Затоа викам, требало финале да си биде, да им го сменат редоследот, за бар на крај да ти остане некое поокеј чувство. Инаку не ми беше дилемата околу самиот плот на третата епизода. Спојлер Лана сјајна идеја, што да се каже. Ама која беше поентата Клиф да се согласи на тоа, да му дозволи на Дејвид да ја користи неговата реплика, за да го праќа на земјата само за да може да слика и да има некаков социјален момент?! Мислам, како можеше да се согласи? Ко од Марс паднат ми беше Клиф. Па можеше Дејвид да си го тера хобито и таму, ете си црткаше во слободно време и онака. Безвезе ми беше, за колку само да има некаков конфликт во епизодава, да има што да се дешава. И да де, менталното здравје на Дејвид, изолацијата, дрн дрн, no man is an island, но да дозволам некој да ја користи мојата реплика и со тоа всушност да дозволам да има пристап до моето семејство, ми е непоимливо. Буквално на тацна му ги сервираше. Нонсенс ми е, за кого и да се работи едноставно нема логика. Крајот исто незадоволителен, а самиот концепт на епизодата ништо ново. Не ме воодушеви мене, а остатокот не беше нешто поразличен. Ама сакам нова сезона, со малку повеќе динамика.
Спојлер Абе види, ги разбирам и Клиф и жена му зошто ептен во лошо место беше, да се убиеше, на пример, ќе умреше и Клиф. Епизодата од почеток до крај предвидлива, беше јасно дека нема да се убијат еден со друг, зошто бродот беше за двајца. Плус, кога почна Клиф да му се дере, моја жена засекогаш, мое дете, бла, бла, мислам што не зема сол да му фрли. И тука веќе беше јасно што ќе се случи. Мене ми беше многу жал за Дејвид, а можеа поинаку да реагираат и жена му и Клиф. Можеше она да му рече, океј, разбирам дека си страшно повреден и постапуваш од место на болка, ама не е во ред. Ќе разбереше човекот, ама така не е интересно, немаше да е интересно да му покажат емпатија и да му помогнат. Дејвид се обиде да му каже на Киф во бродот колку е повреден, и самиот беше збунет, а не па така изолиран, без никаков систем на поддршка, ама Клиф ништо. Може па и такви сме луѓето, секогаш само за нашето се грижиме и баш не заболе за другите, емпатија нула. Четвртата епизода... Офффф, што да се каже. Спојлер Концептот беше досаден зошто да, познати ни е какви се папараците. Не мораше цела епизода за тоа искрено. Да, познатите можат да нападнат кога се осеќаат загрозено, па имаме наслови тој и тој нападнал папарацо, бил безобразен дрн, дрн, ваљда затоа беше врколакот. Филер епизода, во сезона и серија која нема потреба од филери. Ништо ново и невидено, ај ќе се згрозиме од папараците и тоа е.
Мислев дека во скролање нешто сум пропуштила (многу скролав на телефон додека гледав, досадна ми беше третата), па се навратив да читам на нет отпосле, да не случајно ми избегало некое објаснување, ама сепак не. Спојлер Да, тука некаде сме. А тоа па колку ме нервираше - моја жена, моја жена, како да е предмет што го поседува. Ама па не дека било нешто многу среќно време за жените таму во 60-те. Четвртата ми беше најдосадна. Спојлер Nightcrawler филмот, на шрумс. Последните две епизоди се повеќе паранормал.
Спојлер Четвртата многу интересно ми почна, сѐ до последниот дел...можеле одлично да ја спакуваат епизодата во приказна за тоа под колкав притисок се познатите од јавноста само за некој трач и слика, ама они одлучиле да вметнат врколак. . Петтата не ја разбрав, што беше поентата? Дека треба да се жртвуваме за поголемо добро? Дека политичката ситуација буквално може да доведе до апокалипса? Инаку ми беше интересна ама пак ми фалеше нешто на крајот. Уште третата ми остана. До сега ми се допаѓаат, додуша не постои епизода на блек мирор што е лоша, ама ми недостига тој технолошки дистописки аспект.
