1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Black Mirror (2011)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Мислев дека има тема за серијава. Почнав да ја гледам и пребарав да ја најдам темата и гледам нема.
    Мора да се исправи работата. Сте ја дискутирале низ други теми, ама треба да си има посебно место една ваква серија.
    Откако ја почнав малку сонот ми се поремети.
    Моментално сум до с03е01.

    За оние кои не се запознаени со Black Mirror, ова е антологиска серија, секоја епизода е посебна и не е поврзана со другите. Она што им е заедничко е што дејствата се одвиваат во еден свет со многу поразвиена технологија и серијата ги истражува најлошите инстинкти на луѓето и нивната мрачна природа.
    https://www.imdb.com/title/tt2085059/?ref_=ttep_ep_tt

    Која епизода ви оставила најсилен впечаток?
    Има многу, многу за дискутирање, накратко само ќе ги изнесам впечатоците од епизодите што ми се изгледани.

    Првата епизода веднаш ме навлече на серијата. Не очекував воопшто дека на крајот ќе биде така, дека ја пуштиле 30 минути порано принцезата. 30 минути! И немаше кој да види зашто луѓето се пукнати за сеир и нема да мрднат од пред екраните. И жена му на крајот... Заслужено беше. Не зашто отиде да има секс со свиња, туку зашто така ја третираше, зашто не и се ни јави, зашто сепак кариерата му беше на прво место.

    Втората еизода ми беше малку побавна, ама со морничави пораки јасно пренесени. Страшно е колку сеирјава добро поигрува со најлошите човечки особини. Отиде Бинг со некаква си револуција на ум, а при првата шанса подлегна во шаблонот, во можноста за подобра иднина.

    Третата епизода исто ми се допадна, колку е технологијата понапредна толку сме луѓето поназадни. Би останале секогаш во минатото, неспособни да мрднеме од своите грешки, анализирајќи го секој детаљ додека не полудиме веројатно. Не, благодарам за таква опција.

    Првата епизода од втората сезона ми беше малку досадна, иако нормално морничава. Кој не би се одлучил да има некаква верзија од својот сакан близок прерано загубен? Ама ова, како и секој дел од технологијата има недостатоци, не те остава да продолжиш понатаму и си заглавен со некаква половична верзија од она вистинското.

    Втората епизода ми беше најтрауматична до сега. Ми се допадна незивесноста, побрзото темпо, на крајот пресвртот... Луѓето само што снимаат ине преземаат нешто веќе и во реалноста може да ги видиме, овде и сега. Ама... Жената направила одвратен чин, но дали сите други се поарни? Да одиш, да платиш за да гледаш како се изживуваат врз некој? Дури и тој некој да е никаков човек? Уживаш во туѓата болка и туѓото страдање. Што ако после тоа на пример им речеа, грешка сме направиле, женава е невина. Што тогаш?

    Оваа ми беше некако најмех, мило ми беше да го видам Tobias Menzies, човекот ми има некоја страшна харизма. Валдо не беше ни нешто посебно смешен, како што упорно сите кажуваа, повеќе беше некако исфорсирано.

    Е оваа епизода ја изгледав без да трепнам. Да не го пропуштам Џон Хам. :D Прекрасен ми е човекот, таква харизма има, страшна.
    Имаше посебни моменти епизодава, но за мене беше успешно изведена.
    Опцијата блок ми беше застрашувачки да ја видам така изведена. Колку немоќно ќе се осеќа човек, па да не можеш некој дури ни на слики да видиш.
    Жена му на Џо беше крајно ирационална, можеше да му каже дека не е бебето негово, да му ги скрати маките и да си оди по својот пат. Можеби и би го направила тоа, да не постоеше полесна опција. Како блок на пример.
    Тоа со копијата беше... Дали воошто знаеја луѓето ао реагира копијата? Или воопшто не ја ни гледаа, мислеа е само едно бело јајце што магично им ги врши сите работи? Беше само код, ама имаше чувства. Тука веројатно од westworld влегува расправијата во игра.
    Имаше повеќе можности за оваа технологија да биде искористена, но веројатно за доброто на приказната беше оставено само најпотребното.
    Патем, ако тоа е само копија, зошто така направија на копијата од Џо? Зошто ја мачеа ако е само код? Зошто не се ослободија од неа? И колку е застрашувачки дека можат туку така да извадат се од човек, без негова волја и соработка?
    На крајот и казната на Џон беше некако преголема, протеран засекогаш од човечкиот род. Подобро во затвор да беше години и да излезе, него вака уништен цел живот. Плус и помогна и на полицијата.

