Мене филмот не ми се допадна премногу. Знам дека е филмот правен според книга за Мерлин Монро и има заради тоа поприлично фикција. Се е веќе познато и за неуспешните бракови, аферата со Кенеди, психичките проблеми и зависноста од лекови и теориите на заговор за нејзината смрт. Она што е фикција е тројката со Чаплин и оној другиот. Според историчарите била во врска со Чаплин прво, па после со другиот и тоа многу на кратко, но подоцна а не истовремено со двајцата. Може да се смета за точно и дека ја искористил главниот на студиото за да добие договор, иако тоа не е потврдено, но не било ни прв ни последен пат во Холивуд, ако се суди по поновите обвинувања кои излегоа со me too. Но не е фикцијата она што ми пречи во овој филм, туку што еднострано и селективно ја претставува Мерлин и тоа мене нервира. Заради тоа мислам дека не е добро претставена, а не заради нешто друго. Колку и да имала две лица, јавно и приватно, Мерлин имаше и позитивна, ведрина, бистар и остар ум. Воопшто не била толку несигурна и изгубена како што е претставена особено не пред да стане зависна од лекови и да попушти психички. Била многу паметна ама свесно се воздржувала да го покаже тоа зашто морала да го задржи имиџот. Од тој имиџ и заработувала и морала да се држи до него. Не била само згодна плавуша со постојани daddy issues. Не била психички растроена цело време. Ми недостигаше духот на Мерилин во филмот. Најубавиот дел од неа ми недостигаше. Како да беше за некој друг сличен лик но не за неа. Толкавото инсистирање на секс сцените во филмот ми личеше ефтино. Сите сексуални чинови беа претставени за неа како нездрави, негативни и трауматични. Дури и со сопрузите беше заради тоа што копнееше по татко и или зошто имаше незрарешени трауми од детството. Синќир не била вистински вљубена никогаш. Искрено едвам го догледав до крај, зошто ми стануваше премногу досаден, цело време депримиран. Мерлин се обидува кон крајот на животот да го смени имиџот за себе и да се докаже како сериозна глумица способна да одглуми подлабоки улоги. Се борела за себе со тие од студиото да го напушти имиџот на глупава плавуша. Таман фатила во тој правец и почнала со такви улоги ама почина прерано. Ана де Армас ја гледав во Deep water со Бен Афлек еден ден пред да го гледам Блонд. И во тој филм исто како во Блонд е нагласена нејзината згодна фигура, сексот и голотијата а фали длабочина на ликот. Општо плиток филм беше и тој. Бен Афлек исто (како многу други пати претходно) не ми докажа ни сега дека го бива за глума btw. Откако го изгледав потоа и Блонд ми се наметна самото прашањето зошто оваа глумица толку сака да се слекува пред камера. Може не е така, ама таков ми беше впечатокот. Јас лично не ценам глумици што на тој начин се прославуваат. Финтите на Мадона се тоа. Таа прво понуди еротика, секс и настраност зошто тоа се продава и крева прашина а после научи да пее. Формулата за успех вклучува религија и некој скандал на таа основа (секс со светец во црква беше трикот на Мадона). Така да не би ме изненадило ако во иднина ја видам глумицава во филм со таква контраверзија.
Филмот го догледав вчера. Не требало да се вика Blond туку Whore blond. Мислам дека тотално погрешно е прикажан ликот на Мерилин. Испревртено е се и изрежирано само да се претстави во негативно светло. Начинот на кој таа го завршува животот т.е позицијата во која е пронајдена е сосема различна од вистината која е поткрепена со докази. Денес секоја втора девојка и жена во филмската индустрија го минува истото, па дури и полошо. Голем дел од нив се храбри и излегуваат во јавност за да гу откријат сексуалните предатори. Поголем дел одлучуваат да молчат зошто немаат подршка и се плашат од осуда. Една од нив била и Мерлин, сама и напуштена од сите.
Gledav eden postar film so Ana, tamu imashe toples scena. Pa neli devojkata si e latina, a za latinite vazhi deka se poslushni na mazhite, odnosno, kako kje reche rezhiserot, taka. Shto znam, mene golotija ne mi prechi. I ja bi se soblekla za popularen film
Мене филмот и покрај тоа што траеше предолго, ми беше интересен и убав, само како што се наближуваше кон крајот, се изгуби малку од впечатокот. Сцените со голотијата делуваа сосема природно, не видов ништо вулгарно искрено, тоа е човечкото тело. Животот на Мерилин не сакам да го коментирам, има еден одличен цитат во самиот филм: In California, you.... can't tell what's "real" and what's "just yourself". Но ете, Џејн Расел на стари години има изјавено дека се обидувала да ја зближи и социјализира Мерилин со своите пријатели, семејни луѓе, кои таа едноставно ги избегнувала, не била тој тип. Се сведува на избор, но и изборот е кондициониран, навика и тоа е тоа, џабе преписки како постапувала жената, и онака е 60 години мртва. Може некој за себе да извлече поука, а осуди се излишни.
Публиката не го сфати филмот. Од конзервативност изреагира бурно на тројката, голотијата и сцената со ЏФК, и не размисли. Не е намерата со филмот да ја посрамотат Мерилин Монро и да ја претстават како к#*#@. Секој што ги читал нејзините дневници, знае дека Мерилин имала либерални ставови за сексот. Но, не мора да и се пристапи како кон реална личност (ниту на Кенеди for that matter) за да се разбере што сакаат авторите да пренесат. Не е проблемот Мерилин, а мислам дека не е ни Холивуд, туку проблемот е во голем дел од машката популација, што едвај чека да сретне жена со која може да манипулира за да ги задоволи нагоните и да лечи комплекси изживувајќи се. Секоја жена налетува на вакви, но не секоја е свесна дека треба да ги одмине и да се заштити. Мерилин беше трауматизирано, занемарено дете, малтене сираче, желно за ускратеното внимание. Немало кој да ја насочи и воспита, што ја направи идеален плен за токсични мажјаци. Општеството треба да се разбуди, и конечно да престане да ги создава и одгледува. Поназад прочитав плукање по мајка и, а таа ако знаела што прави... жената беше ментално болна. И за неа требало други да преземат грижа и одговорност, на пример, тој што и направил дете и ги напуштил (ако бил и тој здрав и способен да се грижи за некого) Што се однесува до тројката, ако немала со тие двајца, можеби имала со други, ништо чудно... се зборува дека ирл, Чаплин Џуниор бил изневерен од Мерилин, а во филмот тој изнудуваше пари од мажот и (Џо Димаџио), за да не ги објави нејзините голи фотографии. Затоа велам да се прави извесна дистинкција помеѓу личностите и ликовите. А околу Кенеди сакав да напишам... Којзнае на кого толку згрешил овој претседател, прво атентат, после 40-50-60 години претставуван како сексуален манијак во многу филмски проекти. Ама како и да е, можеби навистина бил човек што замарал глумици. Не планирам да бранам политичари и не мислам дека им е потребно, тие секогаш имаат верна следба, без оглед на се.