Мислам дека се океј, ама дефинитивно зелената линија ќе ти го врати лицето во нормала. Од искуство зборувам.
Зелената линија за многу масна кожа ли е? Планирам доцна пролет и на лето да ја користам. Сега користам за нормална кожа, во зима не ми е масна, па да не ја пресушам. Се плашам од зелената да не ја пресушам, мојата кожа е нормална до комбинирана.
Се извинувам што ќе се вмешам, не исушува воопшто, јас од гелот зелениот сум ептен задоволна , секогаш кога го купувам тој од 500 мл го земам. И од кремата sebium sensitiv бев задоволна иако очекував да е по мат ама нема врска. Јас наредно кога ќе истрошан друго се што имам дома ќе ја земам кремата sebium mat control и серумот од истата линија.
Пробај ја Sebium Global ако не си ја пробала, јас нон стоп ја купувам и не ја менувам. Со Bakuchiol е ако нешто ти значи
Од оваа линија што ќе ми предложите за длабока хидратација за нормална до комбинирана кожа? Некако периодот како да не ми е доволно хидрирана, не ми е сува, не се лупи, не ми е затегната ама јас си ја чувствувам некако како уште нешто да треба. Или пак само се глупи ПМС симптоми. Ви се случило во ПМС да не сте задоволни од кожата на вашето лице? Јас ретко имам акни не повеќе од една пред циклус, ама и да ми е скрос чисто во тој период некако не се бендисувам како кожата да ми е поинаква , а уствари се ми е исто само моите мисли друго зборуват
Да, и тоа обавезно секој пат. Немам ништо на лицето, ама ете, како да ми е поразлична бојата на кожата во тој период. Би рекла не изгледа свежо и здраво како во нормални денови. Не знам како да опишам, ама дефинитивно се случува нешто.
Да, истото и јас го приметив, баш така како да ми е некако,, овената" кожата, штом ми помине циклусот како се да се промени.
Го имам истиот проблем, дури и полошо. Прв пат во живот челото дури и слепоочниците ми се толку суви што ми се перутат. Останатиот дел од лицето суво исто т.е дехидрирано, а секогаш зима користам серум/ампула, ништо не помага. Моментално сум во ПМС лицето како жална врба ми е. Се мислам овие денови да го земам серумот на Anua 100+ PDRN па да видам дали ќе се оправи нешто.
Да не има некаде попусти, повеќе работи сакам да земам па дали околу 8 ми март ќе има попуст. Добро би било во Зегин да има.
Мислам дека обично имаат попусти за 8ми март на сите колекции останува да чекаме или некоја ако работи во зегин да каже за сигурно
Биодерма до лани за 8 март секогаш имаа попуст 20%, а Зегин од нив плус уште 5% дава, значи во Зегин беше 25%. Е годинава Биодерма даде само 15%, и плус зегин 5%, значи 20% се на попуст. Не е нешто многу ама кога купуваш повеќе производи и те како значат тие 5% што ги скрати годинава Биодерма. Инаку за сува кожа најзадоволна сум од атодерм линијата.
Дали знаете каде ја има, овде во аптеките ја нема, во Зегин на страната исто ја нема. Дали знаете каде можам да ја најдам, по можност онлајн?
Која е разликата помеѓу sebium global и kerato+? Ми треба за акни, но да можам да ја користам секојдневно под пудра.
Јас имам рутина за акни од Биодерма и како утринска крема ми беше дадена Кератото...мене искрено многу ми се погоди, преубава ми е на лице...иначе има киселини во неа затоа ја даваат за акни а во глобалот не знам дали има...еднаш глобал ми ја спомна дерматологов демек за на зима да ја земиш за хидратација ама следниот пат ми ја даде Ла рош концентратот и сега зимава терам со него а кератото ја користам или навечер или за викенд кога не редам шминка @Elence93