    Ми се допаѓа и како има некои ситни моменти што ја поврзуваат серијата. Актерите се одлични, предобар кастинг, немам замерки за никој.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ја гледавте ли Bandersnatch? Има некој нетфликс?
    Јас на торент ја изгледав, каша попара беше зашто си тече само така и не можеш да одбереш ништо, сите краеви по ред ги дава. Ептен беше напорно за гледање.
     
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ееее не е тоа тоа без нетфликс.
    Ја гледав, интересно ми беше со можностите за избор, ама епизодата некако, мех. Имало многу подобри.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека имало подобри епизоди. На оваа како повеќе внимание да обрнале на изборот, него на самата приказна. Ама прва епизода е од таков тип па ќе им се прости.
    Мене и четвртата сезона генерално послаба ми беше некако.
    Сега читав за 5тата сезона, исто ќе има и во неа интерактивна епизода, а и Мајли Сајрус е во некоја епизода, но нема нешто друго потврдено. Се заглавиле малку со Bandersnatch, па ќе се почека за 5тата сезона, ама најверојатно ќе излезе годинава.
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Мене трета сезона ми се допадна најмалку, дури ги немам изгледано сите. Од четврта омилена ми е Arkangel.

    Ќе излезе, барем јас така прочитав, само со закаснување. Не знаев за другиве информации за 5тата, сега едвај чекам да излезе :party:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.578
    Допаѓања:
    155.708
    Пол:
    Женски
    Мене пак Bandersnatch ми беше баш супер епизода (или филм го рачунат?) зошто да, можностите се ограничени, крајот сепак е определен и сите завршват релативно исто ама .... тоа беше и целта не епизодата која беше спомената неколку пати. Да беше игра, ќе речев дека е слаба и лоша и дека Бетмен тел-тејл е подобра, ама зошто е серија, ми се допаѓа ептен. А, и не знам да некоја друга серија има ваква епизода, бар не сум сретнала, па од тука сметам дека е многу креативно, позитивно креативно и апсолутно седам зад епизодава.
    49251674_1543557399121288_7076932259181232128_n.jpg

    Во поглед со другите епизоди, јас лично уживам во серијава. Ми се допаѓа зошто се осеќам како да гледам мини филмови. Ми се допаѓа приказната зад нив, најчесто е мрачна, „зафркната“ и то е дел од работите кои ги барам јас од серија и лично сум пристрасна кога зборам дали ми се допаѓа и што не ми се допаѓа околу серија зошто шансите се дека субјективно ќе брчнам дека серијата нема грешки и е совршена. Најверојатно не е, само јас то не го гледам. :rofl:
     
    На Nikolina35, BlackAndWhiteSwan и RainBow им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Генијална серија али за жал на прва епизода останав. Планирам да ја продолжам пак.
    Првата епизода... да ти се одмили и секс и да ти згасне сексуалниот нагон заувек. :)))) Сето тоа, со одлична поента која Рејн ја долови во својот пост, луѓето уживаат во туѓ срам и очај.
     
    На RainBow и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    @theowndemon мене серијава ми е негде на врвот на листа на омилени серии. Ја проголтав за ептен кратко време, нешто поразлично од сѐ што сум гледала досега.
    И кога викам четвртата сезона ми беше послаба не викам дека не ми се допадна, туку споредбено со другите зборувам.

