Во Македонија бидејќи се многу скржави и не даваат повеќе попуст од 50% затоа и не е прав Блек Фрајдеј, по правило како што е и во Америка и како што имам слушнато и од други што кажуваат вака луѓе се тепаат по бутици за алишта од што е ефтино, овде да беше така немаше ништо да остани по бутицине, се до крај ќе беше искупено . Ама сепак јас си купив некои шминки од попустов во Голден Роуз, па од тоа сум задоволна.
Овде во Грција каде што и живеам , имаше попусти во продавниците за б.техника , каде што луѓево буквално се тепаа за производи , некои спиеја по паркинзите во автомобилите, уште од рано насабајле да фатат ред , и освен по продавнициве за козметика (MAC , Sephora итн) каде што исто така имаше добри попусти , во продавниците за облека имаше до 20% попуст H&M . Stradivarius воопшто немаа попусти , што е ок сепак во јануари ќе има одлични попусти. Една моја другарка во public продавницата купи мобилен од 750 евра намален на 200 , а во продавнициве за козметика има до 70% попусти , каде што попустот се уште трае
Проблемот кај нас е што ни е премногу black стандардот во нашава ни државичка и плус (како попустите порано се сеќавам во еден бутик кај нас) од 2000 стави му цена 3200, и после демек на -50% попуст намалено само 200 ден, односно 1800. Таков беше и минатиов black friday кај нас.
Да не знаете дали минатата година имаше попуст во Timberlend? И како беа цените и дали и оваа годона би имало?
Дали знаете дали оваа година ќе има Black Friday во Sportvision, Mega Sport, M Sport? Сакам да си купам едни патики што ми се допаднаа, но не знам дали да чекам до тогаш за да ги земам на попуст...
Дали некој знае страна од каде може да се порача мобилен за блек фрајдеј? Кај нас знаеме дека не е тоа тоа затоа некоја ако има искуство да купувала нешто слично нека пише
До кога народов ќе верува во Блек фрајдеј. А и овие продавниците во Ситимол неколку пати беа казнети ради преварите со попусти и уште исто прават ги покачуваат цените пред попуст 2 дена и после као ги спуштаат на истите цени од пред недела. Се тоа што им е квалитетно за попустите го собираат и кријат во понеделников работите магично вратени на рафт. Ненормална работа.
Каков блек Фрајдеј какви бакрачи. Во Германија, најк патики попуст од 100 евра на 30/40, кај нас кога ќе се деси тоа, најверојатно никогаш.
Тука не постои, барем не во мојот град. Намалена роба што стоела со години, без пари да ти ја дадат да не ја носиш. Често качуваат цени, за тој ден демек намалено и се враќа пак на старата цена. Еднаш се излажав и повеќе јок. Кај нас често на бутиците пишува попуст и кога влезеш ништо од тоа