Кај нас 1 месец е Блек Фрајдеј. Ги фатив лани како ги зголемуваат цените 1 месец пред Блек Фрајдеј, па после за Блек Фрајдеј цената иста како летото. Пратев еден апарат подолго време и сакав да го земам за Блек Фрајдеј на подобар попуст, кога тој иста цена како пред 2 месеци. Се изнервирав, отидов во Софија и го купив. Од Блек Фрајдеј кај нас ни ,,К" нема. Не се лажете залудно. Исто е и со облека, со апарати за домаќинство и со се. Подобро одете во Солун.
Исто имам приметено и јас. Преклани 6 месеци пратев цена на комбиирани машини за перење и најниска цена ми излезе пред нова година. Ако сакаш нешто да купи треба предходно да се информираш за цената, за да не се истрчаш на "попуст".
Веќе прочитана книга се сите. Не само тие за бела техника, туку сите останати продавници, како тие за облека, за апарати за домаќинство, маркетите и тн. Само што ете уште има луѓе што кај нас го гледаат Блек Фрајдеј ко којзнае што да е, а уствари тоа е лага и превара. Да ги пријавуваш и тоа не бива, бидејќи се договорени и заштитени како бели мечки.
Треба хитно да купам аспиратор и вчера во сите продавници ми препорачаа да се стрпам за Black Friday.
Ме полудеа со Блек Фрајдеј и на инстаграм и секаде, па сакав само да споделам едно мое лично мислење. Некогаш забораваме дека Black Friday главно е огромна маркетиншка стратегија на брендови да нè убедат дека „сега мора“ да купиме нешто. Во реалност, голем дел од тие „попусти“ или се напумпани пред дента, или не се ништо поразлични од тоа што би го добиле во било кој друг период од годината. Она што е проблематично е што целиот концепт поттикнува прекумерен конзумеризам, да купиме работи што не ни се потребни, само затоа што „има попуст“. А вистината е дека многу од тие импулсивни купувања после месец или два завршуваат фрлени, непотребни или заборавени, што придонесува и кон отпад и кон непотребно трошење. Секако, нема ништо лошо ако некој искористи попуст да си купи нешто што реално му било потребно подолго време. Тоа е супер и паметно меѓутоа поентата ми е само да бидеме малку посвесни што навистина ни треба, а што ни го продава маркетингот како потреба. На крај, не е поентата да се осудува некој туку да се потсетиме дека не мора да купуваме по секоја цена.