Kako sto znaete vikendov e black friday, ama me interesira da ve prasam dali popustite se i vo prodavnici za obleka ili samo za tehnicka oprema?
Всушност црн петок беше вчера ама ние во МК ни тоа не знаеме да го спроведеме како што треба.. Црн викенд, македонска измишљотина
Повеќето производи што ми се допаѓаа и што им ги знаев цените беа потполно со иста цена е сега кој се излажа се излажа..
Појдов до Сити вчера, катастрофично лудило. Рафрлани алишта на сите страни, турканици, женскиве се туркаат мислиш од мајка и ствар и земаш.. Се видов, само блек фрајдеј попуст не видов. Поголеми попусти праат на крај на сезони.. Глупости..
Па ова беше лажен блек фрајдеј што се гледа и од самото име: Како што знаете, friday на англиски значи петок, а петок е само еден ден во неделата па оттаму не може да биде и викендот блек фрајдеј. А што е најбитно 20% попуст (Тимберленд на пр.) и не е некој блек фрајдеј попуст. Од 50% па нагоре е фрајдејски попуст.
Black Friday е неформалното име на денот кој следува по Thanksgiving Day во USA каде се оди на shopping. Традиционално, овој празник се применува во Англосаксонските држави и тоа датирајќи од 1952 година. Се сеќавам кога во Канада сите што ги познавам ги палеа колите и ја преминуваа границата и одеа во USA за да одат на shopping поради пониските цени таму и посилниот Канадски долар. И да бидам искрена кога престојувам во Канада, на некој начин го почитувам празникот и имам потполно право на тоа иако знам дека нема вистинска важност. Ама навистина не гледам друга причина една Словенска држава да слави Англосаксонски празик ( каде како прво и прво нема никаков Ден на Благодарноста бидејќи овде никој не извршил геноцид на Индијанците) освен комерцијална, односно алчните трговци само да ги тријат рацете на безумни овци кои сакаат да бидат нешто што не се. Всушност, самото постоење на празникот Black Friday е првенствено поради комерцијални цели, наместо да се одбележи вистински значаен или историски настан. Кога еден постар човек од Македонија ме праша вчера што мислам за shopping по повод Black Friday, му ја објаснив оваа тажна патетична постапка како резулатат на криза на идентитет и тоа на државно ниво, како и фактот дека не ми е потребен никаков повод или празник да одам и да купувам. Long story short, човекот ме нарече националист на што му одговорив дека не сум националист туку дека сум само реалист кој се раководи од условите на стварноста. Има разлика ... ( Навистина иронично за држава каде 200 евра се луксуз... )
Се паркирале во шатори една недела пред фрајдејов за да влезат први во продавници Богда чува. Па видеа од Америве како се тепаат, кубат за коси, псујат, трчаат побудалени мислиш петок 13ти е и Џејсон со сатар ги брка. Пари ли им се кусо за облека во други денови? Проблем ли им е да платат 20, 30 или 50 посто поголема цена на тие неколку парчиња на раат отколку живот да загрозуваат? Не. Ама ете, овци...
Не е само годинава лажен Блек Фрајдеј. И лани беше исто. Турканици, гужви а попустите само на реклама. Никаде нема вистински попуст. Баш минатата недела шетав во Сити мол и ги заприметив цените на алиштата што ги гледав. Ако тогаш биле да речеме 1600ден, сега пишале цена 2000 па ја прешкртале и под неа цена со попуст 1600 што всушност се е по редовна цена.
И јас забележав со чевли кои ги сакав за кои беше пишано дека се поскапи од што ги имав претходно видено, па видов дека сепак се по редовна цена. Јас нарачав вокмакс патики. Не знам колку се намалени од обично, мислам, дали цените се реални, но јас сум доволно задоволна.