Ги бинџнав сите 5 и не знам што да кажам. Освен првата и третата да речеме, другите 3 не се осеќав ко да гледам Black Mirror. Четвртата мислам ко ја почнале биле на печурки, па после решиле и 5тата да ја продолжат. Можеби немаат веќе идеи или сакаат да прошират тематика, да не е се поврзано со технологија, ама 4тата и 5тата веќе беа скроз отидени. Сепак интересни беа сите 5 епизоди за гледање.
Каде може да се гледа освен на Нетфликс? Јас обично на tinyzonetv.to гледам, ама уште ја немаат ставено таму шестата сезона. Проверив сега, ја ставиле.
Ја завршив и јас. Што да кажам, океј е сезонава. Ама јас не ја паметам Black Mirror како серија што била океј, туку одлична. Исто мислам дека во сезонава не се фокусираа баш толку на технологијата како претходно, ама добро. Четвртата епизода ми е убедливо најлоша... Ок беше на почеток, додека не дојде до кхм, знаете што .Just why? Скроз ја разбирам пораката што сакаат да ја пренесат, ама сепак - не. Првата епизода ја гледав двапати оти првиот пат не ми се допадна баш, вториот пат ми беше дефинитивно многу подобра. Вака би ги рангирал јас: 1. Loch Henry (ЕП2) 2. Joan Is Awful (ЕП1) 3. Beyond the Sea (ЕП3) 4. Demon 79 (ЕП5) 5. Mazey Day (ЕП4) Во секој случај, мислам дека во сите претходни сезони има епизоди што се подобри од цела сезона сега.
Кога ќе размислам, може и јас така би ги рангирала. Исто, ама без да дадам спојлер ќе речам само не можеа ли да репризираат еден документарец шо веќе имаат? We already got that message.
https://youareawful.com/ Направиле вебсајт што генерира постер од селфи, според првата епизода "Joan is awful"
Малку каснам, ама тоа е кога се нема доволно слободно време. Конечно ја завршив и можам да кажам дека сезонава ми е некаде микс од одлично, добро и ужасно лошо. Мојот ранкинг: 1. Beyond the Sea (Ep.3) 2. Loch Henry (Ep. 2) 3. Joan is Awful (Ep. 1) 4. Demon 79 (Ep.5) 5. Mazey Day (Ep. 4) Beyond the Sea беше одлична епизода. Психолошка драма - трилер, која иако беше предвидлива, одлично возеше. Глумата на Аарон Пол беше маестрална. Беше интересно да се види и таа алтернативна историја на 60-те, 70-те со ретро - футуристичка технологија. Можеше да помине слободно епизодава и како дел од The Twilight zone Првата и втора беа критика за Нетфликс, за true crime жанрот, медиумите денес... Чепнаа малку и во АИ делот и како се сервираат информациите инстантно. Крајот на втората епизода ме потсети малку и нашиот документарец, Honeyland. И какви реперкусии имаше по животот на Атиџе Муратова. Останатите две... Од каде да почнам... Ужас. Ова не личеше воопшто на Блек Мирор. Ај таа со демонот може да се смета како некоја пародија за сериски убијци... Четвртата, не ми се ни коментира. Се на се, некако повеќе се задржаа овој пат на медиуми, true crime жанр и меѓучовечки односи, отколку на технологијата и штетните последици од истата. Можеа да чепнат повеќе за АИ-то, за ЧетЏПТ, за Епл новата виртуелна реалност, за Мета универзумот. Идеи еден куп, кои би ги задржале до автентичноста на Блек Мирор. А не верувам дека не се свесни за овие случувања, ама ете од некои причини не ги чепнаа нив, туку отидоа таму каде што нема отпор. Се на се, половина сезона уживав, а другата половина едвај чекав да заврши.