    Arkangel ми беше страшно морничава, не можам да замислам да му направам такво нешто на моето дете.
    Ама можам да разберам дека кога веќе еднаш го направи тешко и беше да постави граница. Не знам зашто оваа епизода има доста критики од фановите по нет што сум читала.
     
    На BlackAndWhiteSwan и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    И на другарка ми воопшто не и се допадна Аркангел, дури не сака да ја гледа цела серија зашто таа прва и ја пуштив. Многу малку луѓе го делат мислењето со мене изгледа. :D
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допадна епизодата, посебно што баш изгледа возможно дека и таква технологија би била достапна во не толку далечна иднина. Сурова беше, сурова, ама отвори многу прашања како и повеќето епизоди од серијава.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.578
    Допаѓања:
    155.708
    Пол:
    Женски
    Arkangel ја гледав со дечко ми, знам имавме долга дискусија за/ против. Искрено јас знам дека ако имам шанса ќе му ставам на детето мое имплант за да можам да гледам кај оди кога не знам кај е. Паничар сум, ама во исто време знам дека е грешно и му велев дека тој ми е морален компас и ако некогаш излези вакво нешто кај нас, да ме припази зошто I can't calm my crazy. :rofl: Инаку епизодава ми стој како една од омилените, зошто ептен мава на се она шо го учам на факултет, колку е важно да не носиме розеви наочари, дека децата не можиме да ги чуваме во ѕвоно и дека мора да го искусат реалниот свет и дека то е нормално и океј. Во возрасниот свет не се влегва толку невин и добар. А од друга страна ја искажва контролирачката природна на мајката, шо родител не треба да прај и буквално укажва како еден родител можи да наруши приватност на детет и зошто е то лошо и го искажва дека е лошо. Зошто ми се допаѓа епизодава е зошто е најреална. Со екстремен пример прикажва реален проблем, проблем кој го имаме сега, а не во некоја далечна дистописка иднина.

    Ми треба време малку дур се снајдам со насловите на епизодите зошто листам низ тв тајм да најдам кој наслов е соодветен за мојата омилена епизода. :lol:

    Следна епизода која ми остави голем впечаток е White Christmas. Мисла која ми се вртеше дур ја гледав беше дали девојката која си подели свеста во апаратот, дали има некаква морална одговорност? Зошто нели оди на операција и дел од „свеста“ продолжва да живеј таму, како истиот чоек да се подели на две и едниот живеј лежерен живот, онака како шо сакала зошто се „поделила“, а другиот дел од неа живеј затворен во кутија, слуга, роб. Ама и поделениот дел од свеста кој е роб, изгледа свесно, се однесува свесно, живо. Дали то значи дека е жива? Ако е жива дали оргиналната таа носи некаква морална одговорност кон ... себе? 8-| :sweat: Истата морална дилема ја гледав во епизодата USS Callister.

    15 Millions Merits можи да се речи дека е причината зошто толку зацапав во серијава. :wasntme: Во неа ја гледам алчноста на чоекот, врзана со желба за подобар живот и преживување. Лесно е да е се бориме кога немаме ништо, а многу полесно е да ја прекиниме борбата кога ќе ни се фрлат ронки. А тоа кога возеа и гледаа реклами, едино ме потсеќаше, пак, на реалноста само во поекстремна верзија. Нели истото го прајме и ние, само гледаме реклами на интернет, богатиме некој, некогаш и себеси. И зошто? За ништо. 8-|

    upload_2019-1-5_11-46-10.png
     
    На BlackAndWhiteSwan, RainBow и crimson им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    @theowndemon за White Christmas јас се прашувам дали и луѓето знаат како нивните копии воопшто се чувствуваат? Таа не виде што имаше внатре, дојде Џон, направи што направи и толку, она не виде ништо од тоа. Не беше јасно покажано дека знаат луѓето што е со копиите и како навистина функционираат.
    Јас не би сакала ако знам такво нешто, не би сакала копија.

