Па цело време била на седативи зашто тогаш била Мерилин Монро со она забавено зборување и сонливи очи.
Дозволувала да ја искористат луѓето во нејзиниот живот, тоа да. Ама пак тоа не ја прави помалку жртва. Комплексна е психологијата и баш заради тоа и многу жртви не се гледаат како жртви, зашто им е нормално. Во тоа време, на која жена не ѝ било нормално насилство? Страдале, ама не гледале толку страшно на тоа. Скроз други размислувања имале. Затоа нас ни е сега чудно што сѐ трпела, зашто знаеме за подобро.
@Angie1432 се согласувам.. Ама Холивуд е суров и брутален и одвај чека некоја полабилна жена или маж за да го стави под нозе. Додека полни каси и носи пари се прават после се отфрлени, оштетени, кој зависник кој психички отепан..
Да, но и ден денес не дозволуваат да се заборави нејзиното име, па снимаат филмови за нејзе. Ни испраќаат јасна порака. Но што содржи таа?
Дека кравата што носи млеко не се убива.. Градат мит над нејзиниот живот, и после смртта заработуваат на неа. И на Елвис исто.. Тоа е..
Инаку уште нешто битно за филмов е тоа што не е баш точен...барем за тоа се бунат многу луѓе, дека е повеќе базирaн на измислена слика отколку на вистинската Мерилин. Знам дека не може секој филм да е 100% онака како што бил животот на личноста, ама за овој се збори дека е апла фикција. Така да јас малку со резерва го земам.
За тоа дека Мерлинка требала да рече не,сум читала дека жртвата доживува парализа на страв во таков момент и поради тоа не пружа отпор. Исто сметам а и во последно време низ таа психолошка призма ги гледам луѓето,дека нас како личности не оформуваат низа случувања во текот на детството и младоста,убави или трауматични искуства.Мерлинка е пример за тоа.Да не растела во таква средина,можеби немала да се стреми да го освои Холивуд.Можеби низ славата сакала да го добие вниманието што толку и недостигало од нејзината мајка,барајќи љубов со многу партнери барала љубов што од родителите не ја добила. Знам од документарци други и дека била зависна од секс.Се е тоа последица од нејзината психичка траума.
Филмот е ремек дело. Животот на Мерлин само таа си знаела како и е. Ама убаво е доловено психолошката страна, само кој да разбере. Ма да, многу кажувате дека имала избор, а во други теми оправдувате неверство и слично. Интересно
И јас имам слушнато критики за филмот дека не е воопшто точен до степен што е disrespectful за Мерлин Монро. Особено аферата со ЏФК, која е онака само машка фантазија на режисерот. Јас набрзинка го разгледав и не ми се допадна, навистина не е убаво да земеш историски лик како Мерлин и да ја напишеш според свои мислења и буквално фантазии.
Еве снимка кога се развела од Џо Димаџио. Видете ја каква е.. изгубена.. https://vm.tiktok.com/ZMFNVtNrc/
Кој ќе каже што е точно во филмот? Нема никој близок жив да разграничи вистина од измислица ради ефект. Како во Тома што направи измислената сцена за Љиљана. Филмот не ми е гледан, но имам многу документарни филмови гледано и знам дека Мерлин е убиена, а направено дека е самоубиство со додатни и набилдани приказни за навидно нејзиниот “лабилен” карактер. Се крие и никогаш нема да се дознае вистинскиот нарачател. Ја тргнаа, зошто најверојатно од толку лажење дека ќе ја земе за жена и здосадило и решила да излезе во јавност. Или пак овој бил толку затрескан по неа што ќе оставил се, па службите ја тргнаа, можеби и без негова согласност само за да не предизвика хаос во белата. За приказната дека била и со Роберт истовремено можеби е само покривање на Џон дека е љубовница на брат му.
А бе обавезно ќе ја земел за жена...Ај не си маштајте. Колку женаи имал он на страна му ги носеле на тацна.
Многу жени, а една е Мерилин. Покрај неа сите други паѓаат во вода. Можеби, а можеби не. Се е на претпоставка. Кој ќе ти каже што е вистина.
Дека ќе ја женел мало морген. А тоа си во право. Немала никој.. Филмот е фикција и полн со симболики за тоа низ што поминувала. А не е само она.
@nena2010 Една слика илјада зборови. Сигурно има и многу други докази и информации и стојат некаде во некој подрум означени како топ сикрет.