И мене првата најмногу ми се допадна, многу интересен концепт беше. Спојлер Јас бев убедена дека ќе заврши со импликација дека и ние сме дел од inception-от, дека глумиме некои други луѓе од пониско ниво. Ама тоа не се случи, their loss. Втората 90% од времето не се осеќаше вопшто како блек мирор туку некој рандом хорор филм, само на крај го пренесоа тој апсурдистички вајб. На крај испадна баш убав коментар на тру крајм жанрот, отсликува сè што е fucked up во врска со него, и тоа баш на black mirrory начин. Третата ми беше многу предвидлива, па уште и со времетраењето... Не дека немаше интересна приказна, и Џеси супер одглуми. Другиот астронаут ептен одвратен лик беше, ми немаше поента тоа. Ама го имаше ууу моментот и тоа ми се свиѓаше. Четвртата беше скроз we live in a society vibes Спојлер Особено на крај кога го крена апаратот и штракна. Ме потсети на епизодата со кучињата роботи каде еден саат има само бркање, бегање и тепачки. Епа исто и ова. Петтата вчера ја гледав и најпресна ми е. Оваа како извадена од Supernatural, жими сè имаше некоја ваква епизода, па и демони, па праќање во празен пекол (the empty). Концептот беше интересен, ако веќе прифатиме дека блек мирор веќе не е само за технологии, ама крајот беше како ради реда само. Ниту имаше некој now what момент, ниту па среќно заврши, ниту врската меѓу двата лика беше толку длабока за да заврши како што заврши. Заклучно, мене ми се допадна сезонава, каде каде подобра од минатата. Првата епизода можам да кажам и дека ми е во топ 5 од сите епизоди. Исто така ми се допадна и хуморот оваа сезона, ама и јас би сакала повеќе да се посветуваат на идни технологии, отколку на минати идни или straight up демони.
Конечно!!! Спојлер: Прва епизода Првава епизода беше страшна. Уште сум под импресии. Обичните луѓе го обраа бостанот. Обичните луѓе немаат право на живот, на здравство, на ништо. Што сѐ не направи за неа...
Проклета да е нотификацијата на Нетфликс дека излегла нова сезона. Во најголема гужва во животов морав да седнам да гледам. Лудило сезона според мене!! Во спојлер е мое рангирање и коментари (спојлери за сите епизоди). Спојлер 1. Common People Епизодава ми остави огромен впечаток. Знам дека сите епизоди се рефлексија на нашето општество ама оваа мене ми беше посебно реалистична, као да, дефинитивно за скоро ќе сме ходајучи реклами. Само неколку дена пред да излезе правев презентација на факс на тема The irony of anti-capitalist entertainment и !!! Иронијата што серијава е на Нетфликс со нивната грозна претплата... Не очекував толку да ме допре емотивно, ама им ја осеќав болката, осеќав колку се во стисок и колку немаат друг избор. Се исплакав добро кога на крајот ги покажаа уморни, истоштени, кога го продава бебешкото креветче и се насмевнува толку болно без заби... ау. 2. Bete Noire Мене епизодава ми беше преинтересна, технологијата не ми беше вау, ама многу уживав додека ја гледав. Ми се допаѓа што е критика на white privilege и не знам дали сте виделе на интернет, но различни корисници на Нетфликс, различна верзија од епизодата добиваме. Едните добивме епизода каде местото кај што работел дечко и се вика Berney's chicken потоа се претвара во Barney's, а другите обратно. Обожавам такви детали. 3. USS Callister Едвај се наканив да ја гледам епизодата. Многу го нејќам концептот на играва и не ми се верува дека ја ставам на тројка. Ама навистина добра епизода, преинтересна, добри твистс, крајот не беше клише. Буквално не ми се верува дека нешто што може да биде целосен филм е само една епизода. 4. Plaything Ум, мене епизодава ме плаши и не го разбрав концептот на технологијата, втф се тие тролчиња. Разбрав дека тоа станува интелигенција, дигитален организам, ама ме збуни тоа што е направено да навидум изгледа како игра. Крајот ми се многу допадна, ми се допадна што го видовме пак глумецот со веѓи и би сакала да знам што ќе прават тролчињата со човечката раса. 5. Hotel Reveire Колку би само била погоре епизодава да не беше Иса Реј сосема погрешна особа за оваа улога. Не зборувам за намерното лошто глумење во винтиџ филм, зборувам за моментите кога требаше да биде заљубена и да осетам емоција - не осетив ништо... Мислам дека немаше хемија со другата глумица која, секоја пофалба, беше СОВРШЕНА. Толку добро изгледа као глумица од црно бел филм, како навистина да е од тогаш. Неа многу ја засакав и ми е премногу жал што добра приказна ми беше уништена од лоша глума. А самиот концепт на снимање на филм на таков начин ми беше интересен. 6. Eulogy Можам да препознам приказнава имаше прекрасна порака, ама едноставно не ја доживеав епизодава толку силно како некои други. Секако немам замерки, немам што да кажам освен дека по случаен избор се најде задна на листава. Мислам дека да ја гледам уште еднаш ќе ми стане една од поомилени. Многу човечка и убава епизода.
