Не знам. Ептен чудно. И тоа само неколку вакви има. Баш тие што ми фатија око. Ок е да речеме каде што е различна цена со и без деца, ама па зошто тогаш викаат дека не наплаќаат за деца. Нема везе.. си најдов едно од букинг и на фб, па асално ми објасни човекот цена, фино и културно. Овде не дава да контактираш, туку откако ќе резервираш можеш да прашаш што сакаш. Дали е до стрикно овој објект си има таква политила што знам. Ама мене ми одмили да резервирам преку ова. 4ца возрасни се окозивме читајќи и барајки секаде некоја фора. На едно место плус 100 евра за бебе од 5 месеци. А не барам хотел, па да е по лице цената. Туку апартман. Не барам ни плус ни минус кревети. Пишува за 5 луѓе, пишувам 2 возрасни пример 170 евра, 2+2 260 евра. А 5 кревети има.
Многу често букирам на Booking. com и генерално сум задоволна, најлесно ми е да си букирам за колку дена сакам јас, а не преку агенции да ме обврзуваат со аранжмани од 7 дена, можеби сакам подолг или пократок престој. Понекогаш дополнително се јавувам во хотелот за повеќе инфо.
Јас досега имам позитивно искуство со букинг, многу ми е по практичен од било која агенција, за кога сакам тогаш, не сум ограничена од агенции мора тогаш и тогаш, толку и толку дена, ова сама си букирам што сакам кога сакам.
Дали некој има искуство со букирање апартман во охрид преку букинг? Дали ми е сигурно резервирано или треба да исконтактирам со сопственикот за да се осигурам?
Штом сопственикот има договор со booking.com, значи мора да биде сигурен и смештајот, нормално како и за резервација во странство. Ако сакаш да си најсигурна, можеш и да се јавиш, ама мислам дека е ок и со самото букирање.
Јас за Барцелона така одев, хотелот беше релативно блиску до аеродромот (10тина минути возење), и ништо не платив додатно. Си имаат тие вкалкулирано во цената
Е јас станче преку букинг планирам да резервирам, на некои од понудите има шатл, ама има и во сумата плус за плаќање некои дополнителни такси. Во право си, обрачунато им е.
Имам Спојлер: линк https://www.booking.com/s/11_6/493a9650 со 10% попуст за резервација направена преку Booking.com ако сака некој да го искористи. Често добивам вакви пораки, а сигурно и на вас ви стигнуваат, па најдобро да ги споделуваме тука за да си ги користиме ние што ја употребуваме платформата
При букиран смештај за двајца, ако прв пристигнува во смештајот тој што НЕ го направил букирањето, дали треба да приложи нешто? Би имало некаков проблем?
Доволен е кодот кој ти стасува на маил одкако ке направиш резервација. Но на мене никогаш не ми направиле проблем, име и презиме кажуваш и тоа е тоа.
Сакам да прашам за да резервирам на боокинг кој бројки од картичката ги пишувате вика 3 или 4 кај се наоѓаат
Едно прашање... Зошто на букинг е поефтино, него кај хотелот директно. Најдов и резервирав хотел 9ноќи. 284евра на букинг, а од хотелот на фб,кога прашав ми рекоа дека е 50е од ноќ. Нема да ми наплатат таму ваљда повеќе .. иначе на потврдата си пишува таа цена. И уште нешто,пишуваше за доручек дека е опционално, а во потврдата пишува 7 е по човек од ноќ, ама не стои опционално. Имам време за бесплатно откажување на резервација, па се мислам да не има финта кога ќе стигнам таму.
Нема шанси, колку ти каже на букинг, толку е. Единствено да разгледаш поубаво точно каква соба сте избрале и што се нуди собата, некогаш погледи, тераса имаат врска нели. За појадокот не знам, можеш да прашаш, ама се сомневам дека ви е наплатено во цената, ако спаѓа и појадокот во цената веќе е некако преефтино.