    А за аркангел ми се допадна што и здравјето на детето се контролира, лесно гледаш во каква состојба е без некакви тестови. Е сега, и она нели имаше причина што го стави чипот, и јас ете би имала причина и потоа лесно се пропаѓа во зајачката дупка. Ама воопшто не го оправдувам тоа што на крај го направи, како тргна надолу работата веќе беа одвратни настаните.
    Ми се допадна и како беше прикажано што би се случило со детето ако е крајно заштитено од стресни ситуации. Едноставно се составен дел од животот и не им правиме добро со преголема заштита.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.578
    Допаѓања:
    155.708
    Пол:
    Женски
    Првата сезона ја гледав одамна па не се сеќавам, нели луѓето одат како на некоја операција, и после им се дава бело јајце кое им прави се онака како што сакаат, и колку што се сеќавам тоа е така зошто им се нагласува дека тоа јајце „знај“ се за нив, за да им го подобри животот. Тоа се објаснува и на девојката во јајцето, дека таа прај се за другата девојка, зошто знај какво кафе сака точно, која музика кога сака да ја слуша и дека кога луѓето платиле за оваа операција, се било со замисла да се олесни животот на тој начин. Е сега дали тие знат дека дел од свеста му е поделена во јајцето - е навистина добро прашање. Зошто ако знат, на еден начин не можам да сфатам зошто би си направиле тоа себеси. Зошто и тоа внатре е истото, на еден многу грешен начин. А ако не знаат, тогаш вината е на тој кој ја прави операцијата.

    Сепак према ова шо видовме, луѓето внатре во јајцето се живи, на овај или онај начин. Имаат чувства и се повредвани. Буквално се торментирани за да не се противат да го прат то шо треба. Не се код кој ќе го препишиш ако нешто е багнат, туку е баш чоек кој мора да го „скршиш“ за да прај онака како шо ти сакаш.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.572
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто јас цело време мислев дека веќе има тема за Black Mirror, најверојатно дека лани кога почнав да ја гледам, читав рецензии од повеќе луѓе во темата кај што препорачуваме серии со мини-рецензија, па ми се измешало.
    Па да знаев и јас порано ќе ја отворев. И онака сама ја гледам, немам со кој да си зборам за Black Mirror. :)

    Многу ја сакам серијата. Ретко некоја sci-fi серија да ми фати око во последно време.
    Голем фан сум, но мразам да потрошам цел саат на некоја епизода и потоа да се чувствувам како да треба да разрешам криптограм и да потрошам пола саат во гуглање во обид да сфатам што сакал да каже авторот.
    Далеку од тоа дека е сериичка за лабавење мозок - не е таква, ама сите работи се доволно јасни, без разлика на тоа колку се метафорично прикажани.
    Не можеш да останеш рамнодушен по ниту една изгледана епизода, а и самиот концепт на серијата е таков и отвара премногу, премногу прашања.
    Не е за технофоби, можеби. :D

    Не им ги памтам имињата на епизодите (е тоа признавам, морав да го изгуглам сега за да ве поштедам од муабети како „онаа епизодата кога си играа Инстаграм,“ или „тогаш кога епизодата личеше на извадок од некој дел на The Purge“ :rofl: ), ама најомилена од сите изгледани ми е Fifteen Million Merrits. :)

    The Entire History Of You и White Christmas - предобри и двете. Многу ми беше интересна и Nosedive (сурова „инстаграмска“ реалност), White Bear исто така, а не ме изненади и Shut Up And Dance, пред сè поради Alex Lawther зашто детево навистина има капацитет да се појави и да одглуми некој ваков комплициран лик.
    San Junipero ми беше многу трогателна (иако прилично слаба епизода споредена со другиве), ама не знам, едноставно ми имаше некоја посебна топлина иако обработуваше баш комплицирана тема. :)
    И Playtest не беше лоша.
    До душа, кога го гледам списокот на епизоди, сфаќам дека ретко која не ми се допаднала.
    Најтапа епизода ми беше Waldo...

