Од кога почнува оваа година или веќе има? Не сум била а на Инстаграм страната не забележав да известиле.
Ме интересираше каде ќе има попусти. - Каде има попусти? - Дали 20% намалување е попуст за black friday? - Дали ќе има пак измами, зголемување па намалување на цените? Да си дискутираме и да споделуваме искуства.
Попуст од 20% (па и на претходно покачени цени) на работи кои не им се трошат не е никаков попуст. Разбирам дека Black Friday не е наша традиција, ама кога веќе превземаш нешто направи го добро до крај, а не пишале попуст до 70% а едвај има 10%.
Единствен попуст кој го признавам оваа година е попустот во JOXX. Иако не сакав ни да влезам бидејќи скоро цела гардероба ми е од таму и знам дека квалитетот им е феноменален, влегов и се изненадив. Ем намалени цени, ем уште 20% попуст на каса. Е тоа за мене е black friday а не ЗАРА.
Во joxx квалитет феноменален? Ја само еден фустан летото сум зела, се напрај како истегнат на еден дел како стрии да има.