Е во последно време нешто каснат со сите серии и затоа избегнувам да гледам онлајн. Значи не била последна сезонава? Не знам зошто мислев дека е последна, ми олесна, сакам уште.
Не се знае уште ништо. И за претходната сезона демек последна беше па еве, направија нова по толку години. Надежта никогаш не умира.
Ја гледам сега првата епизода и нешто не ми е јасно. Добро во кој универзум Спојлер апсолутно никој не се запрашува како тв серија им ги пренесува настаните во живо? Буквално прејезиво. Ама они се позагрижени како глумците ги претставуваат??
Спојлер Тоа е и суштината, какви сме станати. Не е за нив, не им се уништува нивниот живот, гајле им е, сеир си изнапукаа. Втората епизода ми беше разочарувачка. What? Тоа беше се? Спојлер Една лејм мистерија? Цело време очекував нешто, ама не бев ни изненадена. Што се случи со Пиа? Имаше нешто во водата или едноставно ко што рече дечко и, се дават луѓето?
Спојлер Пиа павна и се удри на камен и веројатно веднаш почина/се удави. Мене ми се допадна епизодата - добро освен тоа што ме преплаши да одам на гости. Јас ја сфатив како критика на сите овие тру крајм и серии посветени на убијци, колку сите ги конзумираат како забава а животите на луѓето кои биле директно засегнати се целосно заборавени и се намалува сериозноста. Последен таков феномен беше Џефри Дамер. Многу ми беше тажно на крај кога дечково беше целосно игнориран и сите заслуги си ги презема плавушата, а и во последната сцена како само седеше и гледаше во пораката.
Спојлер Па, не сакам да се помирам само дека падна и се удави. Мора да има нешто. Јасно ми е све тоа, ама пак... Не ми се допадна едноставно, цело време очекував да се случи нешто. Едит, третата епизода трае саат и дваесет минути. Ги ставиле и останатите на стрим, таман да не симнувам.
Да, и јас така ја сфатив епизодава како @Angie1432 и претажно ми беше всушност тоа што Спојлер родителите на Дејвис испаднаа тотални хипокрити. Без пардон се изживувале врз којзнае колку луѓе, си терале мазохистички игри, а на крај само кон еден се впери прст и тој си ја понесе вината. Овие другиве, ништо, си се сокрија како пацови во дупка. Грозно и баш ме вознемири. И да, документарецов не беше интересен за продукцијата, мумлаа некои глупави изговори се додека не сфатија дека приказната за „убиецот“ има лична позадина. И тогаш се стана многу поинтересно во секунда. Ме изнервира што умре Пиа. Немам јас омилена епизода од оваа сезона. Во сите имам по нешто што ми привлече внимание, ама и по нешто што ме изнервира - во некои епизоди повеќе, во некои помалку. И така.
Спојлер Ама, сосема нормално е тоа за психопати, не е нешто ново... Очекував дека плус некој ќе е крив, ај мајка му не толку, ама за татко му бев сигурна. Тоа дека приказната има лична позади е истото како и во првата епизода, дека има некаква трагедија што ги привлекува луѓето и дека луѓето генерално се „палат“ на тоа. Сите ли ги изгледа ти, или збориш општо за серијата до сега? Инаку, Стримбери. Во некој паралелен универзум.
Бреее, е сега чекај уште четири години за нова сезона. Јас ја оставив третата за вечер на раат да продолжам.
Првата не ми се допадна нешто многу. Можеби имав големи очекувања. 6.5/10 Втората, иако не ми е баш Black Mirror вајб епизода, ептен ми се допадна. 10/10 Време е за третата
Зошто не ти се допадна првата? Јас уште ја мислам. Спојлер Значи, во реалноста Џоун со помош на Ени се обидуваат да го уништат куампјутерот, они ја гледаат од реалноста серијата со Ени што ние ја гледаме. Тоа ми ја реши недоумицата, уствари Ени знае за серијата, ама во реалноста, она и вистинската Џоун го прават она што ние го гледаме дека го прават Селма со Џоун. Пострашно е што постои таква технологија веќе, за ставање на едно лце врз друго, дигитално, језиво е премногу.
Личи да, ама и не е толку комплицирана како што изгледа на прв поглед. Не ми е омилена мене, ама требало да ја стават да биде последна. Спојлер Зашто вака ко што беше, ја спукаа прва и после како гледав ми опаѓаа епизодите една по една. Втората ме фати на емоции многу. Последната малку крена расположение, ама не ме воодушеви баш. Јас за третата сум со такво чувство. Спојлер: Нема спојлери, само импресии. Ми се свиѓаше што конечно се падна сај фај епизода, ама воопшто не ме привлече. Не знам, премногу Westworld вајб ми даваше, ко веќе видено. Имав дупки некои, ме испобуни прво, ама читав некои рецензии па ги пополнив празнините.
Мене дефинитивно не ми е. Какво разочарување човече, катастрофа. Не е ова блек мирор. Мишела, не знам што дупки си имала, ама од почеток до крај беше крајно предвидлива епизодава, крајно. Целосно потрошен потенцијал на актерската екипа. Првата епизода изгледа ништо нема да ја надмине. Не беше таа прекомплицирана, туку ова другово е све на бејзик левел.
Морам да се согласам, некако ко друга серија да гледам Не дека ми е нешто многу лоша, ама едноставно делува многу поразличнa од претходните сезони.