    А и јас имам таков впечаток за четвртата сезона. Општо ми беше многу послаба од другите, ама сепак ми се допадна.

    Bandersnatch ја немам гледано, ама неделава ми е испланирана за тоа, па ќе пишам што ќе ми се падне мене.
    Дечко ми вика - леле, ќе играме Choices на голем екран, доста ќоравевме кликајќи опции пред екран од мобилен. :D

    Баш звучи интересно и со душа чекам, ама познавајќи се - ќе потрошам два дена за да видам како би завршила приказната со сите опции. :worried:
     
    На BlackAndWhiteSwan, RainBow и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.578
    Допаѓања:
    155.708
    Пол:
    Женски
    Јас па упорно серијава во општи дискусии ја тегнев зошто тешко ми беше да манам "нова тема". :tmi: :D
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Серијата многу ми се допадна, од прва епизода. Веќе имам пишувано, само што не ги дискутирав епизодите поединечно пошто немаше тема, а и немаше со кого. Сега ми е доцна, сто години минаа.
    Можда затоа и немав отворено тема, пошто и не познавам некој у мое опкружување што ја гледа (мада ја препорачав на сто луѓе).
    Трета сезона нај ми се свиѓаше мислам дека. Shut up and dance, епизодата ми беше брутална. Се наежив. Nosedive, пререална...и да не се социјалните медиуми, такви сме. Такви бевме и пред нив, коа ќе размислам. Природно ни е да се групираме и да сакаме да влеземе во една или друга група. Men against fire :whew: предобра...онаа со пчелите..не знам уствари која епизода не ми се допаднала. Black museum не ни памтам за што беше..не знам ни дал ја изгледав до крај.

    Туку, линк од интерактивниов филм ако може:)
     
    На crimson и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Три нови епизоди се излезени.
    Ја изгледав првата и...
    Беше disturbingly interesting.
    Не знаев на каде ќе тера на почетокот, ама баш тоа ми се допаѓа во серијава. Навидум досаден почетокот, но очекувањето е тука.
    И се изненадив да бидам искрена. Не очекував бакнеж, мислев ќе оди накај нешто смртоносно и опасно.
    Емоциите беа на сите страни. Што значи сега сексов? Геј се? Едниот е геј, другиот транс жена? Се сакаат, имаат само емоционална конекција? Можеше малку подлабоко да оди епизодата, но одлучи да се задржи само на нивната врска.
    Ми се допадна на крајот што имаа некаков компромис и што Тео беше вклучена, а не остана само сопругата што нема поим за ништо.
    Ваши импресии?
     
  18. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    65.447
    Пол:
    Женски
    Една од омилените серии досега. Баш ми се допаѓа што секоја епизода си има своја посебна приказна. Омилена епизода не можам да издвојам. Многу ми се допаднaа Hang the DJ, Arkangel, San Junipero, Fifteen Million Merits и скоро сите други. :wasntme: Две епизоди што некако не ми оставија впечаток се Uss Callister и Тhe Waldo Moment.
    Од последнава сезона The Smithereens ми е убава, таа со Мајли не ми беше нешто wow.

    Се' на се' одлична серија, ја изгледав во 2 вечери и одвај чекам нова сезона. (y)
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ептен е креативна серијава.. Како модерна The twilight zone.
    Bandersnatch ме исфрустрира оти јас требаше да одбирам на каде ќе се движи...
    Се осеќав ко malevolent god....
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Одлична. Поголемиот дел од епизодите ми оставале голем впечаток и ми отворале теми на размислување и интерен дијалог.
    Но ако сум сосема искрена, последнава (петта) сезона не ми беше нај нај. Мислам дека многу подобра наратива можеше да има секоја од епизодите, со оглед на иницијалната идеја.