Ептен сум темптед да пуштам филмов. Ама неќам. Некако дел од мене неќи да учествува во филмов. Вервам дека Ана е одлична во улогата. Sometimes we should just let people rest in peace. Или барем филмовите со нивно име да не се дехуманизирачки. Фетишизирано, dare I say. Ако јас ова го прам некогаш, сакам на мојот биографски филм да е.
Не е фетишизирано, туку е обид да се пренесе траумата до публиката, во форма која би им била најблиска до она 'тебе да ти се случува'
@Celltica, кога станува збор за old hollywood, се водам по она, оддели го уметникот од уметноста, бидејќи ако навлезеш ептен во приватноста на актерите и режисерите во тоа време, ќе сфатиш дека сликата што ја имаме за истите е ептен искривена. I guess, не знаеле за подобро.
Абе жртви се на опресија. Жена во Холивуд во тоа време е марионета во рацете на богати мажи. Арно шо го измислија интернето, па не се поќе монопл во филмската индустрија.
Не знам зошто се споредуваш со женава. Стварно непотребно. Да, жртва била. Млада жена во скроз друго време, тешко минато и трауми, сама во свет доминиран од мажи. Ниту некој ја прашувал што сака ниту имала избор да бира кога веќе влегла во индустријата. Тотално ја искористиле. Холивуд е големо зло и лесно е од страна во 2022 да речете абе лабилна била што не рекла не. Друго е кога малку ќе се потрудиш да видиш под површината на цел тој гламур и богатство.
Сцената на аудицијата за Нел.. Ти текнува како сценаристот кажа, дека ова може да го одглуми само оштетена личност.. А режисерот ја гледа и вика : Види каков газ има.. Кажува дека читала Достоевски и се смеат во фаца, ти си читала Достоевски. На крај ја полудеа додатно.. Со инекциите за смирување после губење на бебето ( абортусот со првто и беше траума, може не било баш така меѓутоа симболично прикажува суровоста на Холивуд). И до крај ја оштетува загубата на бебето со Милер. Абортусот од Кенеди за кој и од други имам читано многу убаво прикажа дека со неа си правеле како сакале, дека она не била тука да каже што сака. Да има глас. Не Мерилин не е за да мисли, не е за да знае, таа треба да е кукла, да носи пари и мажи да дркаат неа.
Не се споредувам, сменети улоги се тоа. Во било кое време ако не сакаш ќе речеш не. Со сила не мора да биде Мерилин. Можела норма да биде. Ама сакала слава така да не, не е оправдување.
@LiliBoz до сега имаш читано за Мерилин, за животот за се ? Овие филмови не се цледаат од аспект Јас вака ќе правев јас онака ќе правев. За да ја разбереш треба да и влезеш во траумите.
И значи ако сакала да биде глумица, имале право да ја силуваат? Не ме заебавај и ти. Исто ко муабето: Ами му влезе в кола, сама е крива. Еве, јас му влегов сама в кола и ме силува. Да си пријавам самата дека сум крива шо ми се случи то? Аман веќе
Женава пораснала со ментално болна мајка, можно е да била и силувана уште како дете, немала никаква стабилност во семејството додека била тинејџерка зашто се селела од едно на друго место и ти викаш дека лесно можела да каже не. Ајде да бидеме реални. Плус и да решила да се тргне не верувам дека нејзиниот збор некој го земал за сериозно. Како што кажав, млада жена во тоа време била марионета, кој би почитувал што сака она? Битен бил профитот и цела таа слика. Сакала да биде позната, добро. Не верувам дека знаела што ја чека.
во ред. сеуште имам исто мислење. полошо од различно мислење е неприфаќање на туѓо мислење. смањете доживљај малце, посебно Вајлд што одма тргнува со таа во чива кола се качила .
Еве ви уште еден на темата Ај Мерилин, ами Џуди Гарланд низ што поминала? Амфетамини и давале од дете да ослаби и други работи. Зашто мајка и сакала ќерка и да биде позната и ја турка во тој свет.
Не викам дека не смееш да имаш друго мислење туку дискутираме. Ич не била во наивна ситуација ниту пак имала избор, тоа ми е поентата. Ко што кажав, Холивуд е зло.
Имаше избор чоек. Посебно кога се омажи. Зема богат маж, не е да речеш да нема за леб. Можеше да пресече. Ама не... сакала слава. Себе се ставила во вреќа за да доживее слава. И тоа и јас и ти знаеме дека не е најправилна одлука ..