Значи мене лично најдобри епизоди ми беше Uss calister i Uss calister infinity .Крајот на инфинити 100/100
Hotel Reverie Спојлер Она што ме збуни во епизодава е зошто го преправаа филмот? Мислам, истиот текст беше, која беше поентата на преправањето на филмов? Заебанција со дизни и со нивните римејкови? @Srckata28 се согласувам дека немаа воопшто хемија, кога се бакнаа прекринџ беше. Лош избор беше актерката која глумеше актерка, едноставно целата епизода ја извади од колосек. За мене барем. Да, да, требаше да глуми лошо во филмот сѐ тоа стои, ама и надвор од филмот не се истакна. Uss Callister Спојлер ја изгледав прво првата епизода да се потсетам. Вторава беше презабавна, цел филм. Интересно беше како тргнаа од тоа дека сакаат да умрат, дека беа заробени, до тоа да се борат за да не умрат, иако знаеја дека се само копии. Што ти прави кога си заробен и кога имаш некаква навидум слобода. Plaything Спојлер Заврши на најинтересното, се надевам дека понатаму ќе има некакво продолжение, што се случи со луѓето, какви ќе бидат откако ги презеде аи? Би сакала да траеше уште малку. Thronglets беа преслатки, колку беше прежално кога ги убиваше и ги палеше, овие пискаа и бегаа, кога се скрија од страв... Прочитав дека имало игра да се игра, ама ако си претплатник на нетфликс. Можеби ако го имаш лукс пакетот. Bete Noire Спојлер Прочитав за двете опции, кај мене беше Barnie's оригиналот. Интересното во оваа епизода ми беше тоа колкав импакт има булингот, значи што све не направи девојката, ама не можеше да се помири со тоа што и се случи. Можеше да прави било што, да биде било што, ама болката си беше со нејзе. И крајот, за кој многумина се бунеа, мене ми беше реален. Најчесто и силеџиите победуваат, успеваат во животот и не, не ги стига некаква кармичка казна, колку и ние да сме се надевале на тоа. Eulogy Спојлер Ми беше некако преедноставна за Блек Мирор. Технологијата беше закон, да можеш да влезеш во сликите, ама приказната беше мех. Океј, имаме изгледано филмови и серии купишта за пропуштени шанси, за тоа како едниот ако не беше prick расплетот ќе беше поинаков, ама ете. За мене, она се имаше спасено од живот со него, он поради тоа што си беше каков што си беше, се гледаше самиот себеси, не нејзе, си остана сам, како и што требаше да биде. Кога не можеш некој да го видиш каков е, не го ни заслужуваш. Ама, како што реков, мех за блек мирор. Сезонава беше подобра од претходната, ама деновиве ги прегледувам првите епизоди и какви пресврти имаше таму, не знам дали пак ќе доживееме такво нешто од серијава.