Мислам дека треба да имаат три нијанси од кремава - светла, беж и потемна. Ако си многу светла, обично најсветлата нијанса би требало да ти биде добра, ама што знам. Не можам да видам на сликава за која нијанса се работи, ама можеш да побараш видеа на youtube. Би требало да има рецензии, па би можела да споредиш со твојата кожа и дали отприлика би ти била океј.
Го нема веќе на мк пазар од 500мл, не го увезуваат. Од 200 и 100 само. Да провериш по некои нефрекфентни аптеки да не има застанато. Или ако најдеш некој од бугарија или србија да ти донесе. Доста поефтини се. Во бугарија сега на попуст тој од 500мл е 900 ден, а кај нас таа цена е 200мл
Јас од кај што го зедов имаше една нијанса и мислев само таа е, ми рекоја дека се прилагодува на кожата но не, претемна беше. Инаку многу е густа, тешко се размачкува и поради тоа не ми се допадна. Наредно би зела Nude touch
за себореичен дерматитис сензибио ( розе линија) мо рекоа но имам акни сега огромни Не знам каков тип на кожа имам.... или треба локално да ставам од кремот... а сакам нешто како Цц или Вв крем да си купам
Во Артемизиа во Ново Лисиче имаат 20%, јас сабајлево купував Мислам рекоа денес и утре дека им трае. Јас инаку дојдов да ја пофалам Cicabio кремата со фактор. Имам доста пребирлива кожа, посебно за СПФ креми, ама оваа баш позитивно ме изненади. Нема мирис и убаво легнува на кожата, ептен е лесна за размачкување.
Ги немам користено, но пошто имам мрсно лице порано нон стоп користев гел крема и немав никаков проблем. ( нели гел кремите се за мрсна кожа без масла) Зимно време користам ампули за хидратација, така да и концентратот би требало да е ок.