе луѓе. Што немаме, ништо посебно не треба. Во законот пишува како и каде да се возат. А и за култура ви е џабе. Не е само овој народ проблематичен. И странците ги кршат.
Еве ви и видео од уништувањето на тротинетите од страна на тинејџери https://skopjeinfo.mk/video-tinejdz...rotinetite-nameneti-za-iznajmuvanje-i-vozenje
Не зезај. Тротоар е само за пешаци. Кај нас тротоари се за коли и точаци и тротинети, пешаците нека мислат каде и како. Не знам каде живееш, ама Скопје нема веќе инфраструктура за ништо. Колите се дамбетер, најубаво градски превоз и точаци.
Пошто се упм тешки можда. Едит И кај мене у населба рандом на патеки у парк ги оставаат или сред паркинг.
Не го тргнав зашто може некој на кратко го оставил, а иначе друг некој го извади од влез бидејки кај нас се влегува со шифри и нема шанси да се земе тротинетот... барав онлајн број контакт да пријавам каде е оставен да го земат од бин бин немаше никаде..
Мислам не можеш, ако нема кредит блокиран е. Фактички треба да го кренеш, а не се баш лесни, ко што кажаа. Тоа со немањето техничка и никаква поддршка во земјата каде се оперира е друго 20 @nena2010 , не конкретно за тротинетиве ама за други услуги.
мене ми беше страв да го тргнам зашто требаше да го спуштам по скали. Не дај боже да го оштетам па да си навлечам беља, не фала!
Во странство живеам. И овде ги оставаат на земја фрлени некогаш, почесто во паркови се случува тоа, на тротоари најчесто се нормално оставени. Како и да е, не сум видела оштетен досега. Зошто бе кај нас се такви луѓето? Стварно ми е мака кога ги гледам сликиве и стварно не ми е јасно што порив имаат за тоа да го прават.
Дали некој користел сега искуство да сподели? Конкретно дали апликацијата работи? кајшто пишува дека има тротинет вистина има? И дали влечи пари и кога ќе оставаш