1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Booking.com

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Marick14, 10 мај 2016.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Booking.com е онлајн веб-сајт за сместување и резервација.Започнал како мал start-up во Enschede во 1996 година, со седиште во Амстердам, Холандија, а од 2005 година во сопственост и управувани од страна на САД на Priceline. Оперативниот центар се наоѓа во Bellevue, WA, Соединетите Американски Држави.

    Темава служи општо се што е поврзано со booking.com.

    Јас имам еден проблем.
    Уплатив во Грција за Велигден преку Букинг. 15 дена пред да одам. Платив со картичка. Ми ги повлекоа парите веднаш од картицата. Одам во градот кај што бев сместен и ми викаат таму дека не е платено. Пишувало и на листот што го отпечатив од букинг. Е добро, платив на рецепција пак. И на рецепција ми рекоа дека парите ми се кај букинг и треба да ми се појават на картичката 2 дена откако ќе се одчекирам од хотелот.
    Поминаа веќе 10 дена, а парите ги нема. :|

    Што да направам? Каде да си ги барам парите? ;(
    Дали хотелот може да ми направи превара?
    Станува збор за еден од појаките хотели во Европа што го има и кај нас.
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Бев во Лондон и си резервирав во хостел преку booking. Полесно здравје Ви го препорачувам - сигурно е и едноставно. Најдоброто е тоа што повеќето од сместувалиштата нудат да си резервираш без да платиш (односно да платиш на лице место). (y)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.533
    Пол:
    Женски
    Ги користам често и никогаш не ми се случило нешто како на Marick
    Немаш доказ за уплатата?
    Ако ти одземале од сметката требаше не требаше да им плаќаш таму, тие си имаат работа со букинг, нека се расправаат со нив.
    Им пиша на букинг?
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Им пишав и ми вратија за пинот. Им го кажав и не ми вратија.
    А и во Бугарија имам лошо искуство.
    Резервирам за еден хотел, и после се јавувам во хотелот за да прашам за нешто друго и ми викаат кога резервиравте и што соба, им кажувам и ми викаат дека се е фул. И после им пошувам на Букинг и ми се јавува бугар од Букинг од Англија.
    Ми вика извинете ама закаснивме ние, не видовме дека хотелот е целиот резервиран. Ми бараа нов и ми најдоа во таа близина што ми требаше, но не ми се допаѓаше. Потоа синрезервирав друг преку Букинг. Оштета не ми земаа за вториов што го откажав зошто нивна грешка си беше.

    А за првиот проблем веќе го изедов стапот, не од Букинг туку од ФБ ми ги земаа парите. Ама врќе бидна. Нема назад парите. ;(
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.533
    Пол:
    Женски
    Како успеа бе од ФБ да наебеш? Цар си:D8)
    За вакви проблеми треба да досаѓаш нон стоп. И да им се заканеш дека ќе преземеш правни мерки.
    А не еднаш да пишеш и да чекаш.Еве јас сега мака мачам со Пегасус ама ќе биде по мое..само 3-4 дена поминаа..:rofl::devil:
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ај на овие Букинг им пишав и ми вратија, па после ми се јавија. Ама од ФВ дека рекламирав еден сајт, ми пишале дрка имам дуг кон нив. И кога ги ставив парите на картицата, наместо Букинг да ги задржи како гаранција, ФБ ги лапнале. Им пишував ама џабе. А се најнормално се плаќав. Дугот онака од ракав го извадоа. Пазете се кога огласувате нешто на ФБ со картица.
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.912
    Допаѓања:
    18.015
    ^
    Нема ништо џабе :D Убаво си пишува на фб дека секоја реклама се наплаќа одредена сума, како на пример 2 или 5 долари за еден ден, ама кој да прочита,само да се рекламира и да се збори после како на*бал..
    Инаку во чест на темава на господинот Марик, да кажам искуство со Букинг, до сега 2 пати имам резервирано, еднаш во Hotel Bojur & Bojurland во Банско, Бугарија, по ептен поволна цена , немаше никаков проблем се си беше како што беше предвидено, одбравме опција директно во хотел да им платиме, но заради гаранција имавме оставено и податоци од дебитна картичка. Втората резервација ни беше во Метаморфози, Грција во хотел 4-you family appartment исто по доста поволна цена, се беше во ред, немаше опција да одбереме како ќе платиме, но преку букинг со сопственикот на хотелот се договоривме директно во хотел да платиме. Исто имавме оставено податоци од дебитна картичка.

    Инаку пишува на Букниг дека после 5 направени резервации следува изненадување, па ако имал некој искуство со ова да ми пише што би било :D дали некој попуст или сл.
     
  8. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.155

    После 5 направени резервации ќе добиеш статус genius што значи дека во одредени хотели букинг ти дава попуст од 10 % и најпрво тие ти ги прикажува. Исто и добиваш можност за покасно одјавување од хотелот. Јас сум презадоволна од букинг, до сега се било коректно не сум имала никаков проблем.
     
    На Vladus и Petra777 им се допаѓа ова.
  9. mari4e.19oo

    mari4e.19oo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    а дали некој до сега резервирал преку tripadvisor и како е задоволен? гледам мн убави вили нудат, резервирањето е исто како на букинг?
     
  10. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    4.780
    Пол:
    Женски
    Што значи service charge на Booking? На некои хотели го има, а на некои не.
    Најдов ефтин смештај, ама ми бара плус уште 35€ за service charge. Секогаш резервирам преку Booking, ама прв пат се среќавам со овој поим.
     
  11. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Препорака за сместување во Хановер (Германија)?
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.533
    Пол:
    Женски
    Јас бев сместена еднаш вo Hotel city panorama и еднаш во Cityhotel Thüringer Hof Design Hannover.. така на букинг се пишани.
    Солидни се. Особено вториов повеќе ме бендиса
    Околу 80 евра беше за двајца..
     
    На MIA-SK и Animali им се допаѓа ова.
  13. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Фала многу за одговорот. Во терминот кога ќе одиме, нема место во овие два. Ќе одиме 3 пара, па е малце посложено да најдеме сместување.
    Приметив дека во Хановер е некако поскапо сместувањето од други градови во Германија, под 40 евра ноќевање (без доручек) од човек нема.

    Штом си била, те молам препорачај ми што е вредно да се посети, каде да шетаме? Немаме никаков план.
     
  14. Vladus

    Vladus Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    113
    Ни јас до сега сум немал никаков проблем со букинг. Полесно е и мирна глава, гарантирано (барем до сега било така, понатаму ќе видиме)

    Р.Ѕ. Ако некој сака да се регистрира на букинг еве линк од мене па со прва резервација двајцата ќе добиеме 15$ награда.
     
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.853
    Допаѓања:
    21.124
    Пол:
    Женски
    Дечки може некој што повеќе се разбира во booking.com да ми пише пп да прашам нешто.
    Ме буни нешто, односно ништо не ми е јасно.
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.533
    Пол:
    Женски
    Па прашај јавно тука, за тоа е темава а не за лп. Еве ветувам ќе се обидам да ти одговорам ако знам
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.853
    Допаѓања:
    21.124
    Пол:
    Женски
    Малце е долгичко. Ќе пробам у пократки црти.
    Барам апартман и пишувам 2 возрасни и едно дете 2 год. Наоѓам и цена ми одговара, ама... кога разгледувам наидувам на дел каде пишува дека деца плаќаат 10 евра од ноќ(или 5 зависи кој апартман) и дека тоа се плаќа таму накнадно. А сум го внела детето уште на почеток и како за такво ми дале цена нели.
    Или, пример пишува дека деца не плаќаат ако се во постоечки кревет, ама ако пишам само 2ца возрасни е една цена, со дете друга.
    Пример има некое пишува едно дете под 6 бесплатно, сите под 2 бесплатно, а пак дава различна цена за сами и за со деца.
    И сега, дали пример ако резервирам како што си пишувам, 2 возрасни 1 дете ќе ми наплати само онолку колку што пишува од сам букинг, или и плус за детето(како што им пишува доле).
    За бебе од 5 месеци зар ќе наплати 10 евра од ноќ?
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ова што го пишуваш не ми личи на букинг, повеќе на агенции кои под цена пишуваат уште триста работи, клима се доплаќа, ваква такса, онаква такса, кревет... На букинг досега не сум имала вакви дилеми, пишуваш колку луѓе сте и ви дава цена за толку кревети. Едино ако си напишала за тројца а сакаш плус дополнителен кревет за уште едно дете тогаш може, вака не сум сретнала.
     
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.853
    Допаѓања:
    21.124
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190620-095405_Chrome.jpg
    Ама ај за второ дете ок.. тоа го разбирам и убаво си пишува едно дете бесплатно. Ама ме чуди баш делот кајншто вика дека за дете се доплаќа на лице место и не е урачунато во цената. Значи вика во постоечки кревет.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Првпат гледам, искрено. Дали се мисли дека детето оти е 2 години може да спие и на брачниот со вас па ако го користи и другиот кревет што е веќе во собата се наплаќа? Контактирај го